Летоска на Ибеј налетав фирма од Германија која продава репарирани дизни по доста поволни цени. Со оглед да после испадна да не ми требаат, го заборавив името но сигурно лесно се наоѓа. Фирмата изгледаше по описот доста голема и солидна, сигурно поарна од нашиве репаратори, ако има некој искуство нека каже. Цените беа за комплетна репарација 180 Е, а кога ќе ја вратиш твојата стара, враќаат 60 евра (ако добро се сеќавам, ама тука некаде беа). Тука ќе има и транспортни трошоци, сепак не е лошо, Роберт ми бараше 400 Е за две дизни (а испадна дека дизните се ОК) а Стојче 158-25о Е со тоа што не монтира/демонтира. Ти си таму, прочепкај за вакво репарирање и за себе а и за нас би било корисна информација.