Седечка позиција е смрт за кичма, за џабе Римјаните не јаделе лежејки
Туку ај оваа дешавка
2019 крај на август некаде, као ѓавол некој да ми се качил на грб, болење измеѓу плешки тоа кичмата.
Тргнав по патот од матичен па натака, снимаа, читаа, дијагнозираа, терапија онаа со струја, во меѓувреме си исчезнаа болките (7 дена без лекар/1 седмица со лекар)
Летово крај на Јули повторно истото, да истрпам или да одам на лекар?
Ај ќе одам, ионака 3 години се немав појавено, да види дека сум го преживеал Ковидо
Влегувам замаскиран, таа со 2 маски ме прашува што ми е, и велам грбот го осеќам као 2 полутки, исто као пред 3 години...
Таа ни едно ни две, еве ти упат за Ковид тест, јас ама докторке, кичма, сколиоза, ишијас, овој оно...
Си одлежав 1 седмица зандана дома поради позитивен тест
Кичмата помина по 7 дена