Автор Тема: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!  (Прочитано 47128 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!
« Одговори #180 на: 19 Август 2014, 16:24:17 pm »
Конкретно, 1.0 екобуст моторите со 100 и 125 коња се замислени да ги заменат 1.4, 1.6 и 1.8 атмосферците.

Моторот е одлична замена, благодарение на осетно поголемиот вртежен момент. Скептиците - можете да бидете скептици колку сакате, сè додека не седнете да го повозите. Моторите се дизајнирани и проектирани да траат одреден број километри, исто како што биле замислени и атмосферците.

Во 2014-та година муабетите како „1-литарски мотор во толкава кола“ стануваат илузорни и малку заостанати. Во споредба со атмосферците, имаат подобри перформанси, значително пониска потрошивачка (околу 2 литри на 100 во однос на соодветниот атмосферец), подобра еластичност и значително помалку загадуваат (околу 25-30%) пониска емисија на CO2.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!
« Одговори #181 на: 19 Август 2014, 17:05:08 pm »
Да не претера малку повеќе со бројкиве? Или под соодветниот атмосферец мислеше разлика меѓу 1.8а и 1.0т или 1.0а и 1.0т?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!
« Одговори #182 на: 19 Август 2014, 17:33:41 pm »
1.0 100кс е ист со 1.8 120-140кс атмос во реалноста.

Повеќе инфо тука http://forum.carclub.mk/index.php/topic,481.msg11808.html#msg11808
« Последно менување: 19 Август 2014, 17:46:11 pm Deni »

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3845
Одг: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!
« Одговори #183 на: 19 Август 2014, 17:42:30 pm »
Експлоатацијата на 1.0т и 1.8а ќе и биде истоветна, бидејки истиот мотор ќе се врти со исти вртежи, па не гледам зошто овој од 1.8 би се абел помалце. Вртежниот момент е ист, што значи треба само материјалот да ја издржи истата сила што ја генерира моторот.

Разликата е во тоа што поновите мотори имаат пософистицирани (читај комплексни) системи за регулација на сите компоненти за да се овозможи подобро искористување на работниот волумен и потрошеното гориво. Поради тоа и шансите   за нешто да се расипе се поголеми од оние на системите од пред 20 години, НО под услов да се изработени во иста технологија.

Ама технологијата не е иста од пред 20 години.

Технологијата напредува во секој сегмент, во квалитетот на материјалите, прецизноста на изработката и методите за контрола и верификација на квалитетот (не се глупи да даваат  5 години гаранција на својот производ ако е труба).

Така да приказниве  „1.0 во Aygo e ok ама во Мондео не го бива“, дојте тука кај мене во маало кај берберов на шишање да го расправате со локалниве џаболебари. На форумов не оди муабетот.

Кај мене колега имаше Mazda 6 1.8a 125. Во секое време со Passat 1.4t 122 можев да го сработам како сакам и помалце да потрошам.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!
« Одговори #184 на: 19 Август 2014, 17:44:08 pm »
Да не претера малку повеќе со бројкиве? Или под соодветниот атмосферец мислеше разлика меѓу 1.8а и 1.0т или 1.0а и 1.0т?

Ford Focus 1.6 TI-VCT Duratec (125 коња, 159 Nm): 0-100 за 10.9 секунди, 195 максимална, 8 литри на 100 (градска, официјална) 149 грама CO2 на километар.

vs

Ford Focus 1.0 Ecoboost 125 (125 коња, 170 Nm): 0-100 за 11.3 секунди (незначителна разлика, реално), 195 максимална,  6.3 литри на 100 (градска, официјална) 114 грама CO2 на километар.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!
« Одговори #185 на: 19 Август 2014, 17:45:26 pm »
Да бе да, сигурно. Земи пробај го со хонда цивил 1.8 140 или со лансер 1.8 па ке видиш што глупост кажа сега. Ама прво земи си палома зашто тие атмосферци ке те направат да плачеш како мало дете.
П.с лансер 1.5 е доволно да ти се разреши оваа дилема т.е увереност. Постот е реплика на дени тврдењето.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3845
Одг: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!
« Одговори #186 на: 19 Август 2014, 17:51:54 pm »
Го имам пробано Honda Accord 2.0 155 со моторот како на Krell. Многу ми е јасно што кажав.

Едит: Мислев за мојто пост е репликата на achtung

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!
« Одговори #187 на: 19 Август 2014, 17:57:45 pm »
Lancer 1.5 на кој му се потребни 11.6 секунди до 100, реално си троши 7.5 - 8 низ град со културно возење и има емисија на CO2 од 153 грама на километар?

Далеку од тоа дека моторот е лош, ама 1.0 Екобуст е значително понапреден.

