Автор Тема: Затемнетите стакла носат високи казни???  (Прочитано 61118 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6093
  • 69
Малку да отвориме дискусија за затемнетите стакла...
Прво се беше забрането, па ондак дозволено до некаде...
Со оглед на ситуацијава во државава, мислам дека контролите ке бидат ригорозни, казните големи и ке има многу интересни случки кога дел од колите ке бидат пратени на технички, машински итн за да се провери пропустливоста на фолиите, а потоа сопствениците ке си платат казни итн...

Еве неколку извадоци од дневна штампа...

Нова Македонија:

Казните за нестандардно ветробранско и странични стакла на кои ќе се утврди дека има дополнителна шминка се до 300 евра. Исклучок се автомобилите со кои се превезуваат високи владини функционери и возилата што се во придружба.

Увозот на половни автомобили од странство на многумина им создаде непредвидени проблеми зашто сообраќајните полицајци ги запираат и ги казнуваат возачите што управуваат возило со стакла позатемнети од тоа што го предвидува законот во Македонија. Попусти се забелешките дека автомобилот, онаков каков што е, е купен во Германија, Словенија или во некоја друга европска држава. Доколку биде утврдено дека ветробранското и страничните стакла не се според стандардите, казните се до 300 евра. Исклучок се автомобили со кои се превезуваат високи владини функционери и возилата што се во придружба.

- Во Словенија пред еден месец купив „БМВ“, спортска верзија, старо неколку години. Автомобилот има затемнети стакла. Таков е произведен во Германија. Никој ништо не правел на своја рака. Не претпоставував дека тоа ќе ми создаде толку проблеми. Деновиве ме запре сообраќајна полиција и поради тоа ме испрати на дополнителен технички преглед. Попусти беа убедувањата дека ништо не е променето откако е купен автомобилот, на што укажуваат и документите што ги приложив на увид. Сега треба да платам за техничкиот преглед и, згора на сé, казна од 18.000 денари оти стаклата наводно не биле според прописите - вели скопјанецот Благоја Лазаревски.

Со законското утврдување на уредите и опремата за нормална видливост полицијата ги заштитува возачите и пешаците. Статистички е утврдено дека дури четириесет проценти од сообраќајките се случиле поради дополнително затемнување на стаклата или лепење етикети од голем формат од надворешната стана на шофершајбните.

- Сопствениците на автомобили на чии стакла се залепени фолии и налепници или тие дополнително се преправани, ќе мора да го коригираат тоа. Постои овластена институција што може да издаде сертификат за исправност. Доколку сопственикот на возилото не поседува атест за затемнување на стаклата, сообраќајната полиција може да му ги извади табличките и да го испрати возилото на дополнителен технички преглед и истовремено да му напише казна на возачот - објасни Лиза Бендевска, портпаролка на СВР-Скопје.

Автомобилите со фабрички затемнети стакла, според Бендевска, поседувале втисната ознака за хомологација, па возачите можеле да ги управуваат без никаков проблем, бидејќи фабриката ги извршила сите потребни испитувања но доколку тоа не се косело со македонските закони.

Од „Новус“, единствената фирма во Македонија што е лиценцирана да врши затемнувања на автомобилските стакла, велат дека тие само ги изведуваат работите и за тоа издаваат соодветен документ, а дека завршниот збор го дава Машинскиот факултет во Скопје.

- Законот предвидува триесетпроцентно затемнување на ветробранското стакло и на оние кај возачот и совозачот. Тотално затемнување е дозволено на стаклата на задните две врати и онаа од багажникот. Подоцна се врши атест на Машинскиот факултет и за тоа се добива документ. Затемнувањето на стаклата се прави од повеќе причини, најмногу од безбедносни. Но има и такви случаи кога муштериите од нас бараат целосно затемнување на стаклата иако тоа законот не го дозволува, со образложение дека имале проблеми со кожата и дека не смеат да бидат изложени на директно сончево влијание - велат во „Новус“.

ВЕСТ

Според промените, затемнувањето може да биде делумно, односно на зад­ни­те странични стакла, како и на задното стакло е дозволена по­го­ле­ма затемнетост, и за тоа нема посебно пропишано правило, но предните боч­ни стакла и ветробранското стакло може да се затемнети најмногу до 7о отсто

