Мое мислење е дека ова во добар дел е направено за заплашување да не се става плински уред на возилата, пошто на некој не му одговара во преден план да биде плинот него бензинот.
И доста од народот верува во тоа, абе плинот, тоа суво е, гори мотор, вака така, па ако гори мотор, ондак како температурата е во нормални граници ? Ја летоска на плетвар, со речиси целосна гас до крај го качував, па минимално отиде температурата над нормалниот опсег, а моторот и временски и технолошки е стар 40+ години.
А и ако навистина е така, не станува збор за заплашување, туку моторите се осетливи на плин, ондак пак моето мислење е дека тоа намерно се прави така да бидат осетливи на плин, исто поради онаа причина што ја наведов во првата реченица.