Е-бајкот е измислен за тој што сака да вози а го мрзи или едноставно не сака да се уморува
Ова го погоди скроз. И не знам што е погрешно со тоа - едноставно, сакам да ми е полесно возењето и низ град, и по угорници, и насекаде. Да стигнам таму каде што сум стигнал, без да се испотам. Особено корисно и практично ако возам не ради фитнес, туку ради потреба и практичност.
К** варен го погодил скроз. Си има е-бајкови за соодветна намена, и за соодветни потреби, ама не, сигурно е-бајкови постојат поради тоа што се мрзи тие што купуваат е-бајкови и нејќат да се уморуваат.
Aaa чорбаџи ти нешто се пронајде во муабетот и се налуте.

Примарна цел на е-бајкојте е помалку или ич да не се умориш. Или по песок и цемент ако одиш и имаш приколица за точакот, а не ти се пали колата.
Примарна цел на е-бајковите е да ти овозможат нешто повеќе од обичните точаци. Дали станува збор за перформанси, брзина, досег или помалку замор, зависи од потребите и преференците на купувачите. Али не, како што установивме, ако купуваш е-бајк, или си мрза, или нејќеш да се умараш. Тоа е, друго нема. Крај.
У нормалниот свет каде што има услови, можеш и деца или домашни миленици да возиш во приколица, и семејни тури со точаци да правиш, не мора песок и цемент да влечеш.