Автор Тема: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин  (Прочитано 2944 пати)

Отсутен CloneVTEC

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« на: 08 Февруари 2024, 21:27:47 pm »
Здраво на сите,

нов возач сум (купив Chevrolet Aveo седан пред еден ипол месец). Автомобилот не се погоди баш, иако отидов и со автомеханичар за да провери дали е се во ред. Автомобилот нонстоп има механички проблеми - кога ќе размислам, не е толку зачудувачки, бидејќи е веќе стара 18 години. Ја земав за 2800 евра (најверојатно заслужувам да бидам осудуван, бидејќи неколку пријатели тврдеа дека сум можел да купам "далеку подобар и позачуван" автомобил за истата цена.) Но ајде, кога сум се нафатил на орото, ќе го играм. Се учи од грешките  :D



Откако ја имам во моја сопственост, сменив:
   =====
Масло за мотор 5W40(така ми беше препорачано од минатиот сопственик, иако на интернет каде и да пребарав пишуваше 5W30)
Антифриз
Филтер за кабина
Филтер за масло
Филтер за мотор

Вкупно: 5.500 денари
   =====
Нова плинска боца (согледувајќи дека плинскиот систем кој бил инсталиран во автомобилот од поранешен газда - истиот бил атестиран во 2011та година, не се чувстував безбедно со старата плинска боца, па решив да ја заменам) - 10.000 денари
сменет сензор за плин BOSCH - 4.000 денари
сменети два филтри за плин - 2.000 денари
сменет регулатор за притисок на плин, не знам точно како се нарекува, делот што го разредува плинот, што го прави во прашкаста состојба  - 3.000 денари

Вкупно 19.000 денари
   =====
Потоа автомобилот почна да трокира и нерегуларно да работи, видов дека од каблите за свеќиците излегуваа искри, па ги сменив и нив. - 2.500 денари
   =====
Почнав да бидам параноичен за состојбата и здравјето на моторот, па за секој случај решив да ги сменам и каишите
Сменет ребраст каиш (кога го отвори автомеханичарот здогледа дека ребрастиот каиш бил облиен во масло, па смени и некој си семеринг)
Сменета водна пумпа
Сменет линиски каиш
Сменето масло за менувач

Вкупно 13.500 денари
   =====
Се на се, поправките ме коштаа 40.500 денари/650 евра. Мене тоа ми изгледа прилично скапо, ама не знам друго што да правам кога веќе сум се зафркнал, освен да ја доправам колата - за да си биде се на место.  :D

Но уште од почетокот мајсторот за плин и автомеханичарот здогледаа еден "франкенштајнски" изум во колата, каде што најверојатно минатиот газда, заедно со негов автомеханичар се обидувале да решат некој проблем на моторот на поевтин начин. Во прилог ставам фотографии од мотор од иста кола - од интернет, и фотографии од моторот од мојата колa.

ФОТОГРАФИЈА ОД ИНТЕРНЕТ:


ФОТОГРАФИЈА ОД МОЈОТ МОТОР:

                                               
Станува збор за црево кое што излегува од (?системот за воздух или за вакуум?) и истото влегува во самиот мотор. Е сега, на мојата кола, цревото не влегува директно во моторот, туку е приклучено на самопрајски приклучок со 3 отвори.
Автомеханичарот се обиде да го извади приклучокот, го стави цревото директно во моторот, како што е и на сите други мотори на таа кола, и од истиот момент се појави многу силно цвикање - слично на тоа кога веќе животниот век на линискиот каиш е при крај, но многу погласен.
Не знаеме засега точно во што е проблемот, веројатно тоа е истиот проблем што минатиот газда покушувал да го реши, но ме плаши тоа што го избегнал и го "поправил" на свој начин, автомеханичарот ми рече дека проблемот би можел да биде многу евтин, или да оди многу подлабоко и тоа да ме кошта и до 450-500 евра.
Колата моментално со тој "франкенштајнски" изум функционира прилично океј, единствена замерка ми е што некогаш трокира, но планирам да ги заменам свеќиците и да го исчистам делот за контрола за гаста.
Но, сепак не сакам да ја оставам така, бидејќи моментално на тој изум, третиот отвор е откриен и не е приклучен за ништо, а осеќам дека има некаков вакуум кога го ставам прстот таму, и колата ги намалува вртежите, а и воедно сигурно всмукува нефилтриран воздух со секакви честици кои што влегуваат директно во моторот.

