Ви благодарам од се срце на сите што ми одговорија на постот и ми дадоа објаснувања каде да се обратам. Ако не беше форумов и не бевте вие, се уште ќе лутав како мува без глава и немаше да знам како да постапам и кај кој да одам. Знам дека сум почетник, но веќе почнав да истражувам и да гледам видеа и да дознавам како понапредните автомеханичари прават дијагностика на возила - компресија на мотор преку ставање масло во клиповите и мерејќи со специјална направа, слушајќи дали во моторот некаде има вакуумско истекување, начини на тестирање на животен век на алтернатор, акумулатор итн...
Но овде приметив како што ја оставаш колата, автомеханичарот ја запалува, притиска на гаста еднаш-двапати (не се ни замара да ти прави некаква дополнителна дијагностика) и веднаш ти кажува што ти е за менење. (зборувам за прилично здрав број на автомеханичари во Струмица и нејзината околина, немам искуство со автомеханичари од други предели).
Да немав друга опција, и да имав малце повеќе финансиски средства, би си отворил своја работилница и сам би си ја поправал колата.
Кога сме кај финансиски средства, ќе почекам малце да се стабилизирам бидејќи во моментот сум сув како барут. Штом дојдам при пари, веднаш одам според вашите препораки, Скопје, Прилеп, каде и да треба,!!! А до тогаш, колата не ја чепкам.
Знам дека вредноста веќе на колата и е драстично падната, и што малце се избрзав поради "пријател" на татко ми, со оглед на тоа што ја земав 2800 евра, и во поправки веќе имам дадено над 700 евра, така да не знам дали ќе се исплати да ја продадам. Неколку пријатели ми посочија дека би бил среќен ако и 2000 евра земам за неа, така да за 3 ипол месеци сопственост да сум во загуба 1500+/- евра за мене би било прилично ужасно.
Единствено нешто што ми останува (барем според мое мислење) е да вложам уште малце во неа и да се надевам дека луѓето од вашите препораки ќе ме спасат и ќе ја направат колата за 100 мерака.
И секако, ќе известувам за секоја дополнителна новост!