Автор Тема: Искуство со одреден тип на мотор  (Прочитано 36729 пати)

Отсутен Jordan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 219
Искуство со одреден тип на мотор
« на: 19 Февруари 2011, 15:22:08 pm »
оваа тема ја отворив со цел да споделиме одредени искуства за одредени мотори ( дали сме чуле за некои проблеми за одреден мотор некои добри страни и сл.)

еве едно прашање од мене дали некој знае нешто повеќе за овие мотори
1.renault 1.9dci и 1.5dci
2.peugeot 2.0hdi 90кс,  и 1.6hdi ( ford 1.6tdci истиор мотор ) за овој чув дека после одередена километража се јавуваат некои проблеми со протокот на уљето
3.оpel 2.0dti и 2.2dti
4.alfa romeo 2.4jtd

Отсутен IvO

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1676
Одг: Искуство со одреден тип на мотор
« Одговори #1 на: 19 Февруари 2011, 16:20:25 pm »
според мене рено 1.9dci  тој мотор е многу издрзлив повеке од 2.0hdi на пезо , а за алфа зверка од мотор поготово 2,4jtd ,јас имав алфа тд со би4ниот 1.9td свртев 380 000 км без никаков дефект и до ден денес уШте ја возат , за опел послаби се моторите а и не сум имал некое искуство со тие dti ...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Искуство со одреден тип на мотор
« Одговори #2 на: 18 Мај 2011, 11:28:22 am »
Дизел моторите на Опел не се добри колку тие на Рено, Пежо и други туку може е во класа со ФВ. Во принцип тоа и не се Опел мотори туку само се произведуваат во Опел. На времето беа Исузу мотори сега не знам дали сеуште се Исузу.
Ама и ова колку е точнои не знам. Тетинот во Шведска има Зафира со 2,2 dti. Има поминато 220.000 (летоска) и вели дека немал никаков дефект воопшто со моторот и мењачот а прв газда е.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Искуство со одреден тип на мотор
« Одговори #3 на: 18 Мај 2011, 11:34:56 am »
Јас имам Xsara 2.0 hdi-90коња со 166.000км и освен редовниот сервис кој беше доста скап ( 2 каиша,лагери затегачи 4-5 (незнам точно),уље,филтри,плочки)немам никаков проблем !

Отсутен The Boy Next Door

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 491
  • Pug 205 GTI - the drive of your life !
Одг: Искуство со одреден тип на мотор
« Одговори #4 на: 18 Мај 2011, 17:07:11 pm »
Пежо моторите се магариња,само што кај нас на овој модел ХДИ е можно да се појават мали проблеми со пумпата заради горивото.Иако до сега сум сретнал само еден таков проблем,а од Пежо е кажано дека ова гориво не одговара многу за ХДИ моторот.
Рено моторите се одлични,овие сега што се вградуваат се перфектни,а оние постарите 1.9дци имаа проблем со електрониката (нормална француска работа).
Опеловите мотори се реално најслаби од сите дизели.Исузуто се вградуваат уште,а има и по некој оригинален Опелов дизел што се вградува.Во глобала Исузу дизелите се подобри отколку Опеловите дизел мотори,иако јас никогаш не сум ги сакал овие ДТИ,според мене 1.7д и 1.7тд се многу подобри.
Не возам брзо, ниско летам.

Присутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Искуство со одреден тип на мотор
« Одговори #5 на: 18 Мај 2011, 18:13:10 pm »
Јас имав Вектра со 2.0 ДТЛ мотор, тоа е практично ДТИ само без интерулер. И бев презадоволен, го продадов со 220 000 пред година дена а сега колата има преку 240 000 км без никаков поголем проблем проблем.
На колата јас имав сменето, МАФ Сензор, сензор на радилица ( незнам како се вика) и пумпа за кочници.( почна да пушта гумицата, можев само гумица ама јас ја сменив цела пумпа).
За други проблеми што имав читано а ми се немаа случено на мене, беа проблеми со електрониката на бош пумпата, не така ефтин дефект, и на мој близок му се има случено да му откаже МАФ сензорот на сред магистрален пат при претекнување.Непријатен дефект во непријатна ситуација.
Коли со овие мотори вртат многу километри, во муабет сопственик на такси компанија од Струмица, која има само Вектри со ваков мотор вика дека до 500 000 вртат без проблем а од 500 до 600 000 веќе се јавуваат проблеми во моторот.
Го препорачувам на секој што може да си го дозволи. А јас ќе си гризнам од бардаков што земав бензинец а не пак кола со таков мотор.

За реновиот 1.9 ДЦИ, многу многу проблеми имаше мој многу близок, можеби е изолиран случај, од сменети дизни, па рикната турбина, и многу многу проблеми со електрониката, колата и сега јавува често разни дефекти, иако во реалноста тие не постојат.Се изнервира и не ја прави веќе, еден куп пари даде на неа.Купи мерцедес и ужива сега.

