Автор Тема: Problemi na noviot Tucson  (Прочитано 15455 пати)

Отсутен dekicot

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Problemi na noviot Tucson
« на: 19 Декември 2023, 10:34:15 am »
Zdravo decki. Temata ja otvaram so cel da se spodelat problemite okolu noviot Tucson i isto taka da se spodelat iskustvata okolu solucii na istite.

Konkretno jas imam Tucson 1.6CRDI htrac so prva registracija 2022, iziminati 22.000 km i momentalno zameneti 2 DPF filtri od strana na ovlasten servis. Problemot se pojavuva so pojavuvanje na "check exhaust" sijalicka (trepkanje) shto znaci problem so DPF filter i pritoa ne moze da se napravi regeneracija i mora da se poseti servis. Vtoriot DPF filter izdrza samo 6 meseci ili 7.000km. Dali nekoj od vas ima slicen problem?

Dopolnitelno ima problem so lamela, odnosno tresenje pri trgnuvanje.

Se nadevam deka srekjno kje zavrshi ovaa prikazna :D

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Problemi na noviot Tucson
« Одговори #1 на: 19 Декември 2023, 10:38:27 am »
Dali tresenjevo e poizrazeno na ladno vreme?

Отсутен dekicot

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Problemi na noviot Tucson
« Одговори #2 на: 19 Декември 2023, 10:45:00 am »
Dali tresenjevo e poizrazeno na ladno vreme?

Pa jas ne mislam deka e, znaci moeto vozilo e avtomatik i ima moment koda mu se dade naglo turaza da ne zabrza (odnosno moment kako ne dovolno otpushten kumplug).

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Problemi na noviot Tucson
« Одговори #3 на: 19 Декември 2023, 10:56:04 am »
Трето менување за ист проблем во гаранција, и земи си нова кола. Ќе испадне дека проблемот е во некоја дизна - вака од одма треснато. Или евентуално нешто слично. ДПФ е пасивен уред и нема некоја функција сам од себе за да чини или не. Проблемот е од друго место. ДПФ е симптом, а не дијагноза.

Имено од некаде се створа вишок гареж кој потоа оди кон дпф и го затнува. Ова може да биде дизна, или егр. Значи ако е ова и ЕГР треба да е доста прљав и да се видат тие две работи.

Ако не е тоа, тогаш проблемот е софтверски. Не се пали чистењето на соодветни периоди, или егр останува отворен кога не треба. Или дизната добива несоодветни информации за количеството на гориво.

И трета работа е ако колата се вози на прекратки релации и нема ниту еднаш време да го заврши циклуост на регенерација.

Секако ова треба официјалниот сервис и гаранцијата да си покрие, се разбира. А не ние да им кажуваме што е работата.

Отсутен dekicot

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Problemi na noviot Tucson
« Одговори #4 на: 19 Декември 2023, 11:04:50 am »

Znaci izgovorot od nivna strana e "Loshi se gorivata kaj nas". Prviot pat koga se pojavi "check exhaust" za da dobijat na vreme prvo pravea prizilna regeneracija vo servis, sledno menuvaa PM senzor (koj go ceka 1ipol mesec) i na kraj napravija promena na DPF. Posle 6 meseci povtorno se slucuva istiot problem, no ovaj pat direkno odat na promena na PDF.

Isto taka ima muabet deka cekaat nov softver so promeneti parametri i SE NADEVAAT deka mozebi toa kje go reshi problemot, no spored muabetot skeptici se deka kje e stvarno taka. Od druga strana kako varijanta im e napravi staro za novo, na na tvoeto vozilo spushtame 20% a novoto go dobivash po kataloshka cena :D. MNOGU FER SE!

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Problemi na noviot Tucson
« Одговори #5 на: 19 Декември 2023, 11:07:43 am »
Разработи си го ти законот за заштита на потрошувачи и писмената гаранција која ја добиваш од Хјундаи, по можност со адвокат/лице што секојдневно толкува правни документи.

Како што кажа членот погоре, DPF не е причинител туку само симптом на друг проблем.

Во врска со автоматикот, и тој си има ламели внатре, можно е да се пролизгале и сега да се истрошени.

Прво се пробува со менување масло (и евалуација на маслото што ќе излезе од внатре бидејќи ако има пролизгување на ламелите, маслото ќе мириса на изгорено и ќе има очигледна промена на боја и текстура.

