Убаво е количево, само рецимо за фамилија би било премногу мало...За овие пари јас би одел на Линеа...Со просто образложение барем според мене: Поголем гепек, поголем комодитет, европско возило, би требало да е поедноставно за одржавање, а и од искуство со фиат во последниве 4 години. Конкретно станува збор за Фиат Добло, едно со поминати 150 000 км и нема ништо од предница сменето...Бидејки е дизел, обичен има сменето 2 бош пумпи...На останатите две Добла кои имаат поминато по 45 000 со 1.3 ЈТД мотор, сем уље и филтри нема заменето ништо...Ги вози кој како стигне, се товараат се малтретираат, и нормално се во одлична возна состојба... За квалитетот на ентериерот немам баш некој пофални зборови, но според намената и според цената се задоволителни...Претпоставувам дека и Линеата би можела да понуди одличен одзив во поглед на цената за која се продава...