WOW драма!
) Фала на сите за честитките.
Да одговорам накратко на неколку прашања.
1. Тестот кој што го направи CarClub тимот имаше голема заслуга Фордот да биде во потесен избор.
2. за околу 11к еур + -, не можев да добијам ништо подобро, а да биде ново. Башка тоа регистрирано уште 9 месеци, зелен картон и полн резервоар
)
3. Првично фокусот ми беше за одредена сума надвор од буџет. Појдов во Форд со намера да ја купам фиестата. Ми нудеја Форд Фиеста 1.5 тдци 75кс титаниум ниво на опрема за 11к. Прва ја возев фиестата.. ме бендиса, добро реагира моторот, стабилна итн.. типично ко за форд, арно ама тесна, градско количе. а знаев дека морам да направам компримис.
Откако се паркиравме ајде ми вика фокусот да го повозиме. Возам и нема муабет. разлика небо земја. Поголема класа, постабилна, комфорот е друг. баш фамилијарна кола.
После 10мин разговор утврдивме цена и за фокусот. На крајот на денот изборот беше тој. фиеста тдци или фокус екобуст.
Кога размислив дека годишно правам од 8-9к км. и дека не ми се исплати да купам дизел, логично беше да се одлучам за поголема класа, бензин бидејќи знаев дека е доста економичен. А сега после 4 месеци возење без тролање ви тврдам дека во град просекот е 6.5 - 7.0л/100км бидејќи кај нас во Прилеп е тргни застани па тешко под тоа, за во Скопје мислам дека би била околу 6. додека на отворено 5л/100км.
4.Некој спомна дека подобро би било 1.8 или 2.0 атмосверец. Да супер е.. само колку ќе биди потрошувачката? сигурно не 5-6л/100км во град.
5.Крелл се прашува дали ќе истерал 100к? зошто? епа затоа што прочитал дека на некој 5ти форум некое детиште пишало дека моторот немало да трае повеќе од 3 години, а тоа детиште муабетот го слушнал од некој негов другар кој што го прочитал на некој 6ти форум
)))))) мала шала. Имам гаранција 5 години. ако колата се чува и се одржува како што треба јас сум уверен дека ќе трае долго.
6. Возев Kia ceed атмосверец 1.4 100кс. доста тромав во споредба со екобуст моторот. Значи не ви е на место муабетот дека 1.0 не чинел за оваа класа на кола итн. тоа ти се вика тролање над 9к.
Уфффффф ваков долг пост немам одамна напишано.
Поздрав и без тепачки