Скоп­је врие од автомобили со затемнети стакла. Ако пред една година бе­ше вистинска реткост да се видат возила со затемнети стакла, и тоа беше при­ви­ле­ги­ја на службените возила, сега тие, практично, се секојдневна глетка.
До пред два месеца, законската регулатива предвидуваше единствено ми­ни­мал­но фабричко затемнување на стаклата. Само така автомобилите мо­жеа да поминат на технички преглед и да се регистрираат, а притоа сопс­тве­ни­ци­те да бидат казнети за затемнувањето.
"Ко­га пред три години отидов на редовен технички преглед за регистрација на ав­то­мо­би­лот, ме вратија бидејќи сум имал заштитни фолии. И покрај дозволата, издадена од МВР, за затемнување, сепак, ми беше наложено да ги извадам бидејќи немаше да ме пуштат на технички. Не се сеќавам колкави беа тогаш казните, но сепак не беа ма­ли. Сега, пак, нема никаков проблем. Комотно можеш да си возиш со затемнети стак­ла. Се разбира дека тоа нема да биде целосно затемнување, но сепак до висок сте­пен", вели жител на главниот град.
Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека се направени из­ме­ни во Законот за безбедност и оти повторно е дозволен одреден сте­пен на затемнување на стаклата. Затемнувањето е делумно, затоа што це­лос­но­то затемнување на стаклата сe уште е е забрането. Степенот на за­тем­не­тост на стаклата се одредува со А-тест од Машинскиот фа­кул­тет во Скопје.
"А-тестирањето се прави кај нас на Машинскиот факултет. Со помош на апа­рат, се одредува степенот на затемнетост на стаклата на возилата. На зад­ни­те бочни и на задното стакло е дозволена поголема затемнетост, и за тоа нема посебно пропишано правило во Законот за безбедност. Но за пред­ни­те бочни стакла и за ветробранското стакло е одредена за­тем­не­тост до 70 отсто" ,објаснуваат од Машински факултет.
Тие додадоа дека затемнувањето е најчесто со фолии кои фабрички се ле­пат уште во производството на автомобилите. Од Машинскиот фа­кул­тет објаснуваат дека по А-тестот надлежното Министерство ја издава доз­во­ла­та за степен на затемнување. (Љ.С.)


Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17278
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #1 на: 19 Април 2012, 22:44:01 pm »
Јас мислам дека репортериве од веснициве малце ги побркале брзините. Наместо 70% пропустливост, сфатиле 70% затемнување.

Од целиот текст, фактички на Машински без проблем ќе ти атестираат затемнето ветробранско стакло, но технички преглед ќе ти го прогласи возилото за неисправно и како отскок од стандардите.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54736
  • Махер
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #2 на: 19 Април 2012, 22:46:36 pm »
Фактички, нема никаква промена од последниве две-три години.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17278
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #3 на: 19 Април 2012, 22:51:02 pm »
Фактички, нема никаква промена од последниве две-три години.

Денеска или ја штедиш тастатурата, или го мразиш светот.

Така било? Се провлекувале луѓе? Не пуштале на технички? Објасни, можеби ќе помогнеш некому.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33897
  • Таков е животот... јебига
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #4 на: 19 Април 2012, 22:51:36 pm »
Море нека ги казнуваат. Аздисаа веќе.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6093
  • 69
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #5 на: 19 Април 2012, 22:55:19 pm »
Најлоша работа е тоа што почнаа да се возат коли со толку многу затемнети стакла што можеш да швајцуваш а да не расипеш очи...Нит знаеш кој се вози, нит што носи, нит што има...
Ако некому му смета сонце, нек се вози ноќе, нек иде нек се лечи...
Ја сум против црни стакла...Незнам дали од некоја гољф 4-ка некој ке извади калаш и ке ме изрешета на пешачки или слично...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33897
  • Таков е животот... јебига
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #6 на: 19 Април 2012, 22:58:24 pm »
Незнам дали од некоја гољф 4-ка некој ке извади калаш и ке ме изрешета на пешачки или слично...


Па тоа е целта бе Сале. На досадна кола Голф 4 дизел или Ауди 100 заменетите стакла со црни ѕидови е естетска модификација? Абе у затвор нека ги стрпаат што се однесува до мене.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #7 на: 19 Април 2012, 22:59:29 pm »
Најлоша работа е тоа што почнаа да се возат коли со толку многу затемнети стакла што можеш да швајцуваш а да не расипеш очи...Нит знаеш кој се вози, нит што носи, нит што има...
Ако некому му смета сонце, нек се вози ноќе, нек иде нек се лечи...
Ја сум против црни стакла...Незнам дали од некоја гољф 4-ка некој ке извади калаш и ке ме изрешета на пешачки или слично...


така така....... ај може да поднесам 10-20% затемнување .... другото се е бљак...

