Автор Тема: Совети пред купување половен автомобил!  (Прочитано 993478 пати)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5389
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5190 на: 04 Април 2024, 15:46:41 pm »
Пример?

Едит: Имаме на форумов член (неактивен) кој е газда на лексус ис200 (постара генерација) па од прва рака би го изјавил истото.

Отсутен andov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 55
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5191 на: 04 Април 2024, 20:52:02 pm »
Газдата на форумов ме извади од хебернација, to set the record straight.

IS250 owner here. Премиум таксата на овие коли до некаде постои ама мислам дека е малку извадена од пропорции или не се разгледува од повеќе аспекти. Конекретно во мојот случај: редовен сервис на колата ме кошта цирка 150 евра за 7 кила уље, филтри и работна рака во тојота. Веројатно би скубнал 500-1000 помалку во некој локален сервис. Комплет дискови е од 200 до кај 500 за солидни брендови што не се со сомнително потелко. Е сега, тука иде моментот на „ама на авенсис е поевтино“. Точно, ама авенсис има упола снага од лексусот, така да мислам дека ова треба да е логично. Идемо даље, комплет плочки 100-300 евра, амортизери 300-600 евра, перки на хладњак со се пластика 11900 (не прашувајте од каде ја знам точната цена), водна пумпа 100-300 евра, пумпа за гориво 100-200 евра, свеќици цирка 200 евра, маф сензор 100-200 евра. Морам да напоменам, цениве се од натаму наваму што сум гледал и прашувал, повеќето се од аутоцентар или солид.

Дека има некои моменти на поскапи сервиси и делови, да секако дека има, но дека се работи за кола што кошта 3 пати повеќе за одржување од некоја „не-премиум“ од истата класа, дефинитивно не.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5389
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5192 на: 04 Април 2024, 20:57:58 pm »
Да си жив и здрав, тоа сакав да го кажам. Бидејќи сум во план во наредни 3-4 години (ако оди по план) да купам такво возило, дали би ме советувал за 4х4 или аутоматик? Планирам да го увезам тоа возило и можам да бирам. Дали автоматикот е расиплив, дали 4х4 е непотребно и така натаму?

Инаку мене за обично патничко возило од 1998 ме кошта мал сервис околу 100€ со цени германски, тука би ме коштало 130+.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5193 на: 04 Април 2024, 21:25:12 pm »
Па очигледно е дека е поскапо. И тоа значително, ако зборуваме во проценти. Ете, редовен сервис за IS250 чини 150 евра. Редовен сервис за C3 (тазе инфо има во темата на Казан) е рамно 100 евра. Тоа е 50% разлика. Да не праиме муабет за комплет гуми.

Ама добро. Исто е. Океј.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5389
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5194 на: 04 Април 2024, 21:33:03 pm »
Без филтер за воздух 🤔
Еве другаров 50к км направи па уште само масло и маслен филтер му менуваат, 2021 1.2 82кс.
Лексусот - бандажи носи 17ки оем.
Гумите се тие, ги купуваш еднаш на 4-5 години. Свеќиците се скапи бидејќи се иридиум и е шестак, сензорите не се скапи.
Лексусот не користи 0-20 масло, туку користи лесно достапно.

Комплет гуми Lassa 225/45R17 + 245/45R17 = 23140
Комплет гуми Lassa 205/55R16 = 17960
17960+28.85%=23140
« Последно менување: 04 Април 2024, 21:39:17 pm nestor04 »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5195 на: 04 Април 2024, 21:48:10 pm »
Сачувај боже на премиум спортски седан со заден погон, V6 и 200 коња да му стаам Lassa гуми.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5389
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5196 на: 04 Април 2024, 22:02:08 pm »
Пример е.
Со Michelin Primacy 4+ разликата е 43.05%. Не значи дека Лексусот не може да вози 16ки (дизелот) или Ц3ката не може да вози 17ки.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5362
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5197 на: 04 Април 2024, 22:17:08 pm »
Имаше уште еден член со лексус, тој спрема постоите мислам дека попушти во главата од лексусот, пази и ти да не го фатиш неговиот пат.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5389
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5198 на: 04 Април 2024, 22:21:45 pm »
Хаха, во контакт сме со него и баш тој го пофали Лексусот. Имаше мака со гумици на вентили, друго не.
Јас со опелов видов мака, па Лексус за мене е гола вода  :D ;D

Отсутен andov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 55
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5199 на: 04 Април 2024, 22:41:16 pm »
Сачувај боже на премиум спортски седан со заден погон, V6 и 200 коња да му стаам Lassa гуми.

Спортски, фала зеро <3

Нестор, да не се разбереме погрешно, ама ласа, линг лонг и слични брендови на гуми можеби би ги размислил на кола со двоцифрен број на коњски сили, ама многу веројатно ни на таква не би ги ставил.

Мислам дека има потреба да си го дообјаснам муабетот од погоре: колата секако дека не е евтина за одржување, далеку од тоа. Тргни од фактот дека не се сеќавам дали некогаш сме ја спуштиле испод 13 градска и веќе ти е јасно. Во поглед на сервиси и промена на делови, секако дека не е како да возиш корола од 90ти, но е далеку од 5 пати поскапа од еквивалентна кола од истата класа. Од мое гледиште, колава ја купуваш оти ти е ќеиф да ја купиш, а не дека е евтина за одржување и слично. Еден мудрец еднаш ми рече „тенка е границата помеѓу одржување и преживување на колата“. Мој совет, ако веќе целиш кон оваа кола, не се навалувај кон „преживување“.