Доколку некој овде е имал некој сличен проблем/или се разбира доволно за да каже за што служи тоа црево, која му е намената, и кој би можел да биде проблемот, би бил благодарен.

Исто така се извинувам ако некаде во текстот се изразив погрешно, или користив неточно име за некој механички дел - нов сум во ова поле и се уште учам.
« Последно менување: 08 Февруари 2024, 21:59:46 pm CloneVTEC »

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #1 на: 08 Февруари 2024, 21:38:43 pm »
Едно од поопширните одговори и претставувања на форум, дечко се ѐ на место.
За совет со плински уреди би ти го препорачал:
https://www.facebook.com/plinovimont?mibextid=ZbWKwL

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #2 на: 08 Февруари 2024, 23:39:28 pm »
Welcome to the club.

Тој механичарот шо гледал кога си ја земал колата? 🤣

Ако е истиот што ти ја одржава, најди си друг мајстор.

Види во основа, најголема глупост ти била промената на боцата.  Буквално џабе фрлени пари. Стандардот на боцага е тој, дали пред 10, 15 години тоа е.

Второ ако ја одземеме боцата, другото ти е регуларно одржување. Ништо страшно, а најмалку скапо. Голем сервис за 13000. Таква цена ни во 2010 година немаше да добиеш  😄

Ова за цревото ми личи за "греач" на клапна за водзух. Топла смеса да доаѓа од моторот за зимно време полесно да загрее.

Во основа ова ти е супер кола да го изпечиш занаетот - одржување кола :)


Отсутен damjanku

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 301
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #3 на: 09 Февруари 2024, 00:07:58 am »
Ај добродојде со здравје да се вози колата. За проблемот со цревото што го имаш наведено, цревото е на англиски Oil Breather Hose или на нашки мајсторски „Одушак“ на моторот и тоа црево најверојатно ти е извадено поради тоа што имаш монтирано плин на коата и цревата за дизните поминуваат на тоа место каде што стои цревото.
Набрзинка сега на интернет најдов како би требало да изгледа цревото и најверојатно е вакво а и на првата слика каде што е џекот од бомбината се гледа дека има пластична рачва најверојатно што оди надолу, така да најубаво е да најдеш половна иста и да видиш со додатоци да ја наместиш на колата бидејќи со плинов сигурно ќе мораш да направиш некоја дополнителна адаптација.

https://www.kolos-ms.net/en/item/52970/hose-breather-96566252.htm

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #4 на: 09 Февруари 2024, 00:24:29 am »
Uberlauf мислиш?

Отсутен CloneVTEC

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #5 на: 09 Февруари 2024, 03:22:35 am »
Тој механичарот шо гледал кога си ја земал колата? 🤣

Ако е истиот што ти ја одржава, најди си друг мајстор.

Апсолутно не, нога не сум стапил кај него. Првичниот автомеханичар демек колега на татко ми од работа, па рековме ајде близок човек ќе ни помогне. На крај испадна дека човекот само сакал да си оди дома, иаку му компензирав 2000 денари за помалку од 1 саат мрцварење.  :D
Ај добродојде со здравје да се вози колата. За проблемот со цревото што го имаш наведено, цревото е на англиски Oil Breather Hose или на нашки мајсторски „Одушак“ на моторот и тоа црево најверојатно ти е извадено поради тоа што имаш монтирано плин на коата и цревата за дизните поминуваат на тоа место каде што стои цревото.
Набрзинка сега на интернет најдов како би требало да изгледа цревото и најверојатно е вакво а и на првата слика каде што е џекот од бомбината се гледа дека има пластична рачва најверојатно што оди надолу, така да најубаво е да најдеш половна иста и да видиш со додатоци да ја наместиш на колата бидејќи со плинов сигурно ќе мораш да направиш некоја дополнителна адаптација.

