Живеам со самохрана мајка пред сѐ. Да, од дома ме хранат и ми плаќаат сметки кои исто така можам сам да ги плаќам, бидејќи немам некакви посебни потреби во врска со вода, струја, тв и интернет. Имам 20 години и фала Богу сум работоспособен и работам од 16, за разлика од мојата околина која легарчи и нема пари да си стави гориво во колата (ако воопшто ја поседува). Сѐ што сум вложил во колата било мој влог. Работам втора смена фиксна, за викенд и после работа работам со коли.
Многу совети кои сум ги дал биле на место и сум помогнал на луѓе кои имаат 3 пати повеќе од моите години(и на форумов). Каде и да појдам сум добредојден, дали кај механичар и да му суфлирам, дали кај Дарко или друг кој полира и да научам, дали кај автоелектричар и така натаму. Многу мајстори биле зачудени од моето знаење (теоретско) и сакале да ме научат уште повеќе, едноставно сакам да се образовам, но во повеќе области.
Многу мразам кога некој ме чепка, а не ми ја знае ситуацијата во која се наоѓам, а еднаш собрав храброст и напишав јавно тука отворив тема низ што поминувам откако наполнив 18. Најверојатно немаш домашни грижи и семејно насилство и така натаму да не продолжувам па да го избегнуваш тоа (да не си депресивен и да се правиш дека нешто ти фали, туку стануваш маж и продолжуваш со животот) и да продолжиш да учиш, а воедно со наученото да помагаш и на некој што можеби не знае. Сум научил од постар, сум научил од интернет, сум пробал во пракса, па сум пренесол.