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6093
  • 69
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #8 на: 19 Април 2012, 23:05:53 pm »
Во принцип сите фабрички стакла се тонирани и се со УВ заштита...
И тоа затемнување е одприлике околу 15%, што е сосема доволно...
Најверојатно тие инжињери кои ја проектирале колата се попаметни од народната маса која сака да ја зацрни колата...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43367
  • Il Moderatore
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #9 на: 19 Април 2012, 23:11:25 pm »
Сале,
Нова Македонија - 24 март 2011....
Вест - 16 сеп. 2010
Не зезај, дај нешто барем од оваа година :)

Законот уште од пред некое време вели затемнување на предни странични стакла, до 30% (пропусност на светлина 70%), а на задни колку сакаш, ако имаш лев и десен страничен ретровизор. Фабрички затемнетите стакла имаат хомологација при внес од страна на увозникот, и на нив е назначено во проценти затемнувањето, ако е поголемо од 30%. Атестирање, односно испитување на затемнетоста ја врши Машински факултет или други акредитирани институции за испитување на сообразност (атестирање). Прво бараш од МВР упат за атест, па одиш да ти испитаат, па со резултатите одиш пак во мвр измените да ти ги запишат во сообраќајна.  откако во сообраќајната ќе ти пишува „затемнети стакла“ вака:



тогаш си и пред закон чист и никој ништо не ти може. Јас не знам дека настанале некои промени во последниве неколку месеци околу ова. За ова веќе имаше некои теми... потсетете ме, да поспојам све тоа :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен The Boy Next Door

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
  • Pug 205 GTI - the drive of your life !
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #10 на: 19 Април 2012, 23:17:01 pm »
Таман почнав да мислам да ги затемнам малку задните,и кога прочитав се предомислив,ама кога излезе Симо со докази повторно ми се врати мислата за затемнување на задните стакла. :D :D :D
Не возам брзо, ниско летам.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6093
  • 69
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #11 на: 19 Април 2012, 23:33:52 pm »
Јас само сакав да ја актуелизирам темава пошто слушнав некој муабети дека повторно ке биде актуелно растемнување на стакла...А тој атестот ке можеш вака сликан да си го урамиш :)
СО тој број што ти е заведен, можат во секое време да те пратат на машински и да ти направат мерење...
Што ке се случи тогаш ако мерењето не се софпадне со резултатот од атестот?

Него не можам да го најдам законот....
Тој ми треба...
Не вака...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3765
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #12 на: 19 Април 2012, 23:35:59 pm »
Vo princip ne e losa rabota zatemnuvanje na stakla, posebno za lik na posvetli nijansi na boi na koli izgleda dosta ubavo, megutoa so vika Sale moze i nekoj kalasot i da te izreseti od negdeka bez da vidis.
Od druga strana zosto da te puka ako si nevin i se nemas zamereno so nego, jas mislam deka od kalas od zatemneta golf 4 opasnost imaat samo policajcite i mafijasite, obicniot svet nema opasnost.
Od treta strana toj so saka da te puka, ke te puka i bez zatemneti stakla ;D ;D ;D ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43367
  • Il Moderatore
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #13 на: 19 Април 2012, 23:39:42 pm »
@SaleSK, Друго е ако се смени. Тогаш сите што имаат, ќе треба да ги извадат фолиите. Ама тие што имаат темни стакла хомологирани при увоз, тие ќе си останат темни. Ама јас се смоневам дека ќе се смени ова, бидејќи и европските регулативи се (мање више) исти..

@Roci, а па големо фајде ако го видиш тој што ќе те изрешета.......

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6093
  • 69
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #14 на: 19 Април 2012, 23:41:02 pm »
Конечно го најдов во Скужбен Весник на РМ од 12 фебруар 2010 на страна 9

2. Уреди и опрема за нормална видливост
Член 20
(1) Во возилата се вградуваат одобрени сигурносни
стакла кои може дополнително да се затемнат до тој
степен што пропустливоста на светлина на стаклото за-
едно со налепената фолија на него, да биде најмалку:
– 75% за ветробранското стакло и
– 70% за предните бочни стакла (кај возачот и сово-
зачот - пред „B” носачите).
(2) Одредбите од став (1) на овој член не се однесу-
ваат за тесната лента која се поставува на горниот раб
на ветробранското стакло, и која е наменета за заштита
од сонце.
Член 21
На стаклата на возилата не се поставуваат огледал-
ни фолии.

Член 22
Доколку стаклата на задната страна на возилата се
затемнети така што пропуштаат помалку од 30% свет-
лина, тогаш возилото треба да биде опремено со ретро-
визори на двете страни.

едит:
@Simo
Не е муабетот дали да има или не...По законов, со овие вредности на пропустливост на светлина, верувам дека секому ке му ја видиш фацата во кола...Не дека сакам некого да видам дека е убав, него чисто ради муабет...А и ради безбедност...
Иначе ме боли такво...Ако сака некој и со цигли нека ги заѕида прозорите или нека исече плек и нека го намести со поп нитни :)))
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.