После тоа сами нека бираат што ќе прават, дали ќе порачуваат нов менувач или ќе чекаат и за него 3 пријави пред да им чукне адвокат на врата.

Додека пишував, гледам си пишал дека понудиле нешто. Тоа е суптилно признавање на дефект, и обавезно да си ги истражиш сите правни опции бидејќи ти си платил за нова кола и треба да возиш нова кола - тие интерно нека си пребиваат каталошки цени и 20% амортизации - тебе тоа не треба да те интересира.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Problemi na noviot Tucson
« Одговори #6 на: 19 Декември 2023, 11:14:06 am »
Проблемот е upstream од ДПФот, турбо, дизни. Ако тие не сакаат да направат прописна дијагностика мкже да сменат и 10 ДПФ филтри и пак ќе биди исто.

Ако не го средат проблемот ангажирај си адвокат и барај си ново возило од нив.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Problemi na noviot Tucson
« Одговори #7 на: 19 Декември 2023, 11:15:20 am »
Проблемот е upstream од ДПФот, турбо, дизни. Ако тие не сакаат да направат прописна дијагностика мкже да сменат и 10 ДПФ филтри и пак ќе биди исто.

Ако не го средат проблемот ангажирај си адвокат и барај си ново возило од нив.
Ау, да видиш го заборавив турбото. И тоа може да е проблем ако пушта масленце.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5902
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Problemi na noviot Tucson
« Одговори #8 на: 19 Декември 2023, 11:17:29 am »
Побарај ме, ќе го решиме приватно проблемот, а би ти предложил прво законски да тераш, ако не да се елиминира и проблемот и ДПФ-от. Ако се одлучиш контактирај ме.

Отсутен dekicot

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Problemi na noviot Tucson
« Одговори #9 на: 19 Декември 2023, 11:21:02 am »
Vo sekoj slucaj jas kje odam do kraj, stanuva zbor za godina ipol staro vozilo shto kataloshka cena mu e 45k :D

Sekoj od nas bi kupil neshto novo za da ne se zamara, a ne 50% od vremeto da go pomine na servis i da se objasnuva so sekoj eden od niv.

Ne znam samo dali i nekoj drug go ima ovaj problem ili neshto slicno so Tucson!?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Problemi na noviot Tucson
« Одговори #10 на: 19 Декември 2023, 11:57:56 am »
Два пати ти менувале дпф? Да видиш да не веруваш. Тоа е преку 4.000 евра трошок + работна рака. Освен ако не го возиш возилото цело време 2км по правец проблемот е некаде на друго место

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: Problemi na noviot Tucson
« Одговори #11 на: 19 Декември 2023, 12:04:17 pm »
Дали е менуван ДПФот со нов, или го извадиле па го чистеле машински, па пак го вратиле назад? 

10 дпфи да сменат, 10 ќе се заебат додека не се најде проблемот..

Отсутен dekicot

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Problemi na noviot Tucson
« Одговори #12 на: 19 Декември 2023, 12:06:08 pm »
Два пати ти менувале дпф? Да видиш да не веруваш. Тоа е преку 4.000 евра трошок + работна рака. Освен ако не го возиш возилото цело време 2км по правец проблемот е некаде на друго место

Da, 2 pati menuvaa DPF i za toa dobiv dokument deka e napravena promena na DPF.

Отсутен dekicot

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Problemi na noviot Tucson
« Одговори #13 на: 19 Декември 2023, 12:07:14 pm »
Дали е менуван ДПФот со нов, или го извадиле па го чистеле машински, па пак го вратиле назад? 

10 дпфи да сменат, 10 ќе се заебат додека не се најде проблемот..

Menuvan e sigurno, si stoi vo istorijata deka go imaat smeneto 2 pati, a na sam pocetok deka imaat smeneto PM senzor.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Problemi na noviot Tucson
« Одговори #14 на: 19 Декември 2023, 12:07:34 pm »
Можеби поради тоа киа не нуди дизел мотори, истите ги користи. Само да знаеш не си единствен што го има тој проблем со дизел Тусон.
Јас со цел страв вчера проверив уље и излегува дека на 2000км нема потрошено, близу максимум е нивото (не проверив кога ја купив нова колку е).

По странски форуми дали си видел искуства со твојот мотор? Се жалат ли таму на проблеми со дпф?

Sent from my iPhone using Tapatalk