Работата е дека кола на бензин, мораш да ја наполниш со гориво на бензинска станица. Немаш (легална) опција да ја наполниш дома.
Од друга страна, електричното возило можеш да го полниш дома - ако имаш услови, секако. Никој не го негира тоа. Ама при услови да ја полниш колата дома за екстремно ниска цена, не гледам зошто воопшто се споменуваат полначите на ЕВН. Симо ја купи колата баш поради тоа што може да ја полни дома и бидејќи разликата во трошок за гориво е огромна.
Инаку, забележувам дека сè повеќе луѓе кои купуваат стан и паркинг место, си бараат да им се изведе електрична инсталација (каква-таква) до паркинг-местото. Како што треба.