Службен весник е најголема повраќаница која кај нас е препишана од некаде, а ни самите тие не знаат од каде препишале за 99% од работите.
За да една работа биде веродостојна за подрачјето каде што се живее има еден куп фактори кои треба да се земат во предвид.
Клима, местоположба, просечни температури, конфигурација на земјиштето, надморска висина, надморска широчина и должина и тн. Дел од податоците се земаат по статистика неколку години наназад и неколку децении наназад. Потоа сончеви денови, денови со ветер, воздушни струења, анализа на градби во и надвор од населени места. Да не набројувам понатаму.
Елем, пресметката е правена за Србија. Ајде да не земаме пресметки од Србија, да ги земеме од Грција. Може?
Пресметките се правени од некои си фирми...Дали тие персметки и дебелини на изолација ги пресметала некоја институција, или пак фирмата која ги произведува материјалите? Каде е тука пристрасноста?
Да не се разбереме погрешно. Јас не сум за да не се става изолација, него да се стави онолку колку што навистина има реална потреба!!!!
Прв сум што ставив одма прво изолација на куќата, па се останато.
Во предвид треба да се земе и градбата на самиот објект, односно со каква цигла односно блок е зидана куќата ако се работи за блокови. Дали е со блокови од Струмица, со 4 воздушни бариери, дали е од Куманово со 7 воздушни бариери, дали е термоблок-српско производство (со преку 10 воздушни бариери во него) итн итн.
Малтер, или пак изолација и гипс картон. Малтерисана куќа од надвор или директно на цигла итн итн.
Но како год, секој со својот памет и сваќања. Јас правев онака како мислев дека треба, и сега за сега сум задоволен со тоа. Од повеќе не боли глава, но некогаш е непотребно да се изложуваш на трошоци кои многу многу попаметно можеш да ги искористиш на пример за изолација во лето.
Инвестирај во ролетни, а не венецијанер, па да видиш разлика од 5 до 7 степени!
Без ролетни на прозорите а со 15 цм изолација на зидовите разликата ке биде = на 0 до 1 или 2 степени.
Понекогаш е битно да прашаш паталец а не гаталец.