Автор Тема: Бел чад од ауспух  (Прочитано 14170 пати)

Отсутен Felipe

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Бел чад од ауспух
« на: 07 Јули 2012, 20:03:34 pm »
Здраво! Се надевам дека ќе го најдам одговорот тука, бидејќи со мајсториве јас што ги знам неможам да излезам на крај. Имам Хонда Сивик '96 и ми испушта бел чад од ауспухот. Кога ќе ја запалам колата нема чад, кога ќе почнам да ја возам дими но тоа може да се примети ако гледаш од страна. Кога ќе застанам продолжува да дими во место и полека прекинува дименњето. Ја проверив шипката за уље и од таму не дими ништо. Дали има врска тоа што катализаторот ми е изваден, го сменив задниот лонец и како да дими повеќе и последниов месец имам ставено уље за дотур, немам заприметено дали димеше пред уљето (мислам дека да). Кои се симптомите за ремонт кај бензинец? Колата си троши нормално бензин/плин е сега троши бајаги уље зашто дихтунгот кај вентилите треба да се смени и на картер, и менував некои прстени гумички каде течеше свежо уље од страната на моторот. Одкако е купена колата прв газда сум неможам никако да и го погодам уљето. Имам 207,000км поминато белким не е за ремонт, сум се возел во иста ко мојата со 700,000км па не и беше ништо. Инаку се друго е ок

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: Бел чад од ауспух
« Одговори #1 на: 07 Јули 2012, 20:10:06 pm »
Прво на утнато место ти е темата :), види каков е редот на форумов претстави се и админиве веројатно ќе ја стаат кај што и е место темата

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Бел чад од ауспух
« Одговори #2 на: 07 Јули 2012, 20:11:46 pm »
Да не ти троши и вода ?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54951
  • Махер
Одг: Бел чад од ауспух
« Одговори #3 на: 07 Јули 2012, 20:31:30 pm »
Да не согорува уљенце по малку?

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: Бел чад од ауспух
« Одговори #4 на: 07 Јули 2012, 22:41:37 pm »
Друже ти изгледа ги имаш менувано гумичките на вентилите (семеринзите) па ти стале неквалитетни гумици и си ја имаш маката.

Мој совет купи си комплет дихтунзи и плус гумици за вентили, ама да бидат квалитетни и појди кај мајстор да ти ги смени, не би требало да правиш комплетен ремонт, хондите имаат добри машини :) а викаш дека не ти дува низ шипка за уље што е добар симптом  дека не ти е продувана :) барем ти си и прв газда знаеш дали е прегреана, на колку време е сервисирана итн.

Какво уље и стави ?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43643
  • Il Moderatore
Одг: Бел чад од ауспух
« Одговори #5 на: 07 Јули 2012, 22:45:47 pm »
Обично:

Бел чад = вода во смешата што согорува
Плав чад = масло (мирис на запалено уље)
црн чад = несоодветна (пребогата) смеша (мирис на бензин).

За повеќе информации - стручен мајстор за хонди :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
Одг: Бел чад од ауспух
« Одговори #6 на: 07 Јули 2012, 22:51:11 pm »
+1000 000
bravo simo  ;)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34065
  • Таков е животот... јебига
Одг: Бел чад од ауспух
« Одговори #7 на: 07 Јули 2012, 22:53:32 pm »
+1000 Нуме браво по заслуга на Симо

Отсутен Felipe

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: Бел чад од ауспух
« Одговори #8 на: 08 Јули 2012, 09:26:11 am »
Извини нов сум па затоа имам утнатно, иначе немам мењано никакви гумици и моторот не е чепкан уопште, и не ми троши води, односно нормално е да дотурис вода на вакво време, но не дотурам многу вода. Ми рекоа дека ми бил нов ауспухот па затоа додека да изгорела бојата и сл.

Отсутен Felipe

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: Бел чад од ауспух
« Одговори #9 на: 08 Јули 2012, 09:32:18 am »
И заборавив ставив TITAN FUCHS 10W40, согорува уљенце бајаги одкако го користам titanot

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Бел чад од ауспух
« Одговори #10 на: 08 Јули 2012, 09:55:22 am »
Друже колку км имаш поминато од кога го имаш сменето уљето?
На шипката има ли паднато нивото, ако можеш гледај некое видео на јутуб да споредиш бојата на димот.
Или поедноставно иди позади кога дими и мирисни на што ти мириса тоа.
А што ти имаат кажано мајсториве дека може да е?
На 207,000 км не е за ремонт освен некад ако била возена без уље.

Отсутен Felipe

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: Бел чад од ауспух
« Одговори #11 на: 08 Јули 2012, 10:02:09 am »
мајсториве викаат нешто карика или слично, не се разбирам. А со уљето имам поминато 7000км, е сега пред да ме искарате за ова што ќе го кажам прво прочитајте :D Пред ова уље користев GM и на 7500 имав дотурено 2 литри, а со ова на 5000 км 2 литри. ми рекоа дека е нормално да троши толку уље зашто на јапанциве им страдало многу семеринзи на вентили и не ми препорачуваат да отварам таму. Ко демек боље да дотурам уље и цело време да имам поново него да стоело старото. ми нема логика и затоа барам искуства тука. никогаш не била возена без уље

Отсутен Felipe

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: Бел чад од ауспух
« Одговори #12 на: 08 Јули 2012, 10:40:58 am »
http://www.youtube.com/watch?v=rdHjSIPVsqA Како на клипов ми чади, пишува дека било причина горење на уље, ако е тоа кое е решението на проблемот?

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: Бел чад од ауспух
« Одговори #13 на: 08 Јули 2012, 11:57:57 am »
Гумици на вентилите се истрошени, мој совет оди до кај маршер (членот на форумот), ќе ти каже најубаво човекот или ќе те упати на добар мајстор за хонди ;)
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,177.0.html

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7784
  • Плинаш!!!
Одг: Бел чад од ауспух
« Одговори #14 на: 08 Јули 2012, 12:04:27 pm »
Ако ти чади вака како на клипчето, тогаш тоа е плав чад а не бел. Тоа значи дека го тера уљето низ ауспух и затоа толку многу ти фали уље, на 7500км да ставиш 2 литра е многу. Оди си на мајстор.