Автор Тема: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet  (Прочитано 8919 пати)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7108
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #15 на: 29 Март 2026, 16:19:39 pm »
Денеска ставени летните гуми.
Се водам по принципот додека сме на зимско сметање на времето - зимски гуми, додека сме на летно сметање на времето - летни гуми.

Вчера бев до Автомобил во Бутел да ги проверам амортизерите, предните беа 80% со 83%, задните 70% со 75%. Луфта во буферите горе нема.
Крцакњето што го слушам и понатаму, последно нешто што остана е само гумичките на балансташтанглата, бидејки и денес кога ги менував гумите, двете што ги видов, беа испукани и суви, така да повременото крцкање сметам дека дефинитивно е од нив и тоа ќе се решава набрзо.

Планови за до крајот на годинава се мал сервис, гумичките на балансштангла и промена на глицерин бидејки 3 години се поминати откако последно го сменив.

Да не остане постот со текст, една слика од денес, тазе перено со летен сетап.


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44958
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #16 на: 29 Март 2026, 19:52:09 pm »
Намокри ги убаво со силиконски спреј, ако (привремено) престане крцкањето - тоа е..
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7108
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #17 на: 29 Март 2026, 20:37:53 pm »
Нема што друго бидејки откако е во моја сопственост сменети се комплет чаури напред, сменети се двата стабилизатори, сменета е лево јабучица.
На проверка сето ова е здраво без луфта. Исто така без луфта се и буферите на амортизерите. Нема проблем ниту летвата лево десно кога вртам нема тропкање.

Така да остануваат само гумиците на балансштанглата.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18026
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #18 на: 29 Март 2026, 20:46:41 pm »
И јас така убеден на Митото дека сум сменил се, и нема што да крцка, кога мајсторот ми откри запечен стабилизатор. Едната страна од стабилизаторот скроз сува, грам маст од фабрика немала, и беше невозможно да се мрдне со рака. Само тежината на колата можела да го "размрда", и притоа произведуваше звук идентичен како кога имаш расклатен зглоб на полуосовина.

Јас дури бев и убеден дека ќе е зглоб, ама ми докажа спротивно мајсторот :)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7108
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #19 на: 29 Март 2026, 20:49:40 pm »
Ми крцка откако е купено, 3 и кусур години го возам со тој звук на крцкање што го дава повремено, најчесто при вртење во кружни текови, односно кога има дизбаланс напред, вртиш лево, па десно додека се движиш.

Не е до стабилизаторите бидејки во септември ги менував, десниот почна да тропа, ама тоа беше так-так-так постојано тропање на нерамен коловоз.

Ова е крц-крц повремен звук.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6971
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #20 на: 29 Март 2026, 21:00:29 pm »
Ако се гумици на балансштангла, како ги трпиш три и кусур години?

Нит се скапи, нит нешто посебно тешки за замена…

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7108
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #21 на: 29 Март 2026, 21:10:56 pm »
Најчесто имам проблем со пронаоѓање на мајстори кои прво ќе се испозамара детално да провери, а потоа и да замени.

Најчесто е одговорот: Абе све ти е камен здраво доле во предница, вака шознам, можеби е почетно, почекај да растропа, дрн дрн, сеа у гужва сум, ај барај ме од понеделник, ај барај ме од нареден петок, ај од нареден месец.

Ете тоа е главната причина, сеуште немам некој матичен механичар кој ем ќе ја проверува детално, ем ќе го среди секое мое барање.


Сега ќе ти кажам редоследно кај кои механирачи сум одел.
Прво одење ми беше кај Митревски, ми направи мал сервис. Го прашав дали ќе сака ми биде мајстор бидејки сум на 100 метри од него, ме одби со разлог дека сепак работи само фолксваген групација, за мал сервис и ете нешто замена јабучица или плочки може, за останатото барај си мајстор што работи Фиати.

После него два-три пати ја носев кај Дејан во Сопиште. Дејан е вработен во сервис Митревски, ама си работи и самостојно плус, балансираат со Митревски, така да за ВАГ групација небитно дали во Митревски или кај Дејан во Сопиште, исто ви е.
Само што Дејан е пренатрупан со работа, и со него ми беше ај за две недели барај ме, ај за три недели и сум го чекал и до 2 месеци и затоа откажав.

После наредно мал сервис правев во Фас-Вас, ги замолив да проверат доле предница, дечко се ти е ок. Успат што ме поебаа со уљето за менувач, наместо Матрикс, ми ставија Течникс и наместо 2.7 литри, сипаа 2 литри. Менувачот после 3 дена буквално почна три пати појако да зуе и морав да го сменам.

После сум бил и кај Горан Кметовски во Побожје, ми замени чаури комплет, ама ме убедуваше дека менувачот ми е здрав.

