Автор Тема: Познати дубари по сервисите и како да се чуваме од нив  (Прочитано 47779 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Сум чул дека дрога ставале во маслото... Секогаш да го отвараат кантичето пред тебе.

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Познати дубари по сервисите и како да с&
« Одговори #31 на: 27 Мај 2012, 15:42:12 pm »
Вака веќе може да разговараме на рајат без да сме оф топик, муабетот ми беше пред неколку години во овластен сервис за VW нема да го кажам кој и во кој град ми се случи истото тоа што Томи го кажа требаше да ја извадат шалтаблата заради промена на сензор за климатроникот без кој не ми работеше климата во возилото.
 Се договорив за цена ми рекоа 2000 денари што и не е скапо им ја оставив колата стоеше 2 дена вториот ден се јавив за да видам до кај е работата, шефот на сервисерите ми се развика по телефон  што мислиш ти тоа така оди што се јавуваш ние тука маки мачиме со шал таблата не седиме, ок после тоа другиот ден ми се јавија да си го земам возилото. Отидов ми побараа 4000 денари оти не мислеле дека е толку тешко да се извади шалтабла јас им реков дека толку имам пари ако ми кажеа претходно дека немаше да ја носам оти ми е скапо.
На крај платив 2000 денари го зедов возилото климата работеше без проблем арно ама многу пластични осигурувачи што ги држат пластиките од шалтаблата беа испокршени, после нонстоп крцкаа пластиките горниот дел повторно го извадив и украсните пластики на А стубовите ради што беа погрешно наместени. Ете толку е стручноста на овластените сервиси, не викам дека сите се такви ама во неколку наврати не знаеја да дијагностицираат прости дефекти.
А познавам луѓе кои работат со одредени марки на возила на кои што тие од овластените сервиси им пуштаат муштерии на кои што тие не можат да им ги поправат возилата.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
А бе STIG, вчера го слушнав истиот муабет за сервис на VW тука во близина на моето место на живеење, истата работа, не знаеле да извадат табла ради климатроник на GOLF ...

Иначе, на еден наш член е голфчето ... СРАМОТА!

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
@Rakun4e таа тема некако повеќе ми е за овластениве дилери и сервиси и нивниот несоодветен однос.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Dimac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 672
Моето лично искуство со овластениве сервиси е катастрофално.
 Корсата кога ми скрши брегаста осовина ја носам во Автомакедонија за да го откријат дефектот и после откривањето на дефектот во приемно одделение ми викаат дека една од можните причини за дефектот е тоа што 2 години не сум направил сервис на колата а сум  поминал 17000 км. Викам не е точно, возилото е сервисирано лани кај вас и од тогаш имам поминато 8000км. После долго натегање и карање се откри дека сервисот мој е заведен само во сервисната книшка, но НЕ и во компјутер кај нив. Веројатно некој си се почастил со комплет филтри и уље

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Последна дубара на која ми текнува е во сервисот каде го сервисирав камионот(повеќе гаражи се,поточно повеќе канали,повеќе мајстори и секој си има по еден канал)...Грк остава Хонда Акорд 2.0ТД од 98/99 година да му се смени ребраст каиш.Мајсторот му вели дека тоа ќе го чини 50 евра,Гркот вели добро,мајсторот кефој целиот и почнува да ја отвора колата.Гркот си замина му беше кажано другиот ден да ја земи колата,арно ама мајсторот му напрај 300глупости,односно кога го менуваше каишот стави штрафцигер на репери да не се измести палењето,го заборави штрафцигерот ја завергла и му искриви вентили.После тоа бараа вентили на старо од Скопје од незнам каде,му ја собраа колку да си замини од сервисот и чао пријатно.Наместо еден ден колата му стоеше една недела на канал на Гркот(кој го е*а ;D).

п.с Знам дека нема врска со официјални сервиси,али ете што можи да се случи,носиш кола на сервис и ке ти ја напрат пепел.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Не бе тука не е само за официјални, тука е за разноразни ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
A be toj sto saka da zastedi duplo plakja ponekogas. Na majstor mu se visi nad GLAVA i mu se zema pivo i se pie so nego. Ako ne se sprijatelis mozes da go jades.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Познати дубари по сервисите и како да с&
« Одговори #38 на: 27 Мај 2012, 20:11:33 pm »
Бугар, пивото на крај се дава. ;) во работа не е баш препорачливо ;D ;D ;D

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Kako i da e sekako mora da se dade i da se sprijatelis so majstorot. Vo sprotivno mozes da go izedes nemien.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Бугар ова иде во легендарни ;D ;D ;D


Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810
Abe makedonska rabota prevaranti i prevari na sekoj cekor ima. Eve jas ke spodelam edno iskustvo so vas. Go ostavam skuterceto na servis mi grebese nesto dole kaj prednoto trkalo ( gurtnite ne bile uste razvozeni i zatoa grebkalo ) , arno ama prethodno go polnam na benziska do kapace so benzin i mu go nosam na majstorot (vele-moto vo veles) i mu vikam majstore voa nesto grebka dole. Dojde go probase odma vika gurtnite se ostaj go dojdi za 1 saat ke gi dzirna so e kako e, sea sum vo guzva nemozam, da se rastereti malce rabota, ke go sredam. Odam posle 1 saat gledam benzinot padnat na polovina skoro rezervoarot.
Odma na benziska trk go polnam 2L tocno mereno benzin nema. Si vikam gledaj ciganska rabota za 150 den benzin, saka da me izgubi kako musterija so na sekoj 15 dena po 1L ulje od 600 den ke mu menjava celo leto. Duri ne mi se veruvase deka moze toa da e. Aj odma trk do kaj eden drug majstor prijatelce so go imam da go proveri da ne tece od nekoe crevce, da ne e puknat rezervoarot od negdeka, od kaj znaes kineska roba se e mozno. go proveri drugarov vika ne be nisto nema sansi da tece od negde. Nokta go ostaiv cel rezervoar poln kako so si bese taka ostana do sabajleto gram nemase isteceno.Si mislam koga za 150 den benzin mi izvadil od kaj da znam deka ulje mi smenil ko so treba, moze istoto mi go ostail i mi zemal 600 den pred nekoj den. Zatoa trk na drug majstor i 600 den za novo ulje, staroto dali bese smeneto dali ne, pojma nemam, ali so e sigurno sigurno e. Si vikam da mu se vratam da mu kazam cisto deka sum primetil, da ne misli deka neznam, deka sum budala, ama od druga strana si vikam aj ke me iznervira ke se staam u belja za 150 den i bataliv.
Muabetot mi bese deka Bugar ima pravo samo na vrat dremenje i nikako ostavanje kola ili bilo so povredno kaj majstor koj ne go poznavas, oti sekakvi kopilinja ima.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Ima nesto vistina vo ona sto go pisuva Bugar za majstorite vo pogolemive servisi..ako ne gleas sto pravat.

А бе STIG, вчера го слушнав истиот муабет за сервис на VW тука во близина на моето место на живеење, истата работа, не знаеле да извадат табла ради климатроник на GOLF ...

Абе ти викам јас за 2 години 4 пати менував сензор на брегаста на Полото во Порше. 4 пати ме оставаше колата на пат.
Исто така сменив и сијалици во Порше и новите светеа црвено. Еве ги сеуште светат црвено и ништо не се гледа ноќе, за среќа ретко ја возам ноќе.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Од прва рака ви кажувам,работев еден месец во еден официјален сервис на вњ ,вработен како магацинер,но работев од чистач,магацинер,потрчко па и како механичар од понеделник до сабота од 8 часот наутро до 19 часот навечер не осигуран за 6 000 ден. месечно.,и што видов.

1.Наплаќаат лонг лифе 3 масло,но ставаат некое кастролче точено од буре во шишиња од лонг лифе 3,механичарот кога ќе го промени маслото,тубенцата ги враќаше во магацин за пак да се наточат.Ова пред мои очи се случуваше.
2.Оставено возило на редовен сервис,му се јавуваат на газдата дека плочките се за менување,плочките до половина истрошени,му ги вадат му ставаат нови плочки,старите плочки ги ставаат на возила кои се на фирма и за кои не се води многу сметка а се наплаќаат како нови,ова и со многу други делови се правеше.
3.На некои возила кои се на фирми и за кои не се води сметка од страна на газдите се наплаќа дека се променети филтрите за гориво но тие не се променуваат.
4.Помнам дојде еден со голф 4 тди ПД,немала снага колата,имаше црево скинато,тие му го сменија цревото но му наплатија промена на сензор за воздух.
5.При ремонт на менувач во фактурата се наплаќаат комплет шелни,но од целиот комплет дали ќе се искористат 2-3 шелни,другите се враќаат во магацин,се порачуваат само употребените шелни,и така се комплетираат шелните.


И уште многу многу други работи кои сега не ми текнуваат.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Ауди, верувам дека вакви превари се прават во поголемиот дел од сервисите во МК, посебно првата превара.. ;)