Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1476121 пати)

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2925 на: 17 Октомври 2014, 18:58:53 pm »
Кај мене куќата е ѕидана две 12ки блок со стиропор измеѓу нив а прозорците се рехау генео 6 коморен со 3 слојно четири сезонско стакло па можам да кажам дека изолацијата е ок. Во план е да се стави и од надвор стиропор. Наместо 15 да ставате само надвор можете и вака. 

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2926 на: 17 Октомври 2014, 19:08:51 pm »
Службен весник е најголема повраќаница која кај нас е препишана од некаде, а ни самите тие не знаат од каде препишале за 99% од работите.
За да една работа биде веродостојна за подрачјето каде што се живее има еден куп фактори кои треба да се земат во предвид.
Клима, местоположба, просечни температури, конфигурација на земјиштето, надморска висина, надморска широчина и должина и тн. Дел од податоците се земаат по статистика неколку години наназад и неколку децении наназад. Потоа сончеви денови, денови со ветер, воздушни струења, анализа на градби во и надвор од населени места. Да не набројувам понатаму.
Елем, пресметката е правена за Србија. Ајде да не земаме пресметки од Србија, да ги земеме од Грција. Може?
Пресметките се правени од некои си фирми...Дали тие персметки и дебелини на изолација ги пресметала некоја институција, или пак фирмата која ги произведува материјалите? Каде е тука пристрасноста?

Да не се разбереме погрешно. Јас не сум за да не се става изолација, него да се стави онолку колку што навистина има реална потреба!!!!
Прв сум што ставив одма прво изолација на куќата, па се останато.
Во предвид треба да се земе и градбата на самиот објект, односно со каква цигла односно блок е зидана куќата ако се работи за блокови. Дали е со блокови од Струмица, со 4 воздушни бариери, дали е од Куманово со 7 воздушни бариери, дали е термоблок-српско производство (со преку 10 воздушни бариери во него) итн итн.
Малтер, или пак изолација и гипс картон. Малтерисана куќа од надвор или директно на цигла итн итн.

Но како год, секој со својот памет и сваќања. Јас правев онака како мислев дека треба, и сега за сега сум задоволен со тоа. Од повеќе не боли глава, но некогаш е непотребно да се изложуваш на трошоци кои многу многу попаметно можеш да ги искористиш на пример за изолација во лето.
Инвестирај во ролетни, а не венецијанер, па да видиш разлика од 5 до 7 степени!
Без ролетни на прозорите а со 15 цм изолација на зидовите разликата ке биде = на 0 до 1 или 2 степени.
Понекогаш е битно да прашаш паталец а не гаталец.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2927 на: 17 Октомври 2014, 19:35:25 pm »
Ајдееее какви не муабети се изначитав.
Прикаските за фрижидери и термоси чувајте си ги за по дома. Не ги мешајте за во објекти.

Па и прикаските за тоа како порано бараките биле супер, а денес објектите не чининат за ништо.

Во еден објект (ѕид), систем на градење нема само стиропор. Има доста побитни работи од стиропорот.
Ме заболе мене што стиропор ќе ставите и колку. Јас немам ниту ќар од тоа ниту ништо.

Ако некој сака препорака да добие од стручно лице, нека повели. Не ми требаат филозофии да читам од секој и сешто.
Тешко на некој човек што стварно му треба помош.




Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2928 на: 17 Октомври 2014, 21:43:56 pm »
Баш така. И тешко на тој што ке треба све и свашта од секого да слуша.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2929 на: 17 Октомври 2014, 22:27:50 pm »
Уште еднаш
Еве да дадам мал придонес за темава. Кој не го мрзи да прочита, нека ја симне книгава: Tomislav Toth - Stedljivije Grijanje. Добра основа за сите кои не знаат, и потсетник за оние кои заборавиле.
Инаку според JUS U. J5.510 стандардот од 1987 година, во СФРЈ беше задолжителна топлинска изолација од 8(осум) сантиметри.
Значи, штовано пучанство, доста тресете глупости.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2930 на: 17 Октомври 2014, 22:57:47 pm »
Материјал?
Топлинска изолација е и воздух, како на пример.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2931 на: 18 Октомври 2014, 00:03:16 am »
Инвестирај во ролетни, а не венецијанер, па да видиш разлика од 5 до 7 степени!
Без ролетни на прозорите а со 15 цм изолација на зидовите разликата ке биде = на 0 до 1 или 2 степени.
Понекогаш е битно да прашаш паталец а не гаталец.
Дап, прозорите (нивната покриеност) се битен аспект за ладењето во лето, заради ефектот на стаклена градина и загревањето од сончевото зрачење. Но јас лично не ги сакам ролетните, најмногу пошто таа платнената врпца за спуштање/дигање на ролетните често треба да се менува (лесно се кине ако често спуштатш дигаш ролетни).

Јас кај мене би ставил вакво нешто како на сликите долу -window shutters, ама кога би нашол пластични. Дрвените сигурно се мука за стругање и префарбување секои 5-10годни. Што да кажам, сакам домот да ми биде со што помалку одржување... таму каде е тоа можно. :)




Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2932 на: 18 Октомври 2014, 00:18:28 am »
Мислам дека има и пластични...Ако не се лажам едно врме Лапласт ги изработуваше. Сега можно е да ако они ги немаат, да ги најдеш во Ролопласт.
Инаку врвка ко врвка, мора да се разреси па да се скине...Ама кај мене еве ги сега за сега се добри. Колку траат нека траат. Што помалку одржување, може на мотор, ама па со цените се во небо отидени...130 евра за мотор, механизам и монтажа, + ролетната. Значи глобално 150 евра од прозор за 1 квадрат. Инаку во OBI маркетот во Германија моротче за сам да си го монтираш со управувач чини 25 евра за ролетна од 4 квадрата. За поголемите е повисока цената, 35 па нагоре...
Каков дигитрон користат кај нас за електрични ролетни немам појма :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2933 на: 18 Октомври 2014, 00:23:48 am »
...дигитрон кастом направен за да ги урачуна факторите понуда/побарувачка+алчност.  ;)

Фала за информациите, утре им вртам на Лапласт/Ролопласт... само ако добро се сеќавам и двете фирми некако беа скупџии, ако не се лажам. Се надевам дека не го употребуваат истиот дигитрон од погоре. :)

Штета што не носат кинезите вакви работи, они се мајстори за евтини пластични работи.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2934 на: 18 Октомври 2014, 08:28:39 am »
Имаш вакви пластични кепенци од Рехау.
Кај ФилипВ ставивме ваква врата дупла.

За прозори нема да ти излезат скапо. Само да знаеш дека се фиксни ламелите.

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1317
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2935 на: 18 Октомври 2014, 12:10:54 pm »
ми треба влезна врата за куќа,дали пвц или плех.
каде има добар избор?
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2936 на: 18 Октомври 2014, 15:29:53 pm »

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2937 на: 18 Октомври 2014, 16:42:28 pm »
ми треба влезна врата за куќа,дали пвц или плех.
каде има добар избор?


Буквално истото сакав да прашам и за кај мене треба да ја сменам постоечката дрвена врата од пред 30 години.
Јас ги гледав вратите од проспера, цените не се лоши но не знам за квалитетот.

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2938 на: 18 Октомври 2014, 17:00:39 pm »
Кој Алумил, које п***е материне, гледајте профилот кои термички вредности ги има,
панелот украсен зафаќа 99% од вратата, што ако рамката има коефициент незнам кој,
ако панелот е ѓубре!

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #2939 на: 18 Октомври 2014, 19:32:23 pm »
Панелот на Алумил е ѓубре?


 :D :D :D :D :D

Браво!!
Секоја чест.