@krell:
Книгата на Дејвид Брн е крајно небитна во муабетов. Го почитувам човекот, сигурно книгата е прекрасна и одлична. Ама е крајно, крајно небитна во ситуацијата.
Прашањето кое го поставив е - дали велосипедистот има право да поминува попречно преку 3-лентен автопат на место каде не е обележано за тоа.
Тоа нема врска со „тоа како е чуден светот“, кој колку е поцрнет во Калифорнија, дали си роб во канцеларија или не.
Човекот на точак прави сериозна грешка, која што не само е не е легална, туку е и максимално глупава. Поглупава од моментот кога јас се наведнав да земам нешто што ми падна покрај биро и у исто време отворив фиока, па се треснав убаво со главата во фиока. ГЛУПАВА ГРЕШКА.
И у моментот на правење на таа глупава грешка, гореспоменатиот велосипедист го удира кола. И колата му е крива? Да, колата дели дел од одговорноста, ама да не пробал да пројде автопат на место каде не требало да пројде, немало да го шибне кола уопште, коските би му биле на место, во правилен распоред и нездробени, а точакот сигурно сè уште ќе имаше задно тркало.
As simple as that. Не туку кружи околу поентата.