Мое е да информирам, не се објаснувам веќе. 
Интересно е како си најгласен за приватност, а си единствен на темава кој јузерот му е цело име и презиме. Темата за автомобилот ти е со слики со регистрација со над 50 страни детали, на јавен форум.
Баш во живо те разминав на твојот паркинг, повеќе знам за тебе него некои познаници, а првпат во живот те гледам.
Земи малку од твоите совети и прибери се дигитално, па после и на МВР фокусирај се 
Име и презиме не се уникатно идентификувачки податоци
сами по себе, може уште 30 Андреевци Наумовски да има во државава. Само на LinkedIn излегоа уште 5 програмери со исто име и презиме во Скопје.
Таблица на кола е јавна информација и сама по себе не може да те идентификува ниту па да се злоупотреби. Како што сам кажа, да поминеш на паркинг ќе ја видиш. Да поминеш на паркинг и да ме видиш како влагам во кола, ќе имаш и лице за колата. Да си бил присутен на собирот во Дојран или Прилеп и ќе се запознаевме и муабет ќе направевме и за коли и за било што

и да, точно е дека и имејл и телефон не спаѓаат под сензитивни PII, комбинација на двете може да се (и веќе се) злоупотребува, како примерот погоре.
Следен пат, поздрави се, частам кафе во Дабов.