Lexus IS200 на плин ( 155hp, 2000cc, vvti, автоматик )
Еве бројки без штедење
8.4L/100km отворено ( 210ден/100км ) -утврдено на релација Битола(б.п.Црна Река)-Струмица (б.п. Лукоил на излез кон БГ). На автопат 120км/ч со темпомат, повремено до 160км/ч при претекнување. Остатокот со нормална брзина во рамки на дозволеното - по знаци, до 10-15% над тоа.
варира околу 10L/100km комбинирано ( 250ден/100км ) - потврдена многу пати досега, но не е идеално 50:50 (градска-отворено)
11.5L/100km градска ( 288ден/100км ) - бројкава не ми е потврдена, никогаш немам истрошено цел резервоар со градска, ретко останувам во еден град толку долго
Дополнителни детали:
-Гумите се напумпани под пропишаните 2.3 (на 2.1, за наши патишта со релативно ниски летни гуми 215/50/17)
-Тазе сменето масло(обично 5W30 купено од Грција по цена од 420ден/литар)
-Тазе исчистен систем за гас (сменети филтри и се што треба да се исчисти)