Се искомплицира многу со деловите, колата сеуште стои паркирана. Одлучив да монтирам една од половните дизни (ако не скршам во монтажа и друга), но пред монтажа ќе ги исчистам сите половни дизни со ултразвук со 5% концентрација од Tickopur R33, а новата ќе ја чувам за резервна за да немам огромна разлика во flow измеѓу цилиндрите. Ќе се чистат во ултразвук на 50-60 C, со пулсирања одвреме навреме за да се исчисти и внатрешноста. Не сакам да се доведам до ситуација да морам да расклопувам пак и да чекам делови цел месец.
Единствено ќе ги оставам старите гумици/дихтунзи на пластична усисна грана (на спојот со металната), но нема ризик, не можам да чекам уште 2-3 недели само за нив.
Останатите делови би требало да пристигнат до крај на наредна недела.