Наредно го сервисирав климатроникот кај двајца мајстори, едниот е во Јагуар сервисот, другиот во Фиат Македонија.
Климатроникот ми го средија, ама после тоа мал сервис и останати проверки исто молење, ај утре, ај наредна недела звони, па што се замараш, па другар колава ти е 18 год стара, па вака така.

Следно одма во комшии млад дечко, има сервис, правев мал сервис кај него, ама за преглед на предница онака визуелно само, малце со хебла мрдна, другар се е здраво доле.

И сега последно сум кај друг човек што исто така работи во Фиат Македонија, приватно после работа кај него ја носам.


И тоа е, молење само да направат проверка и да ми кажат што треба, иако им напоменувам што треба, менуваме си плаќам колку треба.

« Последно менување: 29 Март 2026, 21:24:41 pm FiLo »

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6864
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #22 на: 29 Март 2026, 21:37:00 pm »
Така е со мајсторите. Инаку новите гумици без разлика на марка немаат квалитет ни приближно до фабричките, крути се како пластика, лошо лиени и кратко траат.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7108
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #23 на: 29 Март 2026, 22:01:12 pm »
Остај седи, не ми прави јадови на душата ;D

Не ми е проблем и да почекам, пример отидам, ја провери и ми каже, имаш луфта на тоа, тоа и тоа. За да го средиме, сега сум во гужва, за три недели пример на 15 април можам.

Во ред, може, договорено.

Ама не е така, на крај ќе ми пукне филм, ќе фатам у Србија ќе најдам мајстори бидејки со менувачот кога барав, само двајца се нафатија да го средуваат, Злате Брада од Долно Лисиче и Илија, ама цените беа 700-1000 евра.

Во Србија на Ланчија форумот кога прашав, за 400 евра го ремонтираат М32 менувачот.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8243
  • Плинаш!!!
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #24 на: 29 Март 2026, 22:01:39 pm »
И јас имам "проблем" со гумици на балансштангла ама кај мене крцкаат само зимно време и тоа само на лежечи. Ќе крцнат на 2-3 лежечи и после прекинува. Кога ќе се стопли надвор па не крцкаат воопшто. Мајсторот ме советува да не ги менуваме затоа што не биле распукани а и новите биле со слаб квалитет.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2363
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #25 на: 29 Март 2026, 22:07:04 pm »
Однеси кај некој мајстор за подвозје нека ти ја зирне. А може и да е некоја глупа работа, кај мене почна така како некое пуцкање на ниски брзини при полно вртење, пример при паркирање, испадна шрафот што го држи амортизерот во ракавец малце изместен. Зашрафија се, удрија по спецификација со момент клуч и ене ја топ е.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7108
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #26 на: 29 Март 2026, 22:28:21 pm »
Мое мислење е дека 99% се гумициве бидејки се јавува на моменти и тоа баш кога има дизбаланс на лево во однос на десно тркало и обратно.
Најчесто тоа се случува во оптеретување при кривини, најчесто кружни текови или пак пример земјен пат, па е со благи дупки, па пропаѓа едното тркало, потоа другото и го дава крц-крц звукот.

Али ако имаш мајстор за подвозје што би ја проверувал детално, да знам и лично за себе дали е се во ред, слободно препорачај ми.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4061
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #27 на: 29 Март 2026, 23:03:28 pm »
Мое мислење е дека 99% се гумициве бидејки се јавува на моменти и тоа баш кога има дизбаланс на лево во однос на десно тркало и обратно.
Најчесто тоа се случува во оптеретување при кривини, најчесто кружни текови или пак пример земјен пат, па е со благи дупки, па пропаѓа едното тркало, потоа другото и го дава крц-крц звукот.

Али ако имаш мајстор за подвозје што би ја проверувал детално, да знам и лично за себе дали е се во ред, слободно препорачај ми.
Мето кисела вода? Дечково што центрира

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7108
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #28 на: 29 Март 2026, 23:14:17 pm »
Сум бил и кај него пред две години, тогаш тазе променети беа чаурите, му напоменав дека крцка, ја провозе, потоа ја провери, вика немаш луфта, ја провери за центрирање, рече дека е во толеранции.

Буквално јас им напоменувам што колава има од подвозје, а реално е просто како и секоја обична кола, една долна виљушка со две чаури, една јабучица, спона, стабилизатор, балансштангла и нагоре амортизер со буфер.

Толку, не е ништо комплицирано подвозје да не може да го провери било кој мајстор.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6971
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #29 на: 30 Март 2026, 20:18:25 pm »
Одиш си купуваш гумици, одиш на било кој сервисер и му викаш - замени ги.

Шо ќе проверува…?