Realno za edna diskusija da bide pointeresna mora da ima razlicni stavovi i razmisluvanja.
Во потполност се согласувам...Инаку точно е дека јапанците отидоа светлосни години напред, но сепак, кога ке затвориш врата на Ауди, Мерцедес, БМВ или некој друг германец, осеќаш МОЌ на затворена врата, слушаш тап звук...Кај јапанците звукот на затварање врата е како да затвараш лимена врата од шупа...Искрено речено...Јас имам таков впечаток.
Квалитетот на материјалите за ентериерот во возилата делува исто така многу едноставно и бедно, но се до појавувањето на новата Хонда, кога стандардите во изгледот малку се променија...
Сепак добро е што јапанците увидоа што поточно им се допаѓа на европјаните па почнаа да бидат инвентивни во дизајнот...
Кореја оди напред, но искрено се уште е далеку од она што би се ставило на кантар со европските возила...
По мене е подобро да има што поголема конкуренција бидејќи со самото тоа на еден начин паѓаат цените на некои преценети возила, а па од друга страна не е добро тоа што ради паѓањето на цените и појавувањето на возила од кина, кореа, итн, паѓа и цената на европските возила а и квалитетот на материјалите од кои се изработуваат...Тоа е негативна работа...
Моторите како мотори во новиве возила се далеку пософистицирани за разлика од оние старите но во поглед на вградување на електроники итн...
Инаку нормално е еден мотор од 1600 цм кубни со 90 кс да трае дупло повеќе за разлика од некој кој има 1600 цм кубни и има 160 кс...
Оптеретувањето на материјалите е дупло зголемено, триењето, вртежните моменти итн...
Се тоа влијае на работата на моторот...