Енивеј, темпомат е прекрасна работа. Ја поминав цела Хрватска со темпоматот закован на 158 по GPS. Опуштено и мирно возење.
Дефинитивно Темпомат е одлична работа.
Летоска Скопје - Опатија, Темпомат по цел пат. Дури и додавање/одземање гас го правам на волан во голем дел од патот.
Или ако треба нагло забрзување или кочење, само гасам темпомат од волан, па пак префрлам кога ќе помине моментот.
На долг пат, далеку сум поодморен со темпомат, од колку без. Дефинитивно не би купил возило што го планирам за некаков подолг пат, без да има темпомат. Дури на ново возило би инсистирал на Адаптивен Темпомат (една од опциите кај Mazda CX5 што ми се бендисуваше и ја имаше, а за жал ја немаше кај Honda -ва CR-V).
Инаку измерена потрошувачка на Citroen C3 II 1.4 HDI, градско возење, воглавно не баш долги релации:
6.4 l/100 km..
Кога беше потопло, просекот беше 5.3-5.5 l/100km
Кај HONDA CR-V просекот деновиве строго град ми е 11.6 L/100km.
поздрав
Дарко