Последнава година сме поминале вкупно 20К км, просек негде 5.5 литри на 100, би дошло околу 1100 литри гориво, или околу 2000 еур.
Размислувањето ми беше во насока одењето од работа (каде има полнач) до дома (нема полнач) и пак до работа, што е околу 50 км јас кога возам, или 65-70 км сопругата кога иде на работа да биде со што помал трошок. Само до работа поминуваме околу 12000 км годишно, значи околу 660 литри бензин, или околу 1200 еур. Полнењето на струја би било бесплатно на работа, барем сега за сега.
И да останеме на 1 возило, да не купуваме второ помало електрично возило, кое само по себе не знам дали би се исплатело, макар и на лизинг било. Електрично поголемо возило исто не би било опција, ем што се многу пари, ем замарање со полнење кога ќе се иде на подолги патувања. Мада и хибридите кои ги спомна Луки се исто доста скапи.