Едно кругче со мојата косилица низ град. Возено лефтерно, без пазење. Патот не е сниман, за да не го препознаете моето село, се гледа само километражата и брзиномерот. Потрошувачката е просечна и ресетирана на почетокот од видеото. Се извинувам заради тресењето, телефонот го држев со рака : )
Поздрав до Маријан
Поздрав ЛП, ептен ме расќефува кога ќе помислиш на мене, па макар прочитал и после еден месец
Само не сум Мар
ијан, тој е еден, Стојановски, а јас немам такви веѓи
Али не се љутам.
Во фино селце живеш чим можеш да држиш константна брзина (50-60) подолго време, без притоа да застанеш (немате семафори?)
Па дури и на двапати го изгоре до 4000
Не ги знам условите и приликите на патот, ама ако го намалиш времето на забрзување ќе ја бутнеш уште надолу потрошувачката (ова го пишувам врз основа на прикажаното во видеото)
Да возеше TSI при вакво возење ќе беше околу 5,5
Во меѓувреме во мое село, сабајле низ гужвите.
Едното возило е Леон 1.4TSI (бензин) другото Пасат 2.0TDi (дизел).
Рутата е речиси идентична.
Како предност на Леонот идат временските услови и килажата, но од друга страна имаше еден круг низ Центар вишак во однос на Пасатот што се гледа и од киломтражата и од просечната брзина.
Како предност на Пасатот иде дизелот.
Ниту бензинецот „нема шанси да е испод 11“.
Ниту дизелашот „ми троши 6,2 низ град“.
И тој и тој трошат според зададените услови на патот.
И точно дека дизелот е поекономичен во поглед на потрошувачка
Фала, позз.