Автор Тема: Што ако ви биде одземена возачката?  (Прочитано 52014 пати)

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2344
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #120 на: 03 Ноември 2025, 14:59:38 pm »
Јас цели 3 години веќе возам со возачка со впишана забрана, ме застанувале многу пати и само еднаш ме прашаа зашто ми била забраната.

Јас па во живот сум немал забрана, и на секое застанување ме прашуваат дали сум имал и одат да ме проверат.  ;D

Претходната возачка ја изгубив, ми издадоа копија и нормално датум на издавање 2022 а рок на траење до 2025та затоа што не се обновува рокот ако ја изгубиш. Буквално секое застанување беше муабетот за дали сум имал забрана за возење и по 15 минути чекање да проверат.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4574
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #121 на: 03 Ноември 2025, 16:21:27 pm »
Бесни аута возиш, затоа си им сомнителен. :)

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1464
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #122 на: 03 Ноември 2025, 22:43:47 pm »
И сеа коа се сефтосав со забрана 30 дена, доаѓа прашањето, што ако возам и што ако ме сопрат ? Казната каква е колкава е, и дали влијае за наредна казна за некаква повторна забрана.
Инаку ми остана и старата важечка РМ возачка.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7766
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #123 на: 03 Ноември 2025, 23:06:51 pm »
И сеа коа се сефтосав со забрана 30 дена, доаѓа прашањето, што ако возам и што ако ме сопрат ? Казната каква е колкава е, и дали влијае за наредна казна за некаква повторна забрана.
Инаку ми остана и старата важечка РМ возачка.

30 дена не се вреди за ризик. Имам пријатели што возат, со забрани од по 6 месеци, ама ако ги фатат, веројатно ке јадат година дена. 

Ја во Февруари ја одлежав, и таксито ми стана најдобар другар. Сите обврски што можев да ги одложам, ги одложив за по истекот на забраната.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1464
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #124 на: 04 Ноември 2025, 11:19:18 am »
Јас сепак би инсистирал на точна информација. Не веројатно и неверојатно.
Дали некој знае каде може да се види што е казата ако те фатат у тек на забрана. Дали е само парично или пак е со некакво продолжување одолжување.

Апдејт. Судски трошоци + дуплирање на времетраење на одземање.
« Последно менување: 04 Ноември 2025, 11:29:10 am yarre »

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2112
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #125 на: 06 Ноември 2025, 23:01:01 pm »
Кога ја одземаа на вујкоми комшија што е џандар на оделов за казни ме советуваше да се стрпи од возење зошто има многу што го злоупотребуваат возат и веќе чим ти е впишана ако ти ја земе на проверка ќе добие инфо дека има забрана и ке те третираат дека возиш како без возачка дозвола е сега која е казната за тоа кд не знам

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7092
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #126 на: 06 Ноември 2025, 23:09:11 pm »
Јас сепак би инсистирал на точна информација. Не веројатно и неверојатно.
Дали некој знае каде може да се види што е казата ако те фатат у тек на забрана. Дали е само парично или пак е со некакво продолжување одолжување.

Апдејт. Судски трошоци + дуплирање на времетраење на одземање.

Повели:

Член 342
(1) Возачот на кого му е запишана прекршочна санкција - забрана за управување со
моторно возило во возачката дозвола односно во возачката книшка согласно со членот
391 од овој закон, возачот на кого му е одземена возачката дозвола согласно со членот
340 ставови (1) и (3) од овој закон, возачот на кого му е одземена возачката дозвола
привремено на самото место согласно со членот 341 од овој закон, не смее во
сообраќајот на пат да управува со моторно возило за време на траењето на забраната,
односно за времето за кое возачката дозвола му е одземена.

(2) На правното лицe кое постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член,
ќе му се изрече глоба во износ од 100 до 1.000 евра во денарска противвредност - за
микро трговци; од 200 до 2.000 евра во денарска противвредност – за мали трговци; од
500 до 6.000 евра во денарска противвредност – за средни трговци и од 1.000 до 10.000
евра во денарска противвредност – за големи трговци.
(3) За прекршокот од ставот (2) на овој член, ќе му се изрече глоба и на одговорното
лице во правното лице во износ од 500 евра во денарска противвредност.
(4) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возачот
кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член. Покрај утврдениот
износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на
управување со моторно возило од шест месеци до една година, под услови и постапка
утврдени со закон.



Значи би добил дополнителна казна од 500 евра и дополнителна забрана за управување со возило ако го управуваш додека ти е активна забраната за управување со возило.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7604
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #127 на: 06 Ноември 2025, 23:15:13 pm »
И сеа коа се сефтосав со забрана 30 дена, доаѓа прашањето, што ако возам и што ако ме сопрат ? Казната каква е колкава е, и дали влијае за наредна казна за некаква повторна забрана.
Инаку ми остана и старата важечка РМ возачка.

Би требало да е овој член од збпс


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2804
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #128 на: 07 Ноември 2025, 09:33:18 am »
И сеа коа се сефтосав со забрана 30 дена, доаѓа прашањето, што ако возам и што ако ме сопрат ? Казната каква е колкава е, и дали влијае за наредна казна за некаква повторна забрана.
Инаку ми остана и старата важечка РМ возачка.

30 дена не се вреди за ризик. Имам пријатели што возат, со забрани од по 6 месеци, ама ако ги фатат, веројатно ке јадат година дена. 

