Не знам дали да се смеам или да плачам. Девојчето многу убаво кажа кој е буџетот, потенцира дека е почетник, за да добијат предлог да поминела до Тојота или АутоВелт и да потрошит сума три пати поголема од предвидениот буџет пошо “сто евра месечно сигурно не се проблем“.
Ontopic, пазаров е малку хаотичен. За тој буџет, дури и за максималната граница од 4,000 евра мислам дека е тешко да се најт нешто од Б сегмент во солидна состојба. Или се постари од таргетот, или се во очајна состојба, или се со фалинки. Дури и да се најт нешто со една-две очигледни фалинки до кај 3,500 евра, пример, шансите дека со останатите 500 евра ќе се донесит до разумно добра состојба се релативно мали. Километражата ајде, не ја земам толку во предвид, порадо би кола со проверени 250 илјади километри, сервисирана и одржувана, отколку крш со стотина илјади.
Јас би предложил да се почекат малку и да се пратет активно огласи. Исто, од reliability аспект би гласал за јапонец (Mazda 2, Toyota Yaris) или евентуално кореец (Hyundai i20), сите важат за релативно квалитетни опции и одржувањето е прилично ефтино. Проблем е шо сите се околу или над 4,000 евра, а цел буџет да се потрошит на кола без луфта за досредување ситници не би рекол дека е паметно.