Во автобусот имало 4о патници од кои 10 се секако сведоци, ако биле кренати неможе со 10 изјави дека биле кренати да го наместат дека биле спуштени.
Ја имам лоша навика, на пешачки кога ми е зелено да гледам лево десно, на железничка пруга и кога рампите се кренати да прикочам и да гледам лево десно, и на зелено на семафор кога сум меѓу првите во лента да гледам да не брка некоја будала тазе жолто.
Од она што го читав, се работи за премин кој дозволува големо видно поле, рамнина.
Не верувам дека рампите биле спуштени, зашто меѓу спуштени рампи тешко се маневрира со автомобил, да пробаш да поминеш со автобус е крајно дебилно, и во исто време, тешко за да се изведе таков маневар ради блискоста на рампите и цик цак движењето.
Дилемата ми е, има случаи во кои рампите не се спуштаат, но даваат звучен, и тоа многу гласен сингнал, како некое ѕвонење дека ке помине воз.
Доколку и тоа не работело, како на шоферот му успеало да не види ВОЗ, тука е невидена рамнина?