За тоа што ме праша за колата: кај мене е ауто, заден погон и отворен диф. Ја имам закопано во една педа снег и имам излезено (со всц исклучено се разбира). Спектакуларно им беше на луѓето од надвор, барем на едната половина од десно што беа, ама далеку беше од оној муабет старите таксисти што го кажуваат „заден погон на снег и ќе треба со две вреќи песок у гепек да возиш“. Потенцијални проблеми можат да се елиминирааат со шпер, нешто со што ќе можам да си се пофалам со нишката во блиска иднина.

Колку и да е колата тојота и издржлива и ред други работи, не иде без потенцијални проблеми на кои треба да обрнуваш внимание кога ќе купуваш. Гареж на главите е еден проблем, сервисите на менувачот се втор, водната пумпа е трет. Ова се поголемите заебанции. Следно е јадење на внатрешниот дел на гумите. Сигурно има уште нешто што не ми текнува моментално.

Отсутен Dule_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2975
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5200 на: 05 Април 2024, 08:02:05 am »
Па очигледно е дека е поскапо. И тоа значително, ако зборуваме во проценти. Ете, редовен сервис за IS250 чини 150 евра. Редовен сервис за C3 (тазе инфо има во темата на Казан) е рамно 100 евра. Тоа е 50% разлика. Да не праиме муабет за комплет гуми.

Ама добро. Исто е. Океј.

Така размислува просечно македонче кое ќе ја купи колата и после бара половни плочки и дискови.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5201 на: 05 Април 2024, 08:52:14 am »
Надвор од темата.
Во последно време често го слушам тој термин "просечен" во одреден негативен контекст, односно во контекст глуп, неписмен, невоспитани итн

Ако веќе има просечен Македонец, мота да има потпросечен и натпросечен.
Ако претпоставиме дека натпросечниот е интелегентен, потпросечниот е глуп, просечниот би требало да биде на средина.
Ли поинаку кажано, натпросечен би бил богатиот,  потпросечен ќе бил сиромавиот, просечен би бил репрезент на средна класа.

Повеќе би одговарало да се каже типично Македонче.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2661
  • Слобода или смрт
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5202 на: 05 Април 2024, 10:01:03 am »
Можеби се мисли на просечен македонец кој реално нема финансиски средства да вози било каков автомобил но се решава да вози премиум и да кажеме 50 проценти од месечните примања троши за автомобилот.

Отсутен BraneMKD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 978
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5203 на: 05 Април 2024, 10:09:59 am »
Што може да се земе привремено добро за буџет 15к СУВ додека да се најде асална понова кола. Планот ми е да земам нешто да се тркала, па да го дадам у блиски кругови за некој месец ако испадне интересно нешто.

Ги гледав овие
https://omo.mk/listings/opel-grnadland-x-1-5d-130ks-innovation-at/?fbclid=IwAR1smaY7yFM5PQA7e4sSr0TLj2yk5sGm4yzyqUuRIMJP9lBsMdVNAGwU-Gg_aem_AV7a523xg11ZdevijjJ83PFKbYDyJFa1jIFkH042pJV9pGfrTBsTF0jQZ51_YkS1RgUn2eFVvT9tWGJ4au9nXkbc
https://autowelt.mk/vehicles/343245-nissan-qashqai-crossover-16-dci-130hp-automatic?fbclid=IwAR0Q9EOuxttfa-6UFEO8fv_ckHb8T8zDmIJJylKuRwzcUnt8k5BxZdMNQDs_aem_AV5Q7pFBLJgaLTqQnzOVCKOqisY-dCUGRNKyzN8ABkf66MOVY-eIDDpJf5V6d0VamkvBM9QQ3_HmDhe5OSuD-GI8

Опелот е понов, незнам дали од 2019 моделите се оправија од Опелските мани. Повеќе сум накај Нисанот, само како е со сервиси кај нас, има некој асален мајстор ?

Малце надвор од тој замислен буџет, може ке пуштат нешто.

Отсутен Dule_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2975
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5204 на: 05 Април 2024, 10:32:16 am »
Надвор од темата.
Во последно време често го слушам тој термин "просечен" во одреден негативен контекст, односно во контекст глуп, неписмен, невоспитани итн

Ако веќе има просечен Македонец, мота да има потпросечен и натпросечен.
Ако претпоставиме дека натпросечниот е интелегентен, потпросечниот е глуп, просечниот би требало да биде на средина.
Ли поинаку кажано, натпросечен би бил богатиот,  потпросечен ќе бил сиромавиот, просечен би бил репрезент на средна класа.

Повеќе би одговарало да се каже типично Македонче.

Нема врска со парите, туку просечниот Македонец мисли дека е најпаметен и го заебал системот у секоја смисла.

Просечен Македонец вози со летни гуми во зима, му излизгува колата, ја крши, плаќа нов браник, крило, фарови и после тоа купува зимски гуми. Затоа ти викам не е проблем за парите туку за начинот на размислување.

Исто така и на форумов имаш слични примери каде купуваат премиум марки за 3000 евра и возат половни гуми.