Поминав јас на чисто зелено лево накај Градска болница после Собрание , ама тој пред мене се укопа за да да пропушти пешак кој премина на црвено и јас останав на сред раскрсница и кога ете ти полиција одма после семафори " Господине, на жолто поминавте".
Му викам:
- сакаш да се докажуваме дека поминав на зелено , имам камера во кола ( а немам

).
- сакаш да се докажуваме дека согласно закон е дозволено на жолто да поминам ако не можам безбедно да го сопрам возилото.
- или ќе ме пуштиш бидејќи се враќам од крводарување?
Го немаше едно 2 минути, кога се враќа и ми бара крводарителска книшка.
Му покажав, виде денешен датум и се испративме.
Фино дете се погоди.
За тие неваспитаните имам и визит картица, нели...