Здраво,
Сакам да си купам нов автомобил, па ми треба некој совет плус кој може ќе ми го олесни изборот.
Критериумите за избор ми се:
1. Да е ново возилото
2. Да не е кинески бренд
3. Да е SUV, фамилијарен.
4. Да не надмине 35 к еур.
5. Да има доволно седечки простор (пошто сум висок човек), а и багажен.
6. Да не го чекам 5 месеци. (да земам возило што има на лагер), тоа баш и не е критериум, општо би било пожелно.
Отприлика тоа, така и се сведов на овие 2 возила.
Во изборот беa (и беа отфрлени која ради изглед, која ради цена и сл.): Hyundai Tucson, Skoda Karoq, Nissan Qashqai, Renault Captur, Peugeot 3008...
Неам време да барам половни, па да ги проверувам, кај овој мајстор, кај оној и сл. Знам дека за тие пари се зема некое сериозно добро возило кое е сосема друга класа, но, решив нова кола и тоа е тоа.
Е сега, останав на овие 2. Двете ги возев, Киата и малце на отворено.
По мене, на страна личните преференци за вкус, да го тргнеме тој дел како изгледа, во однос на цената се исти.
1. Kia: 32 900 еур, основно ниво Concept, 1.6 T-GDi 150KS FWD DCT7
2. Toyota: 34499 (- 1500 некоја си цена што ми ја спуштија) 33 к, во Executive ниво, мотор: HYBRID 140 1.8L HEV 2WD e-CVT 140 к.с.
Предности кои му ги препишувам на Sportage-от:
1. Поубав и модерен дисплеј и целиот dashboard.
2. Повисок и подобра прегледност (можеби минимално)
3. Просторна на задна клупа и наклон на седишта
4. ПОГОЛЕМ БАГАЖЕН ПРОСТОР
5. Има резервно тркало со оригиналните бандажи
6. За истата цена, некои работи ги нема кај Corolla-та (барем не во Executive)
Предности на Corolla-та:
1. Дека е Toyota (некако имам верба дека се е како што треба со тој бренд возила)
2. Дека е хибрид и дека нема да ми троши 8 + литри / 100 км во град.
3. 10 години гаранција (ова е поврзано со точка 1.)
Не купувам кола за чатал, сакам да сум сигурен и безбеден. Ја купувам колата за фамилија, но сакам да го направам правилниот избор.
Сакам да слушнам мислење и од некој со повеќе искуство во возила, особено од некој кој веќе поседува некое од овие 2, па би бил благодарен ако додаде нешто на темата.