Е-бајкот е измислен за тој што сака да вози а го мрзи или едноставно не сака да се уморува
Ова го погоди скроз. И не знам што е погрешно со тоа - едноставно, сакам да ми е полесно возењето и низ град, и по угорници, и насекаде. Да стигнам таму каде што сум стигнал, без да се испотам. Особено корисно и практично ако возам не ради фитнес, туку ради потреба и практичност.
Не гледам никаква забава во е-бајк, нити па видеово (ќе) ме разубеди да земам таков точак за да не се мачам. Баш сакам да се мачам и да си ги надминувам границите, и да се гордеам со тоа. Кога ќе сум над 60-70 години, тогаш можеби би сакал е-бајк за да можам да идам по планини, а не би имал толку кондиција и нема да можам да издржам. Да не додавам дека е-бајкот го руши концептот на велосипедизам и не е еколошки.
Објасни ми зошто „го руши концептот на велосипедизам и не е еколошки“?
Го руши концептот затоа што велосипедот е алтернативен еко-транспорт и се користи со сопствената сила, без дополнитено загадување на околината, од тоа што веќе е направено за да се направи самиот велосипед. Кој мотор на батерии е еколошки? Ниеден, ем користи струја, која може и да не е еко, плус батерија која ја складира енергијата за да може да се користи. Со тоа имаш отпад штетен за околината.
За да на се најде некој навреден, во мојот пост зборев за е-МТБ, и на тоа се однесуваше и следниот пост. Значи за точак што се вози по планини, каде се мачиш да искачиш некоја височина и да уживаш во достигнувањето. Тие што педалат нагоре верувам заради истити причини како и мене се мачат, и уживаат во тоа. Кој не се сложува со мене, нека не се сложува, нека си вози е-МТБ кога е веќе достапен. Јас сум против е-МТБ и океј е да дискутираме и имаме различни мислења.
Дополнително, скоро прочитав тука еден артикл, дека зголемени се повредите со е-МТБ точаци од кога почнаа прилично масовно да се користат. Причините веројатно лежат во неискуството, те неможноста да се успори точакот на време при удолници поради тоа што е значително потежок него ли обичен МТБ, како и поголемата брзина ради електро моторот.