Автор Тема: Вртежен момент кај возилата (Nm - Њутнметри)  (Прочитано 13315 пати)

Отсутен John

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 25
едно (можеби глупо) прашање: во врска со њутн-метрите, дали ако се земе мотор со 150 Nm од кола тешка тон и пол и се стави во кола тешка еден тон, повторно ќе има 150 Nm? дали кога се пресметува ова се има во предвид тежината на колата, или тоа е чисто карактеристика на самиот мотор?

ако усложнив нешто: дали опел корса со 200 Nm и хонда леџенд со 200 Nm, ќе бидат подеднакво брзи и влечни (под услов да ги вадат Nm-те на исти вртежи)?

тенкс, и сори за неусредоточеноста.. =)
« Последно менување: 14 Март 2011, 15:15:52 pm Banzai »

Присутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20538
Вртежен момент кај возилата (n/m - Њутн/Метри)
« Одговори #1 на: 13 Март 2011, 16:43:21 pm »
Вртежниот момент е карактеристика на самиот мотор, не на целото возило. Има нешто тука со аголни забрзувања, должина на клип, ово оно... многу физика :) Ако се нафати, претпоставувам дека гОЈДО би елаборирал на темата :)

а за прашањето... Нема да бидат подеднакво брзи и влечни, поради тоа што 200Nm кај Корса влечат помалку товар отколку 200 Nm кај Хондата :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54663
  • Махер
Вртежен момент кај возилата (n/m - Њутн/Метри)
« Одговори #2 на: 13 Март 2011, 21:38:04 pm »
едно (можеби глупо) прашање: во врска со њутн-метрите, дали ако се земе мотор со 150 Nm од кола тешка тон и пол и се стави во кола тешка еден тон, повторно ќе има 150 Nm? дали кога се пресметува ова се има во предвид тежината на колата, или тоа е чисто карактеристика на самиот мотор?

ако усложнив нешто: дали опел корса со 200 Nm и хонда леџенд со 200 Nm, ќе бидат подеднакво брзи и влечни (под услов да ги вадат Nm-те на исти вртежи)?

тенкс, и сори за неусредоточеноста.. =)
Самиот мотор има крива на силата. Таа е иста во сите коли во кои е монтиран. Тежината на колата, преносот и аеродинамиката ќе имаат удел во самата брзина. Ама горе долу ќе бидат многу слични колите, ако вадат сличен број на НМ при слично вртежи.
Што значи Нм или вртежен момент? Тоа е со колкава сила моторот ги завртува тркалата. Тоа е една од бројките што доста солидно го опишува моторот при нормална употреба. Најдобро би било да имаме крива на целиот мотор која може да се најде на интернет или од мерење, ама заради сличноста на моторите еден со друг би можело да се споредува и без неа. Имам многу објаснувано и ќе го поставам тоа за некој ден кога ќе можам.
Опел корса со 150нм при 4000 вртежи ќе е малку побрза од леџенд со 150Нм при 4000 вртежи. И двете ќе се поспори од опел корса која има 160Нм при 4000 вртежи, и сите три ќе се поспори од корса која има 150Нм при 1500-5000 вртежи. Поентата е да видиш колку сила има моторот во она подрачје каде ќе биде користен над 95% од времето, а тоа обично е од 2000-4000 вртежи. Бројките се споредливи доколку и местото на кое се наоѓаат е споредливо.

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3148
Вртежен момент кај возилата (n/m - Њутн/Метри)
« Одговори #3 на: 13 Март 2011, 22:48:04 pm »
Мислам дека подобро да не се дискутира за ова Дени затоа што тоа е цела наука  :o :o
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Вртежен момент кај возилата (n/m - Њутн/Метри)
« Одговори #4 на: 14 Март 2011, 04:45:13 am »
епа фала ви на сите за фидбекот! =) и на оние он и на оние малку офтопик, у секој случај нема такво нешто како непотребна информација за мене =)