Ја во Февруари ја одлежав, и таксито ми стана најдобар другар. Сите обврски што можев да ги одложам, ги одложив за по истекот на забраната.
Јас чекам пресуда, чекам да ме репнат, се надевам минимумот ќе го фатам од 30 дена. Судот ме предупреди дека во последно време од МВР се жалат на пресудите со минимални казни, така да ќе има влечкање кај мене, чекам првостепена, па жалба од МВР ако има, па Апелација, па ако ја укине повторно пред Основен суд....и така
Своерачен потпис ;)

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1464
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #129 на: 07 Ноември 2025, 13:22:24 pm »
Јас сепак би инсистирал на точна информација. Не веројатно и неверојатно.
Дали некој знае каде може да се види што е казата ако те фатат у тек на забрана. Дали е само парично или пак е со некакво продолжување одолжување.

Апдејт. Судски трошоци + дуплирање на времетраење на одземање.

Повели:

Член 342
(1) Возачот на кого му е запишана прекршочна санкција - забрана за управување со
моторно возило во возачката дозвола односно во возачката книшка согласно со членот
391 од овој закон, возачот на кого му е одземена возачката дозвола согласно со членот
340 ставови (1) и (3) од овој закон, возачот на кого му е одземена возачката дозвола
привремено на самото место согласно со членот 341 од овој закон, не смее во
сообраќајот на пат да управува со моторно возило за време на траењето на забраната,
односно за времето за кое возачката дозвола му е одземена.

(2) На правното лицe кое постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член,
ќе му се изрече глоба во износ од 100 до 1.000 евра во денарска противвредност - за
микро трговци; од 200 до 2.000 евра во денарска противвредност – за мали трговци; од
500 до 6.000 евра во денарска противвредност – за средни трговци и од 1.000 до 10.000
евра во денарска противвредност – за големи трговци.
(3) За прекршокот од ставот (2) на овој член, ќе му се изрече глоба и на одговорното
лице во правното лице во износ од 500 евра во денарска противвредност.
(4) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возачот
кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член. Покрај утврдениот
износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на
управување со моторно возило од шест месеци до една година, под услови и постапка
утврдени со закон.



Значи би добил дополнителна казна од 500 евра и дополнителна забрана за управување со возило ако го управуваш додека ти е активна забраната за управување со возило.


Изгледа ако колата е на фирма и фирмата ќе ја репнат.

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2621
  • Custom made interiors
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #130 на: 01 Февруари 2026, 01:12:38 am »
Јас сум репнат веќе месец дена на седум месеци...

Ме интересира дали забраната важи за надвор од државата?
Дали рецимо во Бугарија или Грција или друга соседна држава ти побараат возачка и забраната важи и за таму?

Отсутен MunjaA

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #131 на: 23 Февруари 2026, 16:39:43 pm »
Sakav da prasham vo vrska so odmizanjeto na vozacka skoro, toest lestoska na obikolnica bev faten so 156 vpisano vo kazna opasnost od 170, bidejki imanje vozacka za pocetnik vazelo 100 mesto 120 na avtopat. E sega prashanjeto mie jas plativ 1500 denari ili 1800 i mi beshe kazano od policaecot deka sum zavrshil nema sud nema odzimanje vozacka. Dali ova drzi voda ili ?

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7604
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #132 на: 23 Февруари 2026, 18:44:58 pm »
Sakav da prasham vo vrska so odmizanjeto na vozacka skoro, toest lestoska na obikolnica bev faten so 156 vpisano vo kazna opasnost od 170, bidejki imanje vozacka za pocetnik vazelo 100 mesto 120 na avtopat. E sega prashanjeto mie jas plativ 1500 denari ili 1800 i mi beshe kazano od policaecot deka sum zavrshil nema sud nema odzimanje vozacka. Dali ova drzi voda ili ?

Цитат
(5) Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска
противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се
регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на
возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 30 до
50 km/h
над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од
ставовите (1) и (2) на овој член.


Дали се пронапѓаш во овој член погоре, на обиколница дозволена брзина е 120км/ч. Многу е битно дали си под или над 50км/ч од дозволеното на автопат (под/над 30 низ град), тука е границата за одземање возачка.
 
Ова за возач почетник првпат слушам дека не важат истите гранични брзини. 

п.с. ова е стариот закон за безбедност при сообраќај. Со сејфсити мислам имаат нов закон ама не можам да го најдам на нет?

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7092
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #133 на: 23 Февруари 2026, 19:23:21 pm »
Sakav da prasham vo vrska so odmizanjeto na vozacka skoro, toest lestoska na obikolnica bev faten so 156 vpisano vo kazna opasnost od 170, bidejki imanje vozacka za pocetnik vazelo 100 mesto 120 na avtopat. E sega prashanjeto mie jas plativ 1500 denari ili 1800 i mi beshe kazano od policaecot deka sum zavrshil nema sud nema odzimanje vozacka. Dali ova drzi voda ili ?

Не би требало, бидејки по член 277 само добиваш казна од 200 евра бидејки возиш над 100 км/ч.
Да, возач почетник е ограничен до 100 км/ч на автопат, во град до 60, а по двосмерни патишта до 80 км/ч и секое прекорачување на брзината над овие граници е 200 евра казна.

Но не се предвидува во членот дека добиваш забрана за управување со возилото.

Така да штом те пишал 1500 денари, значи те пишал по пропис како за искусен возач, 45 евра која е во опсег 30 до 50 над дозволеното. Што си и за частење, наместо 100, си платил 25 евра.
156 е 36 км/ч над дозволената брзина по знакот, така да штом те пишал 45 евра, си платил 1422 денари упола, не би требало да ти стаса забрана, не е предвидено.

Отсутен MunjaA

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #134 на: 23 Февруари 2026, 22:38:38 pm »
Fala na info… sum spasil gz