За 1.2 не е нормално да троши 12 плин и исто така не е нормално да ти гаси на семафор. Отиди на плинар
Sent from my SM-A546B using Tapatalk
Новости: Денес возев нешто низ градот и одеднаш колата при забрзување почна цела да се тресе напред-назад, како да сакаше моторот да избега од колата, беше прилично агресивно тресење, а и воедно плинот ми изгасна, па на бензин ја возев до автомеханичар. Тој ја провери, заедно влеговме во колата. Извозивме неколку круга и воочивме дека нешто е проблем со плинот. Јас веќе имав намера да ја носам на плинар, ама кога се појави овој проблем, си реков ајде ќе ургирам, мора некако да се реши ова.
Но, во еден момент, автомеханичарот реши да ја стави во рикверц, и се слушна еден грозен звук - како да се резбат два зупчаници еден со друг. Кога го слушнавме тој звук, автомеханичарот ми рече дека морам да сменам сет ламела, оти веќе била при крај, исто така осетил дека кумплунгот бил "млитав" и дека за најскоро време ќе требало да ја смениме. Го прашав уште колку километража од прилика би ми дал тој пред да ми откаже ламела, па да ми растури цел менувач - тој ми даде околу 100тина километри. Го прашав за цена и ми рече дека околу над 200 евра ќе ме кошта сет ламела заедно со работна рака
Од кај него, одма отидов кај плинарот, почна да ја разгледува колата, ја тестираше ово-оно, и при тестирање му изгасна плинот, а на моменти вртежите паѓаа и до 200 RPM (цела шасија се тресеше), и воочи дека некоја си електроника, односно компјутерот заедно со цела електроника за плин ќе морала да се смени бидејќи животниот век им бил при крај. Го прашав за цена, и тој ми рече околу 250 евра заедно со работна рака.
Првично сакав само да менувам свеќици, а и гледам дека предна десна гума редовно ми дише од 2.0 бари (2.1 фабричка спецификација) на 1.3 бари, па морам да ја помпам секоја недела на бензинска, па сакав да одам на вулканизер да видам како тој би ми помогнал... Но, сега овие проблеми толку ме погодија, како да сум бил во ринг со Мајк Тајсон, а воедно на 13ти Април ми истекува регистрација, па морам да ја регистрирам, секако не ми бегаат 180-200 евра и за тоа...
Дополнително, сигурно на секому му се погодувало некогаш да е во зафркната финансиска ситуација, што токму на мене сега ми се погоди овие месеци (работам како фотограф, но нов сум во полето, така да примањата не се секогаш редовни, спротивно од тоа што го мисли множината околу луѓето кои се занимаваат со фотографство).
Ако продолжам така, најверојатно ќе постигнам рекорд на форумов за најзафркнат автомобил, ако и не сум го постигнал веќе.
Би пишувал повеќе, но ова не е форум за психијатрија туку за автомобили, но прилично ме здоболе срцето од толку финансиски проблеми.