па да споделам впечатоци од тестот.. голфот е стварно досадно добар. филингот додека го возев беше за нијанса поинаков од оној во полото. од тром ни т. за основниот на астра е формула. од прва и втора повлекува солидно. на автопат стигна до 180 лесно и без напор. на 160 км/х се вртеше на 3000. изолацијата во кабината беше pitch perfect. во кривини ми беше ко на шини. низ град се движеше лесно и пловеше од лента у лента. накај средно, истиот впечаток: стабилен, сигурен и осетно побрз од она што го очекував по сите муабети. у град на 2000 може да се врти нон стоп, убацував 4-та па и 5-та и тоа кога давав гас, стварно неописливо чуство на вожња имаше. комбинираната потрошувачка на целата делница (автопат/град/водно) беше 7.6 л/100. закон. и тоа си го возев баш као што би го возел кога би бил мој, без многу мислење. со малце пракса и прилагодување на тси модусот на работа, мислам дека и ова ќе иде доле у комбинирана вожња каква што иам секој ден, но да не претерувам. =)

после ова тест возење, единствеи атрибути кои му останаа на полото тси се брзината и агилноста. у све друго голфот е бољи. и каде и каде е поликвиден. =)

и да знам дека 1.4 122 тси-то ќе биде ѕверотина, ама мислам дека стварно неам потреба од такво нешто. ова ми се виде сосема доволно, и повеќе од тоа. најверојатно ова ќе биде најбрзата кола што сум ја возел у живот. =)

descision time.
Јас сум тој горд сопственик на оваа спецификација на Голф што го најави Банзаи само тек сега ја заприметив темата па стигнав да пишам.Со ова што си го пишал скоро се си опишал,иако го имам само 10 дена можам да кажам дека многу пријатно сум изненаден од целокупните перформанси а највеќе од удобноста во возењето која за нашиве улици може да се смета како една од поглавните карактеристики.Не знам дали е до поминатите километри на овој ти што си го возел,ама со потрошувачката некако ептен ми се разлика мојот уште покажува 9-10 за низ град на отворено уште го немам пробано ама според каталог би требало да троши смешни 5 литра :) не знам на крај што ке одлучиш ама ако го избереш Голфот нема воопшто да згрешиш ;)
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Вртежен момент кај возилата (n/m - Њутн/Метри)
« Одговори #5 на: 14 Март 2011, 05:35:08 am »
Вака сега не ме сваќајте погрешно и јас имам голф ама 4 :D
Ама наместо голф јас би одел повеќе на џулиета него на голф или поло
Некако поубави ми се

Не сум алфиста да занете да нема забуни  ;D
Пред да го земам голфот Џулиета беше прв пик на драфтот :).Беа љубезни и ми ја дадоа на тест цел ден да ја возам 1.4 120 кс бидејќи таа и ја гледав.Дизајн и мотор топ посебно во динамик мод  ;),удобност не баш ептен по тврда за разлика од голфот,ама имаше одредени детаљи што малку ме разочараа како на пример квалитетот на матерјалите употребени и тоа дека на кола од 20.000 евра задните прозори се отвараат рачно  :-\.Да не ме сватиш погрешно секако ќе ја земев да не беше една непослушна бандера што ми излезе пред пат па се замрсија сметките и морав да се задоволам со голфот(не по моја желба)  ;D
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7692
  • Хорска Секција
Вртежен момент кај возилата (n/m - Њутн/Метри)
« Одговори #6 на: 14 Март 2011, 09:25:20 am »
Околу NM и големината на возилото...

Едно е NM и моќност на осовина на мотор, друго се на тркала. На осовината на моторот секогаш ќе биде исто без разлика во што кола ќе се стави моторот. Но на тркала е друга приказна. Тука влегува во игра реудкторот, односно менувачот со своите преносни односи (брзини) и механички загуби (триење, инерцијални и останати).

На кусо, од преносниот однос на брзината во која ќе се меери зависи и колкав ќе биде вртежниот момент на тркалата. Снагата пак зависи од брзината на ротација на тркалата и вртежниот момент. Доколку се зголеми брзината на вртење на тркалата за ист вртежен момент, се зголемува и моќноста на возилото, односно полесно се справува со отпорот на кој наидува. Исто е и со вртежниот момент. Колку повеќе се зголемува за ист број на вртежи, до толку се зголемува и моќноста на возилото. Моќноста пак е фактор кој одредува колку возилото може да се справи со отпорот на кој наидува. Притоа сеедно е дали таа моќност ќе се постигне со голем вртежен момент и ниски вртежи или пак мал вртежен момент и високи вртежи.