https://www.kolos-ms.net/en/item/52970/hose-breather-96566252.htm

Фала ти  :)
Бидејќи се наоѓам во Струмица, имаме и ние тука само еден сервисер за авто плин, и неколку души ми го препорачаа. Другиот најблизок сервисер се наоѓа во Кочани, па не сакав да одам дури до таму. Отидов кај овој првичниот, ми се виде како добар и прилично искусен човек, па освен и сервисот што ми го направи за плин системот, дополнително го замолив да провери дали се е во ред во врска со претходната инсталација. Не најде замерки, но тој беше првиот што го воочи тоа "слепо" црево и рече дека не требало воопшто тоа да биде така.
Велиш дека тоа црево е најверојатно извадено при инсталацијата на плинот, но ме чуди тоа што на самиот мајстор за плин системи не му е јасно зошто е тоа така поставено.

Притоа сакам да спомнам дека колата редовно ја возам на плин, и секое друго црево си е адекватно наместено на приклучок, каде што е наменето. Дури и при купувањето на половно црево, такво какво што наведи ти, зарем нема да е исто? Повторно ќе си остане еден празен крај, односно слеп крај, кој што нема да е приклучен за ништо и само ќе влече нефилтриран воздух. Освен ако треба да се направи некаква адаптација како што велиш ти, за да се приклучи тој слеп крај. Зарем тогаш не би значело дека самата инсталација на плин не е комплетна, и ќе треба да се прави тотална ревизија на истата? Ако е тоа така, значи мајсторот за плин не го бива и ќе треба да одам кај друг?

Колку повеќе одговори барам, толку повеќе прашања ми се ствараат!   :D

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #6 на: 09 Февруари 2024, 06:02:37 am »
Toa sve sto si smenil na samiot pocetok ti e full golem servis taka da toa e sve potrosen materijal i naredni 50.000km bi trebalo da si miren osven maslo i filtri na 10.000km.
Bocata bespotrebno si ja menuval ama aj bidnalo.
Inace sozdravje da si go vozis autceto i dosta bezgrizni kilometri.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #7 на: 09 Февруари 2024, 06:06:39 am »
Супер кола. Одлично се покажаа. Мислам дека моторот е заеднички правен со сузуки.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #8 на: 09 Февруари 2024, 07:12:27 am »
@CloneVTEC
Којзнае што мислеле кога праеле тие мајсториштата пред да ја купиш колата :)
Ова цревото што ти е на сликата и што те мачи, тоа е PCV систем, Или „positive crankcase ventilation“ на англискиски, односно систем кој зголемениот притисок во картер и блок треба да го извентилира. Тој воздух има уљни испарувања и не треба да одат во атмосфера заради еколошки причини, па се насочени во усисната грана. Затоа е и тоа црево кое оди до усисната грана. Но, ако приметиш на тоа црево од сликата од интернет, баш десно од горното квадратче што си го нацртал, постои и еден вентил, кој спречува усисната грана, кај што владее намален притисок, цело време да „шмука“ од картерот. Тој вентил го нема на твојата измишљотина од црево, па колата цело време влече воздух од картерот - што не е добро. Затоа некој решил од едната страна да го остаи отворено цревото. Кога ќе го затвориш од таму, тогаш пак почнува да шмука од картерот, се ствара вакуум и почнуваат чудни работи и звуци да се појавуваат :)
Арно ама, колата никогаш нема да работи како што треба на тој начин, со отворено црево или со несоодветен систем, затоа што влегува „див“ воздух во усисната грана, кој што не е правилно измерен и контролиран од сензорите и клапната.
Најди оригинално црево со соодветниот вентил, пробај да го наместиш, или барем pcv вентилот да го ставиш во линија, како што треба на ова црево, и потоа на бензин да се повози малце подолго, за да се „нормализираат“ параметрите. Откако ќе работи одлично на бензин, тогаш однеси ја да ти го наштелуваат плинот.

