Слична дилема имав пред некој месец кога купував кола , и на крај изборот падна на Спортажот(средно ниво на опрема) . И Корола крос ми беше во некој поширок избор , меѓутоа кај неа не ми се свиѓаше пред се дизајнот (ова индивидуално) , помалиот гепек , слабата изолација , па затоа отпадна од комбинација .
Според мене Киата во однос на Тојотата има неколку предности , од кои би ги издвоил :
- моторот помоќно делува , некако подобро "повлекува" , и ја нема онаа бука кога забрзува . Кај Королата на пример , додека забрзува менувачот како да е во пониска брзина и ги држи високи обртаите , а не се чувствува некое забрзување . (Ова бар мене така ми делуваше )
- изолацијата е каде каде подобра во Киата .
- Инфотејнментот е подобар и со повеќе опции (мада добар дел од опциите сеуште не се активни , ваљда се чека на апдејт)
- 7 години помош на пат (за цела европа)
- имаш возила на лагер
А од оваа гледна точка , после два месеци возење , како маана на Спортажот би ја издвоил потрошувачката во град која се движи околу 11-12 л .Мада да напоменам дека имам дневна релација во еден правец од околу 3-4 километри појди застани, зима ,клима , .... Кога се вози низ град на подолга релација и со понормална гужва , околу 10 л е потрошувачката . На отворено , со нормално возење 120-130 км/ч троши околу 7-7.5 литри . Очекувам кога ќе се разработи колата повеќе потрошувачката да падне за едно пола литар до литар ( вака беше и со претходниот Спортаж) .
Се надевам дека ќе ти помогнам во изборот и дилемите кои ги имаш :-)