Значи ако го земеме примерот со корсата и акордот со ист мотор...
За ист однос на менувачот и исти загуби, моќноста и вртежниот момент на тркалата ќе бидат исти. Но различни се отпорите со кој тој мотор треба да се справи. Кај акордот тежината е поголема, па така на мали брзини каде тежината има најголем уддел во отпорот поради силите на инерција, Акордот ќе биде поспор од Корсата. На големи брзини, тежината игра занемарлива улога во однос на отпорот кој го создава воздухот, а згора на тоа забрзувањето е многу помало и инерцијалните сили се се помали. Па така, на голема брзина во принцип и двете возила ќе се движат подеднакво брзо.

Мала брзина е од 0km/h до 50km/h каде тежината е пресудна за акселерацијата. Од 50km/h до 100km/h, тежината е фактор меѓутоа полека ја губи својата компонента во вкупниот отпор. Од 100km/h до 150km/h нејзиниот уддел во вкупниот отпор полека се губи и над 150km/h веќе станува ирелевантна.

Сепак, тука ќе има и други фактори во конкретниов пример, а тоа е коефициентот на аеродинамичност. Претпоставувам дека корсата полесно ќе се справува со отпорот од ветерот од проста причина што е помала и има помала површина на која делуваат силите на ветерот. Плус, помалкку шуплини каде воздухот може да навлезе и да направи вакуми и притисоци кои дополнително ќе ја успоруваат.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54663
  • Махер
Вртежен момент кај возилата (n/m - Њутн/Метри)
« Одговори #7 на: 14 Март 2011, 12:09:07 pm »
Убаво напиш Гојдо. Само една мала забелешка. Аеродинамиката треба да се побара за секое возило поединечно, зошто има голеи варијации на „навидум“ аеродинамични коли кои всушност се како лада нива. Обично поголемите коли (лимузуни) имаат помал отпор.
На пример Хамер Х2, Г класа и Спачек имаат слична аеродинамика. Виперот рецимо не е многу далеку од нив, а и Ламборџини кунташ.
Од друга страна Алфа 155 има доста добра аеродинамика, како и цитроен Ц4, подобро од нив е Калибрата уште подобро Мерцедес Е класа итн.
Аеродинамиката не е толку очигледна работа, и нашите 2 споменати коли не се далеку по тој основ. Кога веќе спомнавме Леџенд. А на пример Е класата со своето прекрасно тело нема никаков проблем да се движи 15-20кмч со истиот мотор, ако не и повеќе.
Секако ова како што кажа гојдо е исклучиво важно кај брзини поголеми од 100кмч.
« Последно менување: 14 Март 2011, 14:00:37 pm Deni »

