Автор Тема: Lexus IS250 2007 Luxury Line  (Прочитано 30822 пати)

Присутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7355
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Lexus IS250 2007 Luxury Line
« Одговори #225 на: денес во 09:58:52 »
21.11.2026:
Промена на сијалички во ентериер
Километри: 222,000
Трошоци:

- Сијаличка за VSC OFF 14V 0.63W T1 (3mm) - 3x0.87€ + 5.95€ достава = 8.56€ (цената е за 3 парчиња)
- Сијаличка за PWR/ECT/SNOW 14V 0.56W T1 1/4 (4mm) - 3.43 + 2.95€ = 6.38€ (цената е за 10 парчиња)

Вкупно - 14.94€

Слики:


Еве како изгледа процесот (сликите се преземени од странски форум):




Забелешки:
- 2 минути работа и чекање 2 недели за сијаличките бидејќи ги немаа на лагер, локално ги имаше ама 0.9W, пицајзла сум и гледав по каталог иста јачина да се. Откако ја купив не ми светеше копчето за power mode, читајќи по форуми видов поделени мислења, половина од луѓето не знаат дека и тоа копче има backlight :D
-Прилично лесно се монтираат во старото лежиште, старото гумено зелено “капче” може да се извади и да се употреби пак.
- Цената ја сметам за прифатлива со оглед на тоа што ми останаа 9 сијалички од 4mm и 2 сијалички од 3mm. Во овластен едно сијаличе кошта 22€, а заменски нема, не одговара ни T4 ни T5.
- Акумулаторот вајстина капут, не знам дали да земам нов, па да го чувам дома на полнач или да не земам да не му тече гаранцијата џабе…
« Последно менување: денес во 10:04:57 nestor04 »