Моторот на Цивикот е одличен, ама треба здрааааааво да го навиеш за да имаш добри перформанси. А со здраааааааааво навивање имаш и одлична потрошња од 9 литра на 100 во град. А соодветниот 1.5 со 100 коња, кој патем е посоодветен ривал на 1.0 екобуст (и ти фино „пропушти“ да го спомнеш) е фино економичен и се тоа, ама стига до стотче за 14 секунди - глечер побрзо забрзува до 100.

Гледам, Honda никако да претстават мали турбо мотори. Oh, wait.

За жал, времето на атмосферци, барем за цивилна употреба, поминува.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!
« Одговори #188 на: 19 Август 2014, 18:05:06 pm »
Кој спомна потрошувачка? Па ако цивикот 1.8 здраво го навиеш тогаш што треба да направиш на 1.0 фордот? Не спомнав 1.5 хонда бидејки друг даде споредба со 1.8 и јас само се надоврзав. Тој 1.0 може да е подобар од лансер 1.5 само во тоа литро или две разлика во потрошувачка и во ништо друго. И бтв почекајте нека покаже времето и километражата во реални услови на експлоатација па после тврдете колку е најиздржлив моторот.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3845
Одг: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!
« Одговори #189 на: 19 Август 2014, 18:18:15 pm »
Ова се бројки од 2012 година.
И 20kkm od 1.0 ecoboost so 200 KS

Никој од тие таму што се грижат за репутацијата и профитабилноста не пијат нафта. Постојат услови во кои корпорациите решаваат да сечат ќошиња но никогаш на стратегијата.



Отсутен Darkovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
Одг: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!
« Одговори #190 на: 19 Август 2014, 19:09:22 pm »
не треба мислењава да ги префрлите во друга тема? ептен му ја затрувте гаражава на човеков

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!
« Одговори #191 на: 19 Август 2014, 19:19:37 pm »
Го имам пробано Honda Accord 2.0 155 со моторот како на Krell. Многу ми е јасно што кажав.

Едит: Мислев за мојто пост е репликата на achtung

Honda -ва треба и да се научи како да се вози. На прва личи дека моторот е тром и не влече, се дури не се научи каде и во која брзина треба да се вози. Идеален мотор во ЦР-В сепак би бил 2.2 150 кс, дизел варијантата (која за 7500 еур разлика колку што беше во тоа време, дефинитивно не се исплати). Останува другото прашање дали е тоа соодветно во комбинација со кратки релации.


За малиов 1.0 турбаш дефинитиво ќе треба да помине време за да се види доверливоста на моторчето со текот на годините. Пример:

1.4 TSI 122 ks Излезе како доста поуздан мотор, 1.2 TSI или 1.4 TSI 150 кс, излегоа тиња.

Кај маливе турбаши покрај грижата за доверливост и издржливост мене на некои од нив не ми се допаѓа нелинеарноста (на пример новата Шкода Октавиа ми е ептен тиња како нелинеарно влече со 1.2 TSI). Од друга страна 1.4 TSI 122 кс верзијата ми е по ок (Ја имам возено старата верзија на Октавија со овој мотор, не знам дали е истото во новата верзија).. Несомнено дека иднината е на маливе Турбаши.. Ама јас сепак имам предрасуда дури не поминат пар години не се покажат како треба.И сега за сега повеќе верувам на добрите стари и проверени  мотори со поголем волумен,па макар биле и обични стари атмосферци. На пример, не би имал ништо против турбо во  Порше со 350 кс и 3000cc

Кај атмосферциве ми се бендисува линеарното забрзување, и тоа што се докажани дека се немаат проблеми (поготово Honda моторите).

Секој со своето убедување :)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!
« Одговори #192 на: 19 Август 2014, 19:22:23 pm »
Човеков ќе е 100 пати пишман што отворил тема за да си го претстави возилото. Како тргнаа некои со предвидувањата, за 2 години ќе треба ремонт да му прави на моторот.
Инаку, според мене, солидно возило, и доволно добар мотор за да можеш да уживаш во солидни перформанси со мала потрошувачка. Долго да те служи! :)

Се разбира дека сите посакуваме да нема никогаш никакви проблеми со возилото. И баш е добро што претставувањето на ова возило предизвика квалитетна дискусија околу тема што е доста интересна (барем мене). Никој не пишува за да му оцрни возилото или нешто.. Само си кажуваме мислења.. И пак ќе се повторам.. Со оглед на цената и гаранцијата, дефинитивно човекот не погрешил.

И да, можеби е време за нова тема каде што би продолжила дискусијата околу Downsizing..

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 863
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!
« Одговори #193 на: 19 Август 2014, 19:31:17 pm »
Во ред, се слагам дека се разви интересна (веројатно и потребна дискусија, имајќи предвид колку спротивставени мислења се појавија), ама сметам дека за тоа треба да пишуваме во нова тема. :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14157
  • Пудингот на шоферството
Одг: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!
« Одговори #194 на: 19 Август 2014, 19:31:36 pm »
Има тема за Downsizing само треба да се префрлат мислењата.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D