За другите два само сум слушал од рекла казала муабети, а не сум ги пробал и сум немал искуство како што треба за да може да пишувам.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: Искуство со одреден тип на мотор
« Одговори #6 на: 19 Мај 2011, 01:11:21 am »
оваа тема ја отворив со цел да споделиме одредени искуства за одредени мотори ( дали сме чуле за некои проблеми за одреден мотор некои добри страни и сл.)

еве едно прашање од мене дали некој знае нешто повеќе за овие мотори
1.renault 1.9dci и 1.5dci
2.peugeot 2.0hdi 90кс,  и 1.6hdi ( ford 1.6tdci истиор мотор ) за овој чув дека после одередена километража се јавуваат некои проблеми со протокот на уљето
3.оpel 2.0dti и 2.2dti
4.alfa romeo 2.4jtd

1.Renault-ovite 1.9 i 1.5 dci motori se mnogu dobri,izdrzlivi,brzi ekonomicni,moj drugar zede Dacia Logan 1.5 dci,abe ja sakati od vozenje i toa divjacki,i nema nikakvi problemi dosega a ima pominato okolu 200.000km.....
2.Peugeot 2.0 i 1.6,mislam deka se dobri,nemam bas nekoi poznanstva za problemi
3.Opel-ovite 2.0 i 2.2 dti,se mnogu podobri od Isuzu-ovite,sto se vgraduvaa porano,bar taka kazuvaa na temata sto ja imav otvoreno za Opel Vectra 2.0DTI
4.Alfa Romeo-viot 1.9 i 2.4 JTD,se mnogu izdrzlivi posebno 1.9...a 2.4 e 'S'ver
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Искуство со одреден тип на мотор
« Одговори #7 на: 19 Мај 2011, 07:51:34 am »
За Renault 1.5 dci мотори кој не пател незнае што е несреќа...За Пежо моторите поготово оние 1.9D се на самиот трон, како и оние бензиските од 1.4 и 1.6, па и останатите....1.4HDI i 1.6HDI се исто така едни од водецките по квалитет на пазарот кој може да се понуди...
SDI моторите кои ги имаше во VW и SEAT може да се каже дека беа дури полоши и од оние на Рено 1.5 DCI...
Мислам дека ZASTAVA  да направеше дизел ке беше подобар од овие 100% со гаранција...
:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Искуство со одреден тип на мотор
« Одговори #8 на: 19 Мај 2011, 09:10:08 am »
Pocnuvajki od golf4 i golf5 imaat mnogu nekvalitetni dizel motori. Ne znam zosto taka gi upropastija. A za najnovive nemam iskustvo.
Cicko mi bog da go prosti (mnogugodisen mehanicar od rangot na Marsher samo postar) vikase:
Dizel= Mercedes i VW
Benzin = Opel, Ford, Peugeot

Posle nekoe vreme pocna da go menuva mislenjeto i go isfrli VW od spisokot.

Отсутен audiofil

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 83
Одг: Искуство со одреден тип на мотор
« Одговори #9 на: 19 Мај 2011, 12:55:51 pm »
Za dizel motor se soglasuvam deka broj 1 e Mercedes no za benzinski motor momentalno japancite posebno Subaru,Toyota i Honda se bez konkurencija.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Искуство со одреден тип на мотор
« Одговори #10 на: 19 Мај 2011, 13:29:22 pm »
Имам возено Опел Астра 1.7 ТДИ и од моторот, сум презадоволен, сабајле на ладно пали од прва, а иначе колата беше службена ја возев 3 месеци поминав 10 000 км

Троши многу малце, на отворено помалце од 5л/100 км а во град некаде околу 6л/100 км, има задоволителна максимална... околу 180кмч...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Искуство со одреден тип на мотор
« Одговори #11 на: 19 Мај 2011, 13:31:23 pm »
Za dizel motor se soglasuvam deka broj 1 e Mercedes no za benzinski motor momentalno japancite posebno Subaru,Toyota i Honda se bez konkurencija.
Не се толку добри колку што мислиш. Сега скоро научија како да прават мотори. А најголем проблем со тие мотори се што се запечатени и сервис и ремонт кај нив не сум чул некој да успее. И да успее тоа ќе биде изгор скапо, колку ново возило. Субару и Тојота се далеку од добрите европски мотори. А Хонда мислам дека се издвојува од сите Јапонски производители. Мислам дека Хондите се несразмерно квалитетни во делови ако гледаш. Мислам дека моторите им се направени за две каросерии. Ама каросериски се прилично просечни.

