Автор Тема: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!  (Прочитано 48412 пати)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!
« Одговори #165 на: 17 Август 2014, 17:54:44 pm »
Крелл пред да збориш за downsizing разгледај како изгледале моторите пред 50-60 и повеќе години.

Во моментов сеуште не ги доживувам доверливи моторите од тип 1.0 Екобуст, некои од TSI и слично.

Една од дилемите кога ја земав Honda -ва ми беше и тоа, и на крај сепак решив дека сакам подоверливо возило (2.0 атмосферец) (малку фалеше да не земам тогаш 1.4 TSI 150 ks Tiguan, а претходно 1.2 ТСИ Jeti, ама се разубедив и во двата случаи читајќи негативни искуства, а и искуства од некои луѓе тука).

За мене 1.0 во ваков тип на возило, Не фала.. Освен ако тоа не е возило што би го имал максимум 2 години, или возило кое што јас го возам, а друг му се секира за  сите проблеми што би настанале...(на пример службено :))

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!
« Одговори #166 на: 17 Август 2014, 17:55:37 pm »
Доста офф тема ...
Него, не ли беше ова 1.0 125 кс?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!
« Одговори #167 на: 17 Август 2014, 18:00:29 pm »
Сомнежите кон 1.0 екобуст ви се апсолутно неосновани. Не се сеќавам дека дигнавте гужва окулу 1.1 crdi, 1.4tdi, 1,6tdi, 1.3cdti, 1.5dci и слични. Ако можат сите тие да вртат 300к без сериозни механички проблеми не постои една причина зошто не би можел и 1.0 екобуст.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!
« Одговори #168 на: 17 Август 2014, 18:05:04 pm »
Сомнежите кон 1.0 екобуст ви се апсолутно неосновани. Не се сеќавам дека дигнавте гужва окулу 1.1 crdi, 1.4tdi, 1,6tdi, 1.3cdti, 1.5dci и слични. Ако можат сите тие да вртат 300к без сериозни механички проблеми не постои една причина зошто не би можел и 1.0 екобуст.

1.1 crdi e 74ks, 1.4 tdi e 74ks или 89ks итн итн.. Никој од овие не е над 100 кс... Поголем волумен, а помалку коњи.. 1.0 со 125 кс, ми е мене некако...Премногу исфорсирано.. Се надевам дека грешам.. Бидејќи тоа значи не чека иднина со стварно напредни и доверливи мотори.. Ама како што кажав, ќе мора да се стрпам неколку години па да се уверам дека грешам..

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!
« Одговори #169 на: 17 Август 2014, 18:27:48 pm »
1.4тди е 90 коњи но врти до 4800 вртежи. 1.0 екобуст е 100 коњи а врти до 7000 вртежи. Нормално дека ќе има значително повеќе коњи но тоа не значи дека е исфорсиран моторот. Вртежен момент сигурен сум дека имаат сличен. Проста математика.


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!
« Одговори #170 на: 17 Август 2014, 20:52:01 pm »
И јас сум на истото мислење со krell за downsizing-от на моторите, кои испумпуваат повеќе коњи, дека нема да бидат долговечни како атмосфетците, па и како турбашите со прописна кубикажа.

Се додека не се докаже спротивното, се разбира.

А дека бркаат работа, дури и повеќе од тоа - нема збор.

Само издржливоста е под знак прашалник.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!
« Одговори #171 на: 17 Август 2014, 20:59:32 pm »
А зошто би траел 500.000км? Нека истера 200-250ккм и супер е. Кој сака поозбилни килметражи со поголема брзина го има 1.6 Екобуст кој веројатно е поиздржлив при поголеми оптоварувања но е и поскап. Според мене за до 25-30ккм годишно супер мотор е 1.0 Екобустов.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!
« Одговори #172 на: 17 Август 2014, 21:42:47 pm »
А зошто би траел 500.000км? Нека истера 200-250ккм и супер е. Кој сака поозбилни килметражи со поголема брзина го има 1.6 Екобуст кој веројатно е поиздржлив при поголеми оптоварувања но е и поскап. Според мене за до 25-30ккм годишно супер мотор е 1.0 Екобустов.

Да истера 200-250 ккм и повеќе од супер. Јас се прашувам дали ќе истера 100ккм без проблеми.

