Добредојде, Кикирики.
Земено предвид цената, одржување и достапност на делови и годината, Поло ти е најпаметна опција доколку не те интересира посилен и постартен мотор.
Сузуки, најдобронамерно ти препорачувам од далеку да заобиколуваш.
Тоа само ако купуваш на ново и си знаеш точно како е возено...
Една препорака, без разлика кое возило ќе го бендисаш.
Ако некој инсистира дека ти продава нешто што е многу добро сочувано, а не можеш да увидиш однадвор што е како е
тогаш ти инсистирај на проверка овде -> https://mkautoekspertiz.mk
Ќе ти кажат сè од A до Ш.
Ако не лажел продавачот, ќе си ја купиш колата и ќе ја платиш проверката околу 100-тина евра.
Ако лаже - тој нека плаќа.
П.С. Арно вика членот Vladic погоре - Клио е добитна комбинација, со оглед параметрите.
Како што гледам, никој не кажа, ниту
@Kikiriki дека мора да е стриктно 2008-ма.
Ај вака - дај отвори тема еднаш, да ја видиме колата, пиши почетно стање, пиши што е вложено, па да дискутираме. Вака, од кога ти е земена, знам за глицеринот и за полуосовината (бројот на заби) дека те мачеа... 700 евра за да "дотераш кола прописно" што не и знаеш историја, пари ли се?
Немојте вака, "нашироко да заобиколуваш" кола што многу веројатно може да преживее атомска бомба. Ај па ако не Цитроен некој нека земе, ќе се усреќи.
Тоа што ти си земал кола со 4х4 систем, кој btw е по дифолт нешто вишок, скроз непотребно на кола од тој тип и што си се помачил малку да ја средиш, не мора да значи дека ќе формираме мислење исклучиво врз твоето искуство.
Од кога ја среди, имаш ли проблеми?
А Поло 2008-ма, за 3000 евра, мало сутра. Еве, па моето искуство со Поло бензин е не на широко, НА НАЈШИРОКО ДА ЗАОБИКОЛУВА, 9n и 9n3, конкретно. Има и тема за тоа. Е тоа е кола што изеде повеќе од 100% од платената цена, а едноставно НЕ СЕ ДОТЕРУВАШЕ ПРОПИСНО, разбираш?
Дека се за нијанса поскапи деловите и дека се малку потешки да се најдат, се согласувам, но тоа ни од далеку не е deal breaker, пошто веќе се повеќе се купуваат и во блиска иднина ќе има делови и ќе бидат по нормални цени.
Ох бој. @Diesel ти ќе репетираш или јас?
Види, ако ти си налетал на таква кола, не значи дека сите сузуки се такви. Во фамилија имаме 2 свифта (постарите модели, со 1.3 бензин), пери дери се. И тоа на плин.
Ќиќи, ако си тазе возач, и сакаш да се опуштиш, размисли и за шеви авео. 1.4 мотор, бенз/плин, проста механика, удри бригу на весеље.(на фб има 2 комада, по 2к евра им бараат, со 110/20к км.)
Јас ти давам совет, повеќе да бараш на фб. Изборот е 3пати поголем. А, доколку се одлучиш за стрикно некој модел(пример пежо), влези во таква група на фб.(пежо Македонија) и ним слични, и пиши дека купуваш тоа и тоа.
Шо да интервенирам, таа е.
@Kikiriki Земи ги сите совети во предвид, и пресечи. По критериумите, а и фактот што си возач почетник, јапонски автомобил од Б сегмент е убедливо најлогичен избор. Добро почна, Yaris, Swift, Corolla. Лично, 207 бензин не би го земал во предвид, пошто активно ја возев како службена повеќе од 3 години, и освен заебанции не нуди ништо повеќе (буквално) од конкуренцијата. Не е ниту убава да ја гледаш. Polo, исто така, кажав, го поседував и беше буквално money pit. Дизел VW ти е секогаш подобра опција од бензинец, бар од тој период и тој ценовен ранг.
Што се однесува до бензинците на Suzuki, имам дома и моите го третираат како рент-а-кар, буквално. Нема докап. Но, од друга страна, има и маани, да не фалиме само. Деловите се еден, понизок квалитет на материјали за изработка, потврдо возење и сл.
Како и да е, со среќа и отварај очи. Ако не, земи некој што разбира да отвора, мада и тоа не е никаква сигурност. На буџет од 4000 евра, јас би купил кола макс докај 3300, 3400. Нека биде и 2006-та, 2007-ма, ако се најде нешто што е во подобра кондиција, споредено со поново годиште. Остало, за бришење туѓи лајна, пошто неминовно е дека ќе мораш да ги бришеш. Пишувано е многу на темата, никој не сака прописно да одржува кола, а кога ќе дојде ред да се купи - сите сакаат поново, позадржано, поодржувано, зачувано и евтино да биде тоа.
Не постои такво нешто.
п.с. за таа цена, поново годиште кола, Suzuki Alto. Ги има, 2010-та, 2011-та...