Автор Тема: Кола за почетник 2500-3500 еур  (Прочитано 9990 пати)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Кола за почетник 2500-3500 еур
« Одговори #15 на: 22 Ноември 2023, 22:50:16 pm »
Мечка, здрав Свифт од 2008-ма никој нема да ти го даде за 3000 евра.

Прочитај прв пост пред да репетираш, знам дека си млад и нестрплив.
Има причина зошто го напишав тоа што го напишав.
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Кола за почетник 2500-3500 еур
« Одговори #16 на: 22 Ноември 2023, 23:09:45 pm »
Планирав со колега да одам до куманово, да гледаме свифт, додуша 2007ма беше, 1.3бенз, ама 4х4.  3,500 му бараше, ама му рекле дека 4х4 работи константно, и да бега од такви, и олади колегата. Верувам дека има за тие пари (4000 горна граница), добар свифт. (Кај се фативме за сузуки, кај се запустивме).
« Последно менување: 22 Ноември 2023, 23:24:20 pm bear »
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Кола за почетник 2500-3500 еур
« Одговори #17 на: 22 Ноември 2023, 23:12:38 pm »
"1.3бенз, ама 4х4" = точно тој.
Баш тој.
Никогаш.

Види, проблемот е:
- уште пред да купиш такво нешто од тие години, однапред треба да се информираш за достапност на делови и цените
- дали си спремен да правиш компромис со купување нешто што не е OEM, на пример полуосовина.
- голем проблем.
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5901
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Кола за почетник 2500-3500 еур
« Одговори #18 на: 22 Ноември 2023, 23:15:14 pm »
Обавезно проверка на возилото колку што е возможно.
Може да влезеш во мојата тема долу на линкот и да видеш дека од "човек" купена кола ме кошта (само влог) 3500€ за да ја доведеш до некоја "перфекција", а колку да вози можеше и така.

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13917
Одг: Кола за почетник 2500-3500 еур
« Одговори #19 на: 22 Ноември 2023, 23:21:29 pm »
Ако можеш да поминеш преку бојата и годината
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4840442

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Кола за почетник 2500-3500 еур
« Одговори #20 на: 22 Ноември 2023, 23:30:38 pm »
Ако можеш да поминеш преку бојата и годината
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4840442


Ич не се убави, бе, брат.
Џабе сето тоа "магаре" дека е, што е вистина. :)
И на снага и на изглед, за жал - тука е бељата. :)))
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3473
Одг: Кола за почетник 2500-3500 еур
« Одговори #21 на: 23 Ноември 2023, 08:26:00 am »
Јас би Клио, 1.5dci или 1.2 бензинче, топ за по градски гужви, гепек за мерак на толку мала кола, брат ми го има 1.5dci и супер си круза и на автопат до кај 120-130кмч., цени за одржување смешни.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Кола за почетник 2500-3500 еур
« Одговори #22 на: 23 Ноември 2023, 08:27:59 am »
Добредојде, Кикирики.

Земено предвид цената, одржување и достапност на делови и годината, Поло ти е најпаметна опција доколку не те интересира посилен и постартен мотор.

Сузуки, најдобронамерно ти препорачувам од далеку да заобиколуваш.
Тоа само ако купуваш на ново и си знаеш точно како е возено...

Една препорака, без разлика кое возило ќе го бендисаш.
Ако некој инсистира дека ти продава нешто што е многу добро сочувано, а не можеш да увидиш однадвор што е како е
тогаш ти инсистирај на проверка овде -> https://mkautoekspertiz.mk

Ќе ти кажат сè од A до Ш.
Ако не лажел продавачот, ќе си ја купиш колата и ќе ја платиш проверката околу 100-тина евра.

Ако лаже - тој нека плаќа. :)

П.С. Арно вика членот Vladic погоре - Клио е добитна комбинација, со оглед параметрите. :)

Како што гледам, никој не кажа, ниту @Kikiriki дека мора да е стриктно 2008-ма.