(1.2 tsi ретко тера 100-150 ккм без проблеми ко што може да видам).

Ова прашање не се прашувам само јас.. Еве и на овој форум се прашуваат истото:

http://www.pistonheads.com/gassing/topic.asp?t=1164918

"How many years does he plan on keeping the car?

For a 3-year deal under warranty I wouldn't hesitate to buy, they're a fantastic engine from what I've read, but being so highly stressed I have worries about long-term reliability with these engines. "

Инаку иако го немам возено, ми личи дека нуди одлични перформанси (на форумов има дискусија и околу тоа).. Само се прашувам за издржливоста (исто ко и за било кој downsized мотор).

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!
« Одговори #173 на: 18 Август 2014, 11:38:47 am »
Клабери, моторов освои награда за мотор на годината.
три пати по ред

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!
« Одговори #174 на: 19 Август 2014, 07:35:24 am »
Клабери, моторов освои награда за мотор на годината. Сигурен сум дека во Форд добро размислиле во долгорочноста на истиот во поглед на искористувањето. Како и секогаш времето ќе покаже.

3 Години по ред ја освојува наградата. Недовербата во новите технологии секогаш ќе има. Има луѓе си сакаат дизели атмосферци.

Маливе турбо бензинци се измислени за нашето секојдневие. На ново само таква кола би купил.

Отсутен Kirepp

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 133
Одг: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!
« Одговори #175 на: 19 Август 2014, 10:53:17 am »
Пратам шо праите муабет и цело време бензин VS дизел или незнам што
1 бензин и дизел ви се различни мотори и нема споредба
2 јас мислам дека овие мотори што им се форсира моторот имаат помал век што е нормално ( за пример ќе ги земам мерцедесите старите нивните мотори се по 3000 4000 - 6000 7000 cc а имаат вадено од 3000 -100 КС затоа тие автомобили издржале до ден денес http://en.wikipedia.org/wiki/Mercedes-Benz_W114 еве прочитајте а дека денешниве мотори се поквалитетни :SSSSSSSSSS
3 денешниве автомобили се масивно производство и се за неколку години ( ако повеќето се вози во град за 6 7 год моторот ќе покажи итоа многу) па сега вие како сакате
4 а автомобилчево вака на изглед си е супер е сеа треба да се пофалиш ти како суспензија ова она изолација и тие работи (многу битни) создравје да се вози

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!
« Одговори #176 на: 19 Август 2014, 11:27:21 am »
ако деловите во моторот се димензионирани да држат повеке од 125 кс тогаш тотално е небитно дали таа снага ке дојде од 3000 или од 1000 кубика

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!
« Одговори #177 на: 19 Август 2014, 12:06:36 pm »
Многу јасно.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!
« Одговори #178 на: 19 Август 2014, 12:39:03 pm »
1.0 vo karoserija od swift, lupo, aygo i slicni e ok, zatoa sto kje bide optereten so okolu 1000kg sofer plus karoserija plus nesto sitno, fokusov e tezok od start i zatoa spored mene pogolem motor podobro bi mj dosol, jas licno so kamioni imam poglemo iskustvo, i 500hp vo Iveco so 10 000cc volvo so 13000cc i scania so 16400cc ne vlecat isto a na hartija se isti

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Форд Фокус 1.0 EcoBoost 2012!
« Одговори #179 на: 19 Август 2014, 13:53:13 pm »
1.0 vo karoserija od swift, lupo, aygo i slicni e ok, zatoa sto kje bide optereten so okolu 1000kg sofer plus karoserija plus nesto sitno,

Ти размислуваш од аспект на камионџија. Но теретот навистина нема никаква врска. Разликата дали е ставен во свифт од 1000 кила или фокус од 1400 кила е само тоа што во вториот случај забрзувањето ќе биде побавно и моторот ќе биде троа пооптеретен. Но оптеретувањето зависи пак од начинот на возење. Исто ќе биде оптеретен и во свифт и во фокус ако возилото се стиска и малтретира.
Сепак 1.0 екобуст ќе биде идентичен со 1.8 атмосферец и на хартија и во пракса, ако податоците за перформансите на моторите им се исти и се добиени со компатибични методи, исто како и кај ивекото и сканијата и останато.