Аууууу дизајн! Можело бре!
Шо знам... да, наликува на кунташот од наше време, ама дали треба да наликува? Ми изгледа премногу форсирање ретро. Убаво на око, ама не го оправдувам во денешно време. Барем не за суперавтомобил. Знам дека повеќето ќе фрлаат камења за ваква изјава, ама тоа е мое мислење. Исто како форд GT и GT40. Може да се напраи убаво ауто по модерни стандарди, и без да се копа 40 години уназад. Тоа е мајсторија за мене.
Инаку, ми се свиѓа. Малце дизајнот на Lambo ми е „Арнолд Шварценегер“ во однос на Ferrari 296 или Roma или Superfast, кои ми се како „Моника Белучи“, ама ми се свиѓа....
Ептен, ептен погоден. Уствари ова е како би личел прав Кунташ ако би бил со подобра лимска технологија (карбонска?) Направен.
Јас многу ги сакам овие работи: фиат 500, форд гт, ова, мустанг и остали ретраши. Бескрајно повеќе од модерни дизајни како: Трок, Ситиго, БМВ1, и слично.
Вакви работи само на рендер сме гледале и сме викале леле колку е јако. Голф 1 модерен имаше сега пред некое време.
За дизајн барем ретко да има нова кола а да не е базирана на нешто ретро, и да испадне убава. Има да. Ама ретко.