Ај вака - дај отвори тема еднаш, да ја видиме колата, пиши почетно стање, пиши што е вложено, па да дискутираме. Вака, од кога ти е земена, знам за глицеринот и за полуосовината (бројот на заби) дека те мачеа... 700 евра за да "дотераш кола прописно" што не и знаеш историја, пари ли се?

Немојте вака, "нашироко да заобиколуваш" кола што многу веројатно може да преживее атомска бомба. Ај па ако не Цитроен некој нека земе, ќе се усреќи.

Тоа што ти си земал кола со 4х4 систем, кој btw е по дифолт нешто вишок, скроз непотребно на кола од тој тип и што си се помачил малку да ја средиш, не мора да значи дека ќе формираме мислење исклучиво врз твоето искуство.

Од кога ја среди, имаш ли проблеми?

А Поло 2008-ма, за 3000 евра, мало сутра. Еве, па моето искуство со Поло бензин е не на широко, НА НАЈШИРОКО ДА ЗАОБИКОЛУВА, 9n и 9n3, конкретно. Има и тема за тоа. Е тоа е кола што изеде повеќе од 100% од платената цена, а едноставно НЕ СЕ ДОТЕРУВАШЕ ПРОПИСНО, разбираш?

Дека се за нијанса поскапи деловите и дека се малку потешки да се најдат, се согласувам, но тоа ни од далеку не е deal breaker, пошто веќе се повеќе се купуваат и во блиска иднина ќе има делови и ќе бидат по нормални цени.

Ох бој. @Diesel ти ќе репетираш или јас?
Види, ако ти си налетал на таква кола, не значи дека сите сузуки се такви. Во фамилија имаме 2 свифта (постарите модели, со 1.3 бензин), пери дери се. И тоа на плин.

Ќиќи, ако си тазе возач, и сакаш да се опуштиш, размисли и за шеви авео. 1.4 мотор, бенз/плин, проста механика, удри бригу на весеље.(на фб има 2 комада, по 2к евра им бараат, со 110/20к км.)

Јас ти давам совет, повеќе да бараш на фб. Изборот е 3пати поголем. А, доколку се одлучиш за стрикно некој модел(пример пежо), влези во таква група на фб.(пежо Македонија) и ним слични, и пиши дека купуваш тоа и тоа.

Шо да интервенирам, таа е.

@Kikiriki

Земи ги сите совети во предвид, и пресечи. По критериумите, а и фактот што си возач почетник, јапонски автомобил од Б сегмент е убедливо најлогичен избор. Добро почна, Yaris, Swift, Corolla. Лично, 207 бензин не би го земал во предвид, пошто активно ја возев како службена повеќе од 3 години, и освен заебанции не нуди ништо повеќе (буквално) од конкуренцијата. Не е ниту убава да ја гледаш. Polo, исто така, кажав, го поседував и беше буквално money pit. Дизел VW ти е секогаш подобра опција од бензинец, бар од тој период и тој ценовен ранг.

Што се однесува до бензинците на Suzuki, имам дома и моите го третираат како рент-а-кар, буквално. Нема докап. Но, од друга страна, има и маани, да не фалиме само. Деловите се еден, понизок квалитет на материјали за изработка, потврдо возење и сл.

Како и да е, со среќа и отварај очи. Ако не, земи некој што разбира да отвора, мада и тоа не е никаква сигурност. На буџет од 4000 евра, јас би купил кола макс докај 3300, 3400. Нека биде и 2006-та, 2007-ма, ако се најде нешто што е во подобра кондиција, споредено со поново годиште. Остало, за бришење туѓи лајна, пошто неминовно е дека ќе мораш да ги бришеш. Пишувано е многу на темата, никој не сака прописно да одржува кола, а кога ќе дојде ред да се купи - сите сакаат поново, позадржано, поодржувано, зачувано и евтино да биде тоа.

Не постои такво нешто.

