Разработи си го ти законот за заштита на потрошувачи и писмената гаранција која ја добиваш од Хјундаи, по можност со адвокат/лице што секојдневно толкува правни документи.
Како што кажа членот погоре, DPF не е причинител туку само симптом на друг проблем.
Во врска со автоматикот, и тој си има ламели внатре, можно е да се пролизгале и сега да се истрошени.
Прво се пробува со менување масло (и евалуација на маслото што ќе излезе од внатре бидејќи ако има пролизгување на ламелите, маслото ќе мириса на изгорено и ќе има очигледна промена на боја и текстура.
После тоа сами нека бираат што ќе прават, дали ќе порачуваат нов менувач или ќе чекаат и за него 3 пријави пред да им чукне адвокат на врата.
Додека пишував, гледам си пишал дека понудиле нешто. Тоа е суптилно признавање на дефект, и обавезно да си ги истражиш сите правни опции бидејќи ти си платил за нова кола и треба да возиш нова кола - тие интерно нека си пребиваат каталошки цени и 20% амортизации - тебе тоа не треба да те интересира.