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54663
  • Махер
Вртежен момент кај возилата (n/m - Њутн/Метри)
« Одговори #8 на: 14 Март 2011, 14:44:11 pm »
Еве нешто што сум го напишал поодамна, а одлично се поклопува. Воедно тоа е и причината зошто 1.2 ТСи се однесува како 2.0 акорд при нормално возење. Многу слични мотори, а многу голема разлика. Исти КС исти НМ.
Цитат: Deni;29697
За многу години! Ама на некои има на сајтот, што е за пофалба! Баш за инсигниата ЦДТи битурбо чепкав и имаа ставено. Тоа мора да е задолжително. Туку просечниот неписмен „граѓанин“ сака бројка! Сака колата да му има 200 коња! (односно 147KW).
Зошто бројката коњски сили е скоро неважна? Зошто таа покажува само една точка од еден цел график.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Реалност:
Еве вака. Црвениот има 150КW a синиот 147KW. И двата имаат околу 200 кс. Тука завршува целата сличност. Дури често неписмените кои го поседуваат црвениот мотор, може да се фалат пред другарчињата дека имаат кола со 205кс, која има 5кс повеќе од онаа на соседот. Тоа е крајно неважно.
Црвениот 205кс@6000
Синиот 200кс@6000
Трки:
Во случај да ја возиш колата на драг трки и да сакаш максимално можно забрзување на двете коли ќе треба да менуваш брзини. Епа на почеток колата треба да тргне, од 2000, до 6000 вртежи синиот мотор има постојано околу 20KW предност. Па соодветно ќе биде побрз. Ќе се смени брзина на 6200 вртежи. Двата обртомера ќе се симнат на 5000, па ќе забрзаат до 6200 и така натаму. Значи во овие услови најважен е делот 5000-6200. средната моќност на синиот мотор е повисока па соодветно ќе има и поголемо забрзување.
Значи синиот мотор е побрз на трка од црвениот, а има исто (или малку помалку) коњски сили? Тоа е зошто тие бројки како што реков даваат само една точка, распределбата на моќноста во остатокот од графикот е мноооогу важна.
Тука доаѓа до израз една друга бројка, а тоа е вртежен момент.
Црвената има 270Нм@5000
Сината има 280Нм@1800
Секојдневие:
Овие автомобили кои си ги купуваме ние, иако повеќето како крајно необразовани гледаат колку „коња“ има при 6200 вртежи, никогаш во животот не ја возеле колата при толку вртежи. А и да ја возеле, колку секунди траело тоа? 1, можеби 10 во годината?
Ретко кога во секојдневни услови се забрзува до 100 во 2ра брзина и се корне моторот до 6200. Ако пак тоа е случај, тогаш векот на траење ќе е доста мал, а потрошувачката значително поголема. Не треба да се фокусираме на оној дел од возењето кој не сочинува ни 1% од целокупното времетраење на возењето.
Значи ние нормално го користиме распонот на вртежи меѓу 1500-3000, па во поретки случаи и 4000, сакале или не. Едноставно тоа е нашето секојдневие, и здрав разум.
Епа да се навратиме на моторите. Ако ние ги употребуваме секојдневно овие возила, и го користиме ефикасниот дел од вртежи, да видиме какви се резултатите.
При 1500 вртежи синиот има околу 22кв, а црвениот близу 10.
При 2000 вртежи синиот има околу 50кв, а црвениот близу 21.
При 2500 вртежи синиот има околу 70кв, а црвениот близу 38.
При 3000 вртежи синиот има околу 90кв, а црвениот близу 50.
При 3500 вртежи синиот има околу 103кв, а црвениот близу 70.
Тоа се истите тие 2 мотори кои имаат 200кс при 6000 вртежи.
Ако ги анализираме бројките може да увидиме, дека синиот мотор, во овој опсег има близу два пати, повеќе сила од црвениот.
Или конкретно:
Синиот има 112KW средна моќност во опсег од 1000-7000.
Црвениот има 91KW средна моќност во опсег од 1000-7000.
Во секојдневна употреба:
Синиот има 87KW средна моќност во опсег од 2000-4000.
Црвениот има 52KW средна моќност во опсег од 2000-4000.
Заклучок:
Црвениот мотор е поспор во секое можно сценарио, со тоа што е малку поспор при употреба на највисоките вртежи, а екстремно поспор при употреба во секојдневието. Искажано со бројки при тркање (5000-7000) црвениот има 174кс, а синиот 184 кс. На целосниот опсег (1000-7000) црвениот има 121кс, а синиот 151кс. Додека пак при секојдневна употреба (2000-4000) црвениот има 70кс, а синиот 116кс. Ова се средни вредности за моќноста во различни подрачја.
Затоа синиот мотор е подобар, ќе се мачи помалку, ќе забрзува многу подобро, ќе троши помалку, и ќе се изаби поспоро.

Графиците се многу блиски со оние на Голф ГТИ. А ако се рескалираат директно важат за актуелна споредба на Киа/Хундаи 1.4 109кс и VW 1.2 105кс.

Кога ќе имам време ќе го направам следново и за дизел со бензинец споредба.
« Последно менување: 14 Март 2011, 14:53:43 pm Deni »

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3148
Одг: Вртежен момент кај возилата (Nm - Њутнметри)
« Одговори #9 на: 14 Март 2011, 17:45:50 pm »
Браво дени алал нека ти е,јас ова сакав да го објаснам но повеќето не разбираат :-\
Ова дензин вс дизел направи да видиме за што ке најдеш крива па да ги видам  ;)
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54663
  • Махер
Одг: Вртежен момент кај возилата (Nm - Њутнметри)
« Одговори #10 на: 14 Март 2011, 19:23:25 pm »
Еве уште нешто што сум пишал има разни коли и разни мотори, како целина да се опфати. И турбо дизел и турбо бензин и атмосферец. Разликата при нормално возење е енормна!