п.с. за таа цена, поново годиште кола, Suzuki Alto. Ги има, 2010-та, 2011-та...

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13917
Одг: Кола за почетник 2500-3500 еур
« Одговори #23 на: 23 Ноември 2023, 09:48:54 am »
Ако можеш да поминеш преку бојата и годината
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4840442


Ич не се убави, бе, брат.
Џабе сето тоа "магаре" дека е, што е вистина. :)
И на снага и на изглед, за жал - тука е бељата. :)))

Батали убавина. Неа и треба сигурно количе.

Сеа видов - немало клима. Не го дочитав убаво огласот.

Штета.

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2057
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Кола за почетник 2500-3500 еур
« Одговори #24 на: 23 Ноември 2023, 10:08:53 am »
Девојче драго ниту ке најдеш кола од 2500-3500е, асална само можеш на таа цена уште толку да додадеш па ѓавол ипол да излезе,бидејки годините своето си го прават мој совет кон тебе е ова прашај патилец а не гатилец , собери душа отиди си во Аутовелт Кочани, можеш и низ Скопје , до тојота и останати други продажни салони каде верувам имаат веке користени коли каде сигурноста а воедно и веке имаш обезбеден сервис од кај нив дај учество 3500 и направи си на рати накај 85-90евра рата и ке си раат мој совет џабе ке си фрлиш тие пари ниту ке имаш кола ниту ке имаш задоволство асална половна кола од 7к не можеш да пронајдеш , ако не се лажам имаше еден член тука продаваше Свифт прекрасен црвен можеш да го контактираш . Срекно и да не израдуваш тука со изборот стискаме палци.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
Кола за почетник 2500-3500 еур
« Одговори #25 на: 23 Ноември 2023, 10:11:52 am »
Јас мислам најдобро е уште 12000 да собери и џимни да бара на старо,..свашта.
Озбилен муабет, земи гледај клиовци, имаш во рангот на 3500, 1.2 бензинците немаат никаква мака, дала богу ќе си одиш со некој ќе си видиш состојба на мотор. Заменските делови се мн ефтини, сервисот исто е безвезе пари, плус цела кола е поцинкована и дел пластика, побезбедни се за од увоз дека нема скапаница да е спрема vw ,сузукиевци и др јапонци, Рено со корозија е едно на 5000 и тоа е заеади некоја лоша поправка.

https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4786196

https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4849496
Овие се така од ракав најдени на реклама, ама има сигурно нешто зачувано да се најде меѓу нив, мн повеќе него Поло на пример, шо е префорсирано и аамо ќе платиш поскапо за некој крш.

Sent from my iPhone using Tapatalk
« Последно менување: 23 Ноември 2023, 10:25:45 am vladic3110 »
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5901
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Кола за почетник 2500-3500 еур
« Одговори #26 на: 23 Ноември 2023, 10:23:21 am »
Мала е сумата за возило од 2010та, освен некое мало количе, ама како што одат цениве нагоре тешко.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Кола за почетник 2500-3500 еур
« Одговори #27 на: 23 Ноември 2023, 10:48:08 am »
Девојче драго ниту ке најдеш кола од 2500-3500е, асална само можеш на таа цена уште толку да додадеш па ѓавол ипол да излезе,бидејки годините своето си го прават мој совет кон тебе е ова прашај патилец а не гатилец , собери душа отиди си во Аутовелт Кочани, можеш и низ Скопје , до тојота и останати други продажни салони каде верувам имаат веке користени коли каде сигурноста а воедно и веке имаш обезбеден сервис од кај нив дај учество 3500 и направи си на рати накај 85-90евра рата и ке си раат мој совет џабе ке си фрлиш тие пари ниту ке имаш кола ниту ке имаш задоволство асална половна кола од 7к не можеш да пронајдеш , ако не се лажам имаше еден член тука продаваше Свифт прекрасен црвен можеш да го контактираш . Срекно и да не израдуваш тука со изборот стискаме палци.

