Автор Тема: Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011  (Прочитано 8348 пати)

Отсутен Co9099

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 89
Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011
« на: 24 Декември 2023, 01:16:21 am »
Барав спортски џип, и на заебанција бидував на лицитација за Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011 од Јапонија (лев волан).
И победив ;D
Возилото има 108,000 КМ оригинални, крајна цена 8,800 EUR

Уште не е платено, само лицитацијата е победена, така да имам само 2 слики моментално, од лицитацијата (тостер квалитет):




Следни слики coming soon.

Присутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6947
Одг: Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011
« Одговори #1 на: 24 Декември 2023, 09:00:09 am »
WOW!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54819
  • Махер
Одг: Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011
« Одговори #2 на: 24 Декември 2023, 09:48:06 am »
И што ти е планот со колава? Шипинг? За делови или?

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 478
    • ibiz.mk
Одг: Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011
« Одговори #3 на: 24 Декември 2023, 09:51:44 am »
Objasni go procesot i kolku ke te kosta do tuka kontejner.
Pa da doneseme edno mitsubishi EVO  ::)

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2609
Одг: Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011
« Одговори #4 на: 24 Декември 2023, 10:00:16 am »
Bravo be, jas taka kupuvam vobleri za ribolov dokaj 15USD.
Bas me interesira i ti posakuvam da go vozis ovde kaj nas, pa moze i ideja da dases za ovakvi podvizi.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13606
Одг: Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011
« Одговори #5 на: 24 Декември 2023, 10:20:51 am »
Жити се! Јакооо! Ги имам гледано овие аукциите.

Баш ме интересира носењето до тука и целата процедура.

Споделувај повеќе инфо и цени.

Имаат и LHD коли.

Отсутен Co9099

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 89
Одг: Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011
« Одговори #6 на: 24 Декември 2023, 10:52:20 am »
И што ти е планот со колава? Шипинг? За делови или?

Жити се! Јакооо! Ги имам гледано овие аукциите.

Баш ме интересира носењето до тука и целата процедура.

Споделувај повеќе инфо и цени.

Имаат и LHD коли.

Планот ми е да го возам како стандарден daily driver. Е сега имам ја мал проблем, што не живеам во Македонија, а повеќето од времето сум во Македонија.


Така да имам две опции:

1. Да го пратам директно на пристаниште во Холандија (околу 700 EUR транспорт), да го увезам во Холандија на Холандски таблици-каде што живеам на хартија (околу 3300 еур увоз со рег), да плакам поскапа регистрација (околу 900 евра годишно без осиг) и да го возам само 6 месеци во МК. Исто така оваа опција е многу полесна дека се е online, наместо у МК каде што ќе треба една недела одмор фа земам за да го завршам ова.


2. Да го пратам во пристаништето Атина (околу 1300 еур транспорт), да го увезам во МК (околу 7-10к увоз со рег), да плаќам поефтина рег (негде околу 300-400 еур годишно со осиг) и да возам ич во Холандија бидејќи е строго забрането.

Изгледа би идел со втората опција, али уште не сум одлучен.

Темава ја отворив за процесот да го документирам. Ќе пишам уште еден посебен пост, за како идеше целата процедура во истава тема.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13606
Одг: Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011
« Одговори #7 на: 24 Декември 2023, 12:09:27 pm »
Спрема потребите. Ако си повеќе во МК тогаш увезија тука.
Да речеме да те фати се на се 12000... а си ја купил за 8800, ете 21К да те фати тоа е супер дил за ова. Кај нас 30К се.

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17298
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011
« Одговори #8 на: 24 Декември 2023, 12:09:34 pm »
Плати си шпедиција да ти истера се, ти само довлечкај ја колата до Холандија.

Ни одмор, ни транспорт со камион/кола, ни документација... Само ќе си одиш да ја подигнеш колата и да си ја регистрираш.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1976
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011
« Одговори #9 на: 24 Декември 2023, 12:45:08 pm »
Е така се купува, преку слики. Нема цепидлачење.

Со здравје да се вози.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14072
  • Пудингот на шоферството
Одг: Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011
« Одговори #10 на: 24 Декември 2023, 13:12:25 pm »
Гледам доста по огласи низ Германија увоз од Јапонија и се придаваат поевтини спрена Германските возила.
Пример в211 63 амг увезен од Јапонија е пиевтин со 10К отколку купен во Германија...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Co9099

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 89
Одг: Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011
« Одговори #11 на: 24 Декември 2023, 13:16:53 pm »
Да објаснам малце подетално за процесот.

Гледав возила во Холандија во слободно време (како типичен балканец) дур еден колега на работа не ми кажа дека купил возило од Јапонија бидејќи таму се со ниски километри. Возилата во Холандија се претежно со многу висока километража, возат како ненормални, 40,000КМ годишно е просек. Ако видете возило увезено од Холандија, е постаро од 2018 год под 200,000 км - враќани се, 100% гарантирам. Мене ми е 60км од дома до работа во еден правец, али јас идам со воз (бидејќи идам еднаш неделно - работам од дома претежно), многу луѓе ги возат овие дистанци.

Во Јапонија се вози по британски стил, со волан на десна страна, али они се по "мераклии" за возила, користат многу јавен транспорт и возилата им се повеќе за мерак, поради тоа:

1. Возилата им се со многу ниска километража.
2. Се многу добро сочувани.
3. Европски брендови (Porsche, Mercedes, Audi итн) се со лев волан - тоа им е како "кул" кај нив.

После одреден период овие возила во Јапонија (поради даноци на старост изгледа) стануваат многу скапи за одржавање и сопствениците ги продаваат, на лицитации.

Еве еден пример:

Возило: Mercedes SL550, 2016 година, 17000 КМ поминати, ги дават следните слики:

Слика 1: Инспекција:
Горе десно е оценка од инспекторот, од 1 до 5, што повисоко тоа подобро. Под таа оценка има од ABCD за екстериор и интериор. А фабрика, D најлошо оштетување. Инспекторот е независен и многу строг. Десно скицата е интериорот обележан: A1-4 е гребаница (1 мала, 4 голема), W1-4 е поправано, G стакло пукнатина, B вдлабнатина итн...



Слики 2-3 од возилото:




Почетна цена: 31,083 ЕУР, според мои проценки би се продало за некаде 35К, што е 20-30% поефтино од најефтиниот Mercedes SL со 180,000КМ што го најдов на mobile.de. А овој има само 17000 КМ поминати.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4313
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011
« Одговори #12 на: 24 Декември 2023, 13:20:21 pm »
Ги разгледував огласите и најдов Лексуси со производство 2015> за ниски цени, но сите се со десен волан. Инаку имам победено премногу лицитации за iPhone на ebay Англија за 200€ користен 1 месец со 11 месеци гаранција, смао треба послњдните 3 секунди да дадеш највисока цена која може да ја платиш. Истиот кај нас беше над 800€ и не ми е прв. А сега би ризикувал и за некој Лексус, најдов 3 страни исти како оваа, но не најдов со лев волан, ако може да пуштиш линкче би ти бил благодарен.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1047
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011
« Одговори #13 на: 24 Декември 2023, 13:23:26 pm »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54819
  • Махер
Одг: Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011
« Одговори #14 на: 24 Декември 2023, 13:55:01 pm »