@AllMightyMe Цената е само за бекатон коцки. Башка ти е тампон 3-2-1, па рамнење/рака.
За оградата (и мене ми се свиѓа таков стил), ако сакаш да поминеш евтино, а добро, прави ја со некој комшија/мајстор, кој има апарат за варење и малку алат. Сега ќе ти нафрлам некоја груба математика и пресметка (од глава) :
На должина од 25 метра, да ги поставиш стубовите на растојание од 1 метро (а може и 1.5 метро), потребни ти се 25 стуба. Профилите се со должина од 6 метра. (Јоле има бесплатен превоз) Ти рече висина од 1.5 метро, па грубо речено тебе ти требаат 7 профила од 6 метра. Профил 40х40х2мм беше околу 900 денари за 6-метра. Ќе ти требаат и плочки на кои ќе се наварат стубовите, и потоа со анкер или ударна типла, одат во бетон. (Јас лично, би купил и 20х20х2мм профили, како ојачување, мада не е потребно)
Плочки ќе најдеш секаде, дали од отпад, дали мајсторот/браварот ќе ти ги направи, тоа ти е најмал проблем.
Даски ќе си купиш од стовариште, зависи која ширина сакаш.
1. Профилите да се исечат и заварат со плочки, потребно е 4/5 саати работа. (помалку до душа, он со ѓер ќе ги сече, ама да не го навредиш мајсторот)
2. Обавезно, фарбање со минимум и 2 раце боја. До сега што сум гледал мајстори, никој минимум не користи, и после 1 година паѓа бојата од профилот. (пред фарбање, убаво чистење со нитро или бензин)
3. Пак го викаш мајсторот, ги штрафи/поставува стубовите во цоклето, и мирна бачка. (2000ден рака на мајсторот)
4. Рачунаш какво дрво сакаш, која ширина. Купуваш од стовариште, и убаво зашитити ги. Дали садолин или фирнајз или лак, не се разбирам во ова.
5. Саморезни штрафови, и уште човек за да држи, и монтажа за еден викенд. (тане натенане)
Типс анд трикс : На реклама 5 може да начекаш профили или стубови. Имаш и готови даски, избичкани, твое е само да ги "заштитиш" или тонираш по желба. Исто така, има и мајстори/бравари, ќе се пазариш од услуга или дневница.
Јас би ја правел сам, поточно, само мајстор да ми завари, бидејќи немам апарат и друг алат.
Ем ќе поминеш најевтино, ем ќе ти е убаво бидејќи сам си ја правел, ем ќе се навлечеш после за други "проекти" .