Нека стават нејзините сВе под хипотека и нека земе Бентли.

Свашта.

Точно е дека многу кршеви се продаваат, ама две работи се битни тука. Едната е очекувањата да се спуштат, а пропо муабетот "какво Ауди има за тие пари", наместо Ауди, Спарк понов, пример. Втора, од 3500 до 12000 евра има 4 коли разлика и за почетник возач со возило што треба да се учи да вози на него, да се заглавува со рати... Нонсенс.

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2057
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Кола за почетник 2500-3500 еур
« Одговори #28 на: 23 Ноември 2023, 10:49:13 am »
Јас мислам најдобро е уште 12000 да собери и џимни да бара на старо,..свашта.
Озбилен муабет, земи гледај клиовци, имаш во рангот на 3500, 1.2 бензинците немаат никаква мака, дала богу ќе си одиш со некој ќе си видиш состојба на мотор. Заменските делови се мн ефтини, сервисот исто е безвезе пари, плус цела кола е поцинкована и дел пластика, побезбедни се за од увоз дека нема скапаница да е спрема vw ,сузукиевци и др јапонци, Рено со корозија е едно на 5000 и тоа е заеади некоја лоша поправка.

https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4786196

https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4849496
Овие се така од ракав најдени на реклама, ама има сигурно нешто зачувано да се најде меѓу нив, мн повеќе него Поло на пример, шо е префорсирано и аамо ќе платиш поскапо за некој крш.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Господине реалноста е сосема поразлична за автомобил во исправна состојба за цена од 2500-3500 и со годините кои ги бара почитуваната е скоро невозможно да пронајде нешто тоа, дадов само совет каде може да има задволство и каде да се обрати а воедно и да има бенефит од тоа за што ке даде пари, ако сакаш и ти и останати да се лажеме дека ке најдеш кола за таа цена од 2500-3500 к може бош муабети да се надеваме или надај се к*ре на пијане жене.Девојче срекно собери душа и земи си нешто асално провери во тојота користени возила сигурно ке најдеш кога можете рати за интернет и телефони да плакате по 50,60 евра можете и за кола од 85 евра да оделите , баталете огалси и ценители правец аутовелт тојота и кругот на улицата шкупи и веднаш ке пронајдеш тоа што бараш и да си безгрижна стискаме палци и да не израдуваш убав ден !

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5901
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Кола за почетник 2500-3500 еур
« Одговори #29 на: 23 Ноември 2023, 10:52:48 am »
Нека дојде нека ја земе астрава за 2500 и гарантирам и потпишувам секаде за мотор и каросерија. Имам и премногу нови резервни делови вклучено во таа цена. Е сега годината не е 2010та. ;)
-Два пара бандажи со гуми (алуминиумски и челични 15ки), нови се летните
-4 ербези гарантирано работат(ретко на некоја астра да не свети сијаличе)
-Моторот е во добра состојба (реално троши 100тина грама масло на 1000км)
-Плин Lovato 42L атестиран со потрошувачка од 6-7л отворено(може проверка кога сака), градска околу 10л/100км
-Сензори сите работат за годината што ги има
-Предница топ, амортизери нови
-Корозија нема никаде освен под капачето од резервоарот
-8 звучници
-Фабрички тонирани задни стакла
-Сите стакла се со исто бројче (не се менувани)
-Нов ауспух(панцир црево, среден и заден лонец без катализатор)
-Регистрирана до 24.11.2024та со зелен картон
-Целосна историја до цент додека е кај мене во pdf документ:
https://drive.google.com/file/d/1l4W8bdWP1DrkLM0XrumLr9BhkSCz5285/view?usp=drivesdk
https://drive.google.com/file/d/1l5r0FEDp5MvDnEek9u-uxxccs5rveaOX/view?usp=drivesdk
« Последно менување: 23 Ноември 2023, 11:02:47 am nestor04 »