mislam deka treba da bideme gordi na ovoj klub a ne da ne sramat nekoi poedinci zatoa sto ova e klub koj se gradi so godini i ima renome i vo nego clenuvaat vistinski ljubiteli na avtomobili i....
Здраво Даме.
Ко за почеток, ниту ме знаеш ниту јас те знам тебе. Тоа бело Тико со огромна кар клуб налепница на предно стакло и една помала на задно е мое.
КарКлуб се гради и ќе се гради со години и ќе членуваат уште многу љубители на автомобили, мотори и се што се придвижува со помош на експлозија.
Момците погоре те прашаа, а и јас ќе те прашам што се ти направило тоа бело Тико што е срам за карклуб? Или чисто онака затоа што е тико?
А дека некого сум удрил у последно време или слично па за тука да ме пишуваш не се сеќавам, а и ко што го гледам тикото преку прозор нема други удари освен тие дедо ми што ги направил (бог да го прости).
Само за инфо. Активен член сум уште на почетоците на овој клуб и богами досега никој се нема пожалено па дури ни администрација дека сум ги посрамотил со моето тико што ја носи налепницата.
Е сега можно е да сум прелетал покрај тебе со брзина многу поголема од дозволената ама не знам некој човек на форумов кој вози споро, по правила и прописи. Ако сум те извадил од памет т.е. сум ти пресекол пат или сл. извини ама за тоа има кочници или судар па полиција, европски, тепачки и ред други работи кои не би требало да се дешаваат доколку имаш малце подобри рефлекси од стар човек.
За крај, ако ти смета тоа што мојата кола е Тико и има карклуб налепница на неа, примам парични донации за нова кола не е проблем ако имаш можеш да донираш ако не таа е и таа ќе биде во блиска иднина.