Не мора да одите кај некој што има веб-сајт за ЕКО куќи, Монтажни куќи, ЕКО панели....
Немаат топла вода измислено тие.
Одете кај било кој Архитект, ќе ви направи подобра куќа од таа нивната. Материјалите се тие. Истите.
Исто ќе ве кошта, само ќе си имате проект како што треба.
Иако земите панелна куќа од КЕН, после за таа да биде легална и да биде поврзана на инсталации, мора да се направи проект.
Истата постапка, само обратно. Првен куќа, па после проект.
Пример за на овоштарник може да се стави ваква ?, Дали отпосле треба да се легализира и дали има некои ограничувања на димензии, материјал ? Струја и вода, соларно и бунар.
Исто ме интересира ако знаеш дали може монтажна да се стави на земјиште под закуп од државата, пример шума или земјоделско земјуште даено на користење, даваат на одредени години за лешник и некои други култури.
Можи, да. Има објекти кои се во служба на земјоделско земјиште. Дали се тоа објекти за чување на алат, штали, помошни објекти, објекти за промоција на производи итн... Во зависност од намената можи да се градат до 500м2 и 8м висина.
Ограничување немаш никакво, како класичен објект.
Сигурно можи да се постави на земјиште под наем, со тоа што ќе треба да провериш како оди постапката за тоа.
Не мора да одите кај некој што има веб-сајт за ЕКО куќи, Монтажни куќи, ЕКО панели....
Немаат топла вода измислено тие.
Одете кај било кој Архитект, ќе ви направи подобра куќа од таа нивната. Материјалите се тие. Истите.
Исто ќе ве кошта, само ќе си имате проект како што треба.
Иако земите панелна куќа од КЕН, после за таа да биде легална и да биде поврзана на инсталации, мора да се направи проект.
Истата постапка, само обратно. Првен куќа, па после проект.
Според тебе, што е најевтино, односно со кои материјали, за 50м2.
А контејнериве, нема ли да се водат како привремен објект, па да се прескокне процедура за дозволи и гео-планови. (трескам на памет)
(Бидејќи плацот/местото се води како земјоделско земјиште, а не верувам дека ќе има промена на урбанистички, за да се воведе во градежен реон)
Објекти кои имаат Наслов - Привремени Објекти - се објекти кои се користат за кратко време. На пр. контејнер на градилиште.
Барака поставена на плац, не е привремен објект.
Нека не те буни материјалот од кој е изработен објектот. Дрвена, лимена, бетонска, пластична..... куќа си е куќа.
За сите тие треба проект ако сакаш да биде легална.
Има услов како се прави и поставува објект на земјоделско земјиште. Види погоре што сум пишал кај Vladic
Иначе за цена на коштање треба да си направиш анализа според местото каде се гради. Ако има во близина бетоњерка и тула, глупаво е да градиш од дрво. Обратно исто така би било. Ако имаш во близина изобилие на дрво, не би се мачел да влечкам бетони и тули од далеку.