Јас колку што знам, рецесијата на вентилите во главата се јавува поради послаби материјали на самата глава и самите вентили/
Горењето на вентилите настанува, кога рецесијата ќе биде доволно голема за да не може вентилот комплетно да го затвори издувниот канал, бидејќи зазорот помеѓу вентилите и брегастата веќе не постои.
Решение за ова е едноставно и мислам дека може секој вичен мајстор кој обработувал глави да го направи. Тоа е да стави појачани ситсеви на вентилите (тоа се местата на главата, кај што вентилот допира), и вентили со подобар квалитет.
Еве ги и ситсевите:
Јас мислам дека ако имам возило кое ми е вредно и тешко за оправка, би ги направил овие промени пред да вградам плин, чисто превентивно. Отворање глава не е нешто што го расипува моторот, како што некои сакаат тука да прикажат
За другиот дел од дискусијата - не коментирам. Извадете си ги очите, па да зачистам глупости.
@onak i @losi patishta, ве молам да не ме ставате во глупи дискусии без потреба.
Едит: @Krell, како што кажав претходно, карбонските наслаги од бензинот служат како заштита на вентилите и ситсевите. Поради почистото согорување на плинот, овие наслаги ги нема, па почнува вентилот да удира директно врз лежиштето. Колку тоа може да го издржи самиот мотор - зависи од дизајнот на материјалите. Истиот проблем се јави и при премин од оловен на безоловен бензин. Потполно истиот! Оловото во служеше како дампенинг елемент помеѓу вентилот и лежиштето.