 
« Последно менување: 09 Февруари 2024, 07:29:29 am Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #9 на: 09 Февруари 2024, 09:15:39 am »
Кога го монтирале плинот им останал вишок дел ;D
Или па нешто друго се случувало па востановено дека сепак подобро работи без (не ќе да е првпат кога буџетот за поправки е кус).

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2082
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #10 на: 09 Февруари 2024, 10:50:46 am »
Златни коли упропастија со тие плинови , мој совет исфрли плин и вози си на бензин
Интересно количе таксити ги урнисаа од возење дали овој модел сеуште се произведува?

Отсутен CloneVTEC

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #11 на: 09 Февруари 2024, 16:54:14 pm »
@CloneVTEC
Којзнае што мислеле кога праеле тие мајсториштата пред да ја купиш колата :)
Ова цревото што ти е на сликата и што те мачи, тоа е PCV систем, Или „positive crankcase ventilation“ на англискиски, односно систем кој зголемениот притисок во картер и блок треба да го извентилира. Тој воздух има уљни испарувања и не треба да одат во атмосфера заради еколошки причини, па се насочени во усисната грана. Затоа е и тоа црево кое оди до усисната грана. Но, ако приметиш на тоа црево од сликата од интернет, баш десно од горното квадратче што си го нацртал, постои и еден вентил, кој спречува усисната грана, кај што владее намален притисок, цело време да „шмука“ од картерот. Тој вентил го нема на твојата измишљотина од црево, па колата цело време влече воздух од картерот - што не е добро. Затоа некој решил од едната страна да го остаи отворено цревото. Кога ќе го затвориш од таму, тогаш пак почнува да шмука од картерот, се ствара вакуум и почнуваат чудни работи и звуци да се појавуваат :)
Арно ама, колата никогаш нема да работи како што треба на тој начин, со отворено црево или со несоодветен систем, затоа што влегува „див“ воздух во усисната грана, кој што не е правилно измерен и контролиран од сензорите и клапната.
Најди оригинално црево со соодветниот вентил, пробај да го наместиш, или барем pcv вентилот да го ставиш во линија, како што треба на ова црево, и потоа на бензин да се повози малце подолго, за да се „нормализираат“ параметрите. Откако ќе работи одлично на бензин, тогаш однеси ја да ти го наштелуваат плинот.

Направив и неколку дополнителни фотографии од самиот вентил што го спомна, дали е тоа тоа?


Немам многу познавање ама би рекол дека делот е прилично истрошен



Дали би можело тоа да е проблемот со цвикањето?
Нели можел минатиот газда да го смени само тој вентил и се да си е во ред, мене овој вентил не ми изгледа толку скапо, што знам.. Со автомеханичарот кај кој одам за оваа кола сум договорен за преглед во понеделник, па сакам да му ги покажам овие коментари за да види дали нешто може да се среди од негова страна.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #12 на: 09 Февруари 2024, 21:23:33 pm »
Народски ова шо ти опиша Симо е уберлауф.

Ако си имал Југо или си забележал, секогаш едно цревце им виси под мототор и чади како мал аупсух.

Епа место да одеше на усис го вадеа надвор оти партал ја пеаеше смесата од дотраен мотор.

Отсутен CloneVTEC

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #13 на: 09 Февруари 2024, 21:42:35 pm »
@Carpathian Lord

Аха, јасно.
Барем постои начин тоа на мојата кола да се поправи, да одам со препораката на Симо? Или е тоа веќе дел од "нормалното" работење на моторот, па да не чепкам ништо.  :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Chevrolet Aveo 2006 1.2 бензин/плин
« Одговори #14 на: 09 Февруари 2024, 21:58:14 pm »
На Југото имаше карбуратор кој можеше соодветно да биде наштелуван со и без цревото кое влегуваше во куќиштето за филтер за воздух, влезот секако се златнуваше со плутена тапа да не влегуваат прашинки. Цревото веќе ти кажаа, под мотор.
Не стигнав да видам на поновите со инџекшн дали го решавале на ист начин бикоз понови нели :)

Кај тебе да се види што како... би рекол ако веќе работи убаво и не зеза, не дирај лава док спава :)