Цитат: Deni;29831
Еве гледав да опфатам се што ве интересира.
Аудито, Алфата, Реното, VW и Опелот бивш.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Заклучок, Аудито е најдобар крузер, Опелот е најјак за трки, Алфата има најдобар звук, Реното е доста штедливо, VW е златна средина.

П.С. http://www.zeperfs.com/en/match3318-2973.htm Еве споердба на реното со поло.

П.П.С Ах и киата на ниеден тест не покажала 105-109кс, дали се факт незнам јас.
« Последно менување: 14 Март 2011, 19:26:37 pm Deni »

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7692
  • Хорска Секција
Одг: Вртежен момент кај возилата (Nm - Њутнметри)
« Одговори #11 на: 14 Март 2011, 19:59:25 pm »
Јас само ќе додадам едно нешто кое многумина кои ги разбираат карактеристиките го занемаруваат. Тоа е менувачот. Подеднакво е битен колку и карактеристиките на моторот. Правилно поставени односи на менувачот можат драматично да ја подобрат акселерацијата.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен John

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 25
Одг: Вртежен момент кај возилата (Nm - Њутнметри)
« Одговори #12 на: 17 Март 2011, 19:40:34 pm »
great read!

и токму она што го барав како одговор, кога онолку незграпно го поставив прашањено! =)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54663
  • Махер
Одг: Вртежен момент кај возилата (Nm - Њутнметри)
« Одговори #13 на: 17 Март 2011, 19:51:59 pm »
Јас само ќе додадам едно нешто кое многумина кои ги разбираат карактеристиките го занемаруваат. Тоа е менувачот. Подеднакво е битен колку и карактеристиките на моторот. Правилно поставени односи на менувачот можат драматично да ја подобрат акселерацијата.
Се сложувам. Дефинитивно огромен фактор кој е многу влијателен. Секако не смее да заборавиме дека реалноста е пред нас, а не Нид Фор Спид. Ако моторот има доволно момент во сите точки, помалку е важен менувачот. но кога веќе гледаме да е супер, зошто да не е се супер. Мене ми е многу важно да може да се одржува 120-130 на што е можно помалку вртежи. Тоа е случај кај поновите турбо мотори кои имаат сила уште од малку вртежи.
Една од многуте причини зошто ги фаворизирам. 120 при 2200 кај бензин и 120 при 2100 кај дизел е незаменливо чувство. Милина.

Присутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22222
Одг: Вртежен момент кај возилата (Nm - Њутнметри)
« Одговори #14 на: 18 Март 2011, 09:10:27 am »
Fabricki...280 Nm @2200 rpm = 120 km/h, 6th gear, 2400 rpm.
Јас само ќе додадам едно нешто кое многумина кои ги разбираат карактеристиките го занемаруваат. Тоа е менувачот. Подеднакво е битен колку и карактеристиките на моторот. Правилно поставени односи на менувачот можат драматично да ја подобрат акселерацијата.
Се сложувам. Дефинитивно огромен фактор кој е многу влијателен. Секако не смее да заборавиме дека реалноста е пред нас, а не Нид Фор Спид. Ако моторот има доволно момент во сите точки, помалку е важен менувачот. но кога веќе гледаме да е супер, зошто да не е се супер. Мене ми е многу важно да може да се одржува 120-130 на што е можно помалку вртежи. Тоа е случај кај поновите турбо мотори кои имаат сила уште од малку вртежи.
Една од многуте причини зошто ги фаворизирам. 120 при 2200 кај бензин и 120 при 2100 кај дизел е незаменливо чувство. Милина.

Daleku od toa deka  e slucaj samo kaj ponovite turbo motori.
Fabricki kaj mene e 280Nm@2200 rpm, sto vo realnost znaci 120 km/h na 2100-2300 rpm, odnosno 160 km/h bese na nesto pod 3500 rpm ...vo 6 ta.
Kako sto kaza..milina...ali sekogas moze i podobro. ;D
« Последно менување: 18 Март 2011, 09:38:12 am Stratro »