Отсутен audiofil

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 83
Одг: Искуство со одреден тип на мотор
« Одговори #12 на: 19 Мај 2011, 14:02:15 pm »
Za dizel motor se soglasuvam deka broj 1 e Mercedes no za benzinski motor momentalno japancite posebno Subaru,Toyota i Honda se bez konkurencija.
Не се толку добри колку што мислиш. Сега скоро научија како да прават мотори. А најголем проблем со тие мотори се што се запечатени и сервис и ремонт кај нив не сум чул некој да успее. И да успее тоа ќе биде изгор скапо, колку ново возило. Субару и Тојота се далеку од добрите европски мотори. А Хонда мислам дека се издвојува од сите Јапонски производители. Мислам дека Хондите се несразмерно квалитетни во делови ако гледаш. Мислам дека моторите им се направени за две каросерии. Ама каросериски се прилично просечни.

Kako prvo prasaj nekoj sto dolgi godini zivee vo Amerika ili Kanada koi vozila se najceneti kako polovni i posle 500000 izminati kilometri.
Kako vtoro se lazes deka ne se pravi remont na japanski motor bidejki toj bil zapecaten!Odi vo servis Mitrevski kaj Vlatko i ke ti napravi remont na japanski motor i licno ke te uveri deka se pravi bez nikakov problem.Pred desetina godini licno napravi remont na Mitsubishi Lancer 1.5 model od pocetok na 90 te godini za koj se tvrdese deka ima zapecaten motor.Remontot uspesno bese izveden taka sto sopstvenikot na toa vozilo bese prezadovolen bidejki go utepa od vozenje posle remontot.
Kako treto ti tvrdis deka Subaru i Toyota se daleku od evropskite motori.Jas licno so Vlatko sum razgovaral i toj licno mi potvrdi deka Subaru ima najdobar benzinski motor od japancite za sto se slozuvaa i deckite sto rabotat kako mehanicari tamu.Ako ne si znael Subaru proizveduva avionski motori kade standardite za kvalitet se mnogu povisoki od onie avtomobilskite pa ne e cudo sto e na toa nivo.Jas licno vozam buba od 72 godina prv gazda 20 godini odrzuvana vo servis Mitrevski i ti kazuvam deka moe vtoro vozilo ke bide Subaru Impreza koe ke bide paralelno so bubata zaedno i koe ke go odrzuva isklucivo Vlatko vo negoviot servis.
Kako cetvrto jas zboruvam za japanski motori a ne japanski karoserii kade sto se mnogu ponezni od evropskite ako zborime za cvrstina no ako se raboti za zastita od korozija vo nivna klasa za mene se pokvalitetno napraveni.
Kako petto koga evropjanite ke napravat podobra elektronika na nivnite vozila od japancite togas ke go smenam moeto mislenje za kvalitetot na nivnite vozila.
« Последно менување: 19 Мај 2011, 14:05:12 pm audiofil »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Искуство со одреден тип на мотор
« Одговори #13 на: 19 Мај 2011, 14:18:43 pm »
Јас живеев во америка. Тие јапонски возила немаат врска со европските. Башка возењето секаде во америка е како кај нас да возиш на отворено. Знам дека поминуваат по 500к и повеќе ама таму не постои 4 цилиндричен мотор (освен во последниве година дена кога почнаа да ги носат) речиси ците се В6 кои поминуваат значително повеќе и работат на помал број вртежи. Како дополнение таму нема ни мануелни мењачи туку во принцип само автоматски што придонесува до продолжување на векот на моторот.

Сметам дека во Европа е поинаква ситуацијата.

Отсутен audiofil

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 83
Одг: Искуство со одреден тип на мотор
« Одговори #14 на: 19 Мај 2011, 14:37:07 pm »
Ne e poinakva.Otvori go poznatiot germanski sajt za koli mobile.de da vidis kako odat cenite na polovnite japanci vo srednata klasa vo odnos na germanskite sporeduvajki isto godiste i priblizno ist motor.Pa golfot koj tuka najmnogu se ceni bese najevtin vo odnos na bilo koja japanska marka vo negova klasa.Vo Hrvatska imas nekolku primeri kade Suzuki Swift 1.3 original japanski model od pocetok na 90 te ima 600000 km pominati bez da bide otvaran motorot.Tocno e deka poradi slabata karoserija go vikaat mrtvecki sandak na 4 trkala no motorot e sosema poinakva prikazna.Moj kolega ima Nissan Micra 1.0 model od pocetok na 90 te koga gi davaa na lozovite koga Jugoslavija se raspagase.Kolata ima 300000 km pominati bez remont i koga kolegata merel kompresija vo cilindrite mehanicarot mu rekol deka se raboti besprekorno.Na Honda Legend ke ti otkrijam deka prviot servis e na 100000 km.Vo Solun pred 13 godini koga bev posleden pat 70% od vozniot park bea japanski vozila od niskata srdna klasa.Ako znaeme deka grcite se kako evreite zar bi vozele nesto sto ne e kvalitetno i so koe bi imale poveke troskovi za odrzuvanje?Problemot kaj nas e sto za se posledni doznavame.