Од Бардовци детето се носи у школо у Центар, од Соње детето се носи у градинка у Центар, па имало гужва, БТР ќе ја решел .. К ќе ја реши.
Ако децата од Бардовци и Соње си посетуваат училиште и градинка во истите населби каде што живеат, гужвата во центар ќе се намали значително. Нема да има потреба некој да транспортира деца низ центар до училиште/градинка со кола. Секое училиште/градинка е на 5-10 мин пешки од центар во центар.
Рестрикциите за движење во центар мора да бидат наменети за сите што НЕ живеат во центар, и кои што пристапот до центар може да им биде овозможен само со јавен транспорт.
Ако живееш во центар, имаш свое паркинг место, гаража, реално немаш проблем. Ако треба да се движиш во центар, користи јавниот превоз како сите останати.
Ако не живееш во центар, можеш да пристапиш само со јавен транспорт. Јебига.
Поентата е централниот дел да се направи скап, неатрактивен, недостапен за сите што парадираат со коли низ центар затоа што е дозволено. И во исто време го закочуваат сообраќајот за тие што живеат во центар, тие што од Делчево идат со кола на Клинички (на пример).
Ако сакаш да дојдеш најбрзо и најефтино од Ѓорче - Ново Лисиче до центар, само Автобус, точак, такси, тротинет, пешки.
Ако сакаш да идеш со кола нека биде отров скапо.
Државните институции и судови треба да се преместат на периферија од Скопје, во област каде што има пристап со автопат и каде што ќе има паркинг. Еве на пример во нивите после Идризово (тропам локација) каде што е сега новата судница. Еден комплекс со сите институции таму, голем паркинг и цела гужва ќе ја снема. Плус да не збориме за економијата што локално ќе се задвижи заради протокот на луѓе.
На тој начин низ централниот дел на Скопје ќе циркулираат жители, ученици, туристи, луѓе со исти потреби што дневно цирклулираат ни населба Драчево на пример.
Редовен, брз и достапен градски превоз е клучот за да се реши гужвата во Скопје. Така многу луѓе ќе се охрабрат да посегнат по Автобуски билет, наместо по клучеви од кола.
Сите горенаведени работи се решаваат со внимателно планирање и одговорно однесување на политичари/власти.
Проблемот со менталитетот „кај сакам ќе идам со кола, к*р ме боли за закони и гужва„ се решава во специјализирани ординации за психијатрија.