Автор Тема: Volvo V60 Recharge Inscription  (Прочитано 13828 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #150 на: 12 Мај 2024, 23:25:55 pm »
Вака ја возиш цело време ? Не ти смета шо фучи од ветрот цело време и лапа плус бензин за џабе.
Зашто би го возел вака цело време?

Правиме излет до Амстердам, со шетање у околина и у гепек не ми собира све :)

Не знам што прават со коливе у задње време ама приметив дека колку поголема кола имам пвеќе простор за багаж ми фали.
Не дека е мал багажникот, ама е испунет со 35 килски Голди, што е веќе 12 години, па му носиме и рампа за качување и симнување  :-\
« Последно менување: 13 Мај 2024, 11:08:42 am velestrumf »
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #151 на: 13 Мај 2024, 00:43:32 am »
Никој не рече дека се мали багажниците.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #152 на: 13 Мај 2024, 08:12:46 am »
Види го овој муабет, тука за од напред со инсектите. https://forum.carclub.mk/index.php/topic,13573.msg1309353.html#msg1309353

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #153 на: 13 Мај 2024, 10:51:10 am »
Еве и тука:

Цитат
Поминати 1005 километри за прошетка до камп северно од Амстердам, па еден ден до Sprookjeswonderland (како и да се чита на холандски :) ) и до атлански океан, еден ден до Амстердам и после враќање накај дома.

Услови: убаво време, помеѓу 18 и 25 степена, сончево, фино, товарени у кола со куфер на кров.

Возено според знаци (најчесто +10), во Холандија од 06-19ч на автопат е 100, после тоа е 120 иначе голем дел беше со 80 ограничување. Низ Германија, помеѓу 120 и 140. У неколку наврати ја мацнав малу поќе :)

Според колата, просечната потрошња е 3.0 л/100 км.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #154 на: 13 Мај 2024, 15:49:53 pm »
Sprookjeswonderland = спрооукјесвондерланд  ;D ;D

не е тежок за читање, само за учење е заебан.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #155 на: 13 Мај 2024, 16:01:07 pm »
Го учев некој месец, пред да се преселиме во Германија, ни понудија тогаш бесплатен курс на работа.

Колку што ми текнува, имаше некои 40ина комбинации од самогласките, и секако дека прави голема разлика (во некои случаи и екстремна, на пример huur и hoer :D ) како ќе биде нагласок, изговор итн итн :)

The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #156 на: 13 Мај 2024, 16:11:41 pm »
 ;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D

колку типично балкански, тие се првите зборови што ги учиме на било кој јазик!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #157 на: 13 Мај 2024, 19:28:22 pm »
Емм... Вајстина, иако јас троа покасно ги научив, ем ќутек ќе изедев.

Фирмата кај што работам изнајмува кампинг возила, приколки и слично. Успеав зборот за изнајмување (ја ли "te huur" или "verhuur", не ми текнува точно, пошо пред извесно време беше, али нешто у тој фазон беше) да го кажам погрешно и така
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #158 на: 14 Мај 2024, 11:30:24 am »
Еве и тука да се корегирам.

Поминати 1005 километри за прошетка до камп северно од Амстердам, па еден ден до Sprookjeswonderland (како и да се чита на холандски :) ) и до атлански океан, еден ден до Амстердам и после враќање накај дома.

Услови: убаво време, помеѓу 18 и 25 степена, сончево, фино, товарени у кола со куфер на кров.

Возено според знаци (најчесто +10), во Холандија од 06-19ч на автопат е 100, после тоа е 120 иначе голем дел беше со 80 ограничување. Низ Германија, помеѓу 120 и 140. У неколку наврати ја мацнав малу поќе :)

Според колата, просечната потрошња е 3.0 л/100 км.

Ерм... Збунка... 3.0 л/100 км што ги кажува колата се сумарни за околу 6000 км откако ја купивме колата.

Си извадив табела од апликацијата за да видам потрошња само за патувањето, и бројките стојат вака:

- поминати 1005 км
- потрошени 58.4 литри бензин
- потрошени 84.8 кВч струја
- регенерирани 47.3 кВч струја

Ако ми е точна математиката, просеците би требало да изгледаат вака:

- бензин: 5.87 л/100 км
- потрошена струја: 8.52 кВч/100 км
- регенерирана струја: 4.75 кВч/100 км

Извинензи за ненамерната грешка  :-X
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7075
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #159 на: 14 Мај 2024, 11:46:39 am »
Емм... Вајстина, иако јас троа покасно ги научив, ем ќутек ќе изедев.

Фирмата кај што работам изнајмува кампинг возила, приколки и слично. Успеав зборот за изнајмување (ја ли "te huur" или "verhuur", не ми текнува точно, пошо пред извесно време беше, али нешто у тој фазон беше) да го кажам погрешно и така
Падај сподели, колу е кампер да се рента на недела дена да се прошета низ  Германија и Холандија?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #160 на: 22 Мај 2024, 23:32:34 pm »
Легендата вели дека останал некој жив инсект во северна Холандија...
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Денеска пробав да ги исчистам овие со средство (Sonax Insekten Entferner), претходно ги имав поминато само со Керхер.

У глобала се очистија, ама веројатно ќе треба барем уште еднаш да ги поминам.





Сепак останаа флекички, што не знам дали ќе се исчистат со ова средство, или ќе треба да пробам со политура или слично.






@dame  да не имаш случајно некоја идеја?
« Последно менување: 23 Мај 2024, 09:16:50 am velestrumf »
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #161 на: 23 Мај 2024, 11:11:27 am »
Јас кога имав ваков проблем го напрскав средството (баш истото од Sonax) и колку што се сеќавам, го оставив малку повеќе да делува. После тоа малку фатив со микрофибер крпа, пребришав и исправ со многу вода. Колку што се сеќавам, прво испрскав со вода, па средство, па пак вода, ама не сум 100% сигурен.

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1009
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #162 на: 23 Мај 2024, 11:16:46 am »
Јас кога имав ваков проблем го напрскав средството (баш истото од Sonax) и колку што се сеќавам, го оставив малку повеќе да делува. После тоа малку фатив со микрофибер крпа, пребришав и исправ со многу вода. Колку што се сеќавам, прво испрскав со вода, па средство, па пак вода, ама не сум 100% сигурен.

На интернет од Сонакс викаат на сува кола да се испрска за да фати повеќе. Ама да, треба да отстои 3-5 минути и да се пребрише. Друга исто ефикасна опција е 2:1 изопропил 99%:вода микс. Ист принцип само не ти треба 5 минути да чекаш.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #163 на: 23 Мај 2024, 12:12:03 pm »
Јас мислам овие „флеките“ подобро да не се чепкаат да не се оштети лак or something. Ако има соодветно средство наменето за тоа - да, ама нека каже ете Даме, оти не треба многу....

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1009
Одг: Volvo V60 Recharge Inscription
« Одговори #164 на: 23 Мај 2024, 12:19:52 pm »
Јас мислам овие „флеките“ подобро да не се чепкаат да не се оштети лак or something. Ако има соодветно средство наменето за тоа - да, ама нека каже ете Даме, оти не треба многу....

Мене изопропил вода миксот ми го кажа и Бојан што ја лепеше фолијата и во Премиум исто. Фолијата е понежна, чим неа не ја оштетува нема ништо на лакот да